Смокови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Смокови
Период: олигоцен - денес
Жолт смок (Coluber caspius)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Потколено: ’Рбетници
Класа: Влекачи
Ред: Лушпари
Подред: Змии
Фамилија: Смокови
Oppel, 1811

Смокови (науч. Colubridae) — најголемата фамилија на змии, опфаќајќи околу две третини од видовите во светот (304 рода со 1.938 видови). Фамилијата за прв пат се јавува во олигоценската епоха. Живеат на сите континенти освен Антарктикот.[1]

Во Македонија живеат 11 вида смокови од вкупно седум рода:[2]

Опис[уреди]

Највеќето се неотровни (или „полуотровни“, т.е. чиј отров е неопасен за човекот) и се претжено безопасни, постојат неколку групи, меѓу кои е родот бојга, што можат да предизвикаат медицински значителна штета. Забележани се човечки жртви од бумслангот, гранчестата змија и азискиот род долгозаби смокови (Rhabdophis).[1][3]

Некои видови се заднозабни (опистоглифни), т.е. имаат издолжени жлебести заби во задниот дел на горната вилица.[3] По ова се разликуваат од отровниците и штитовратките, чии заби се сместени напред.[1][3]

Класификација[уреди]

Смоковите се природна група, па затоа многу видови се во поблиско сродство со други групи (како штитовратките) отколку меѓусебно.[4] Фамилијата претставува класичен случај на таксон за „отпадоци“, кајшто се сместуваат видовите што не припаѓаат на ниедна друга група.[5] Во науката се работи на истражувања што би ја ставиле во ред оваа мешавина.

потфамилија Boodontinae

потфамилија Calamariinae

потфамилија Colubrinae — речиси 100 рода

потфамилија Dipsadinae

потфамилија Homalopsinae - околу 10 рода

потфамилија Natricinae - околу 30 рода

потфамилија Pareatinae - околу рода

потфамилија Psammophiinae

потфамилија Pseudoxenodontinae

потфамилија Pseudoxyrhophiinae - околу 20 рода

потфамилија Xenodermatinae

потфамилија Xenodontinae - околу 55-60 рода

несигурни (incertae sedis)

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 Bauer, Aaron M. (1998). Cogger, H.G. & Zweifel, R.G.. уред. „Encyclopedia of Reptiles and Amphibians“. San Diego: Academic Press. стр. 188–195. ISBN 0-12-178560-2. 
  2. Петковски, С.; В. Сидоровска и Г. Џукиќ (2000/1). „Биодиверзитетот на фауната на змиите (Reptilia: Serpentes) во Македонија“. „Екол. Зашт. Живот. Сред.“ (Скопје) 7 (1-2): 41-54. http://www.mes.org.mk/PDFs/Journal/Vol%2007/Petkovski%20et%20al.pdf. 
  3. 3,0 3,1 3,2 Bruna Azara, C. 1995. Animales venenosos. Vertebrados terrestres venenosos peligrosos para el ser humano en España. Bol. SEA, 11: 32-40
  4. Lawson, R; Slowinski, J.B.; Crother, B.I.; Burbrink, F.T. (2005). „Phylogeny of the Colubroidea (Serpentes): New evidence from mitochondrial and nuclear genes“. „Molecular Phylogenetics and Evolution“ 37: 581–601. doi:10.1016/j.ympev.2005.07.016. PMID 16172004. http://naherpetology.org/pdf_files/400.pdf. 
  5. Fry, B.G.; Vidal, N.; van der Weerd, L.; Kochva, E.; Renjifo, C. (2009). „Evolution and diversification of the Toxicofera reptile venom system“. „Journal of Proteomics“ 72: 127–136. 

Надворешни врски[уреди]