Степски удав

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Степски удав
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Потколено: ’Рбетници
Класа: Влекачи
Ред: Лушпари
Подред: Змии
Фамилија: Удави
Потфамилија: Песочни удави
Род: Вистински песочни удави
Вид: Степски удав
Биномен назив
Eryx jaculus
(Linnaeus, 1758)
Синоними

Anguis jaculus Linnaeus, 1758

Степски удав или песочница (науч. Eryx jaculus) — вид на змија од фамилијата удави (Boidae).[1][2] Ова е типски вид на родот вистински песочни удави (Eryx).

Географска распространетост[уреди]

Живее во Источна и Југоисточна Европа, на Кавказ, на Блискиот Исток и во Африка. Ова е единствениот вид од фамилијата удави (Boidae) што живее во Македонија.[3]

Опис[уреди]

Змијата расте во должина до 80 см. Боите во голема мера се разликуваат. Во задниот дел се сивкасти, свелокафеави, кафеави или црвеникави, со потемни дамки или црти во неправилен мрежест распоред. Обично има темна линија од очите до аголот на устата. Од долната страна е белузлава или жолтеникава. Телото ѝ е набиено и има кратка, тапа опашка. Стомачниот појас дел е многу тесен, помалку од 13 од ширината на телото.[4] Челниот дел е голем и широк со аглест хоризонтален раб. Очите се одвоени од уснените лушпи со два реда на ситни лушпи. Горните уснени крлушки се 10-14 на број. Задните лушпи се распоредени во 40-50 реда, мазни во предниот дел на змијата, но малку засртени во задниот. Има 165-200 стомачни и 15-34 подопашни лушпи.[5]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Eryx. Обединет таксономски информативен систем. http://www.itis.gov/servlet/SingleRpt/SingleRpt?search_topic=TSN&search_value=634806. конс. 16 август 2010.  (англиски)
  2. McDiarmid, Roy W., Jonathan A. Campbell, and T'Shaka A. Touré, 1999. Snake Species of the World: A Taxonomic and Geographic Reference, vol. 1
  3. Анализа и валоризација на биодиверзитетот на национално ниво: 4. Валоризација на влечуги - МЖСПП (македонски)
  4. Arnold, E.N. and J.A. Burton. 1978. A Field Guide to the Reptiles and Amphibians of Britain and Europe. Collins. London. ISBN 0-00-219318-3.
  5. Boulenger, G.A. 1893. Catalogue of the Snakes in the British Museum (Natural History), Volume I. London.