Народна банка на Австрија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Народна банка на Австрија
ÖNB Vienna June 2006 562 corrected perspective.jpg
Седиште Виена
Основана 1 јуни 1816
Претседател Евалд Новотни
Земја Австрија
Страница www.oenb.at
Наследник Европска централна банка (1999)1

Народната банка на Австрија (Германски: Oesterreichische Nationalbank) е централна банка на Република Австрија, која преставува интегрален дел од европскиот систем од централни банки и од Евросистемот. АНБ придонесува кон донесувањето одлуки во врска со монетарна политика и економската политика во Австрија и во Еврозоната, и според сојузниот акт на Народната банка на Австрија, таа е акционерска компанија (друштво). Со оглед на нејзиниот статус како централна банка, таа раководи со се поголем број на одредби, како што е утврдено со нејзиниот државен акт. Капиталот на банката изнесува 12 милиони евра, од кои 100% се држат од срана на федералната влада.

Главните задачи на АНБ се да придонесе за стабилноста на монетарната политика во рамките на Евросистемот, да придонесе во зачувувањето на финансиската стабилност на Австрија, и снабдување на пошироката јавност и бизнис заедницата во Австрија со висококвалитетна готовина. Покрај тоа, АНБ управува со девизните резерви (односно злато и девизи, се со цел да се поддржи еврото за време на криза), изготвува економски анализи, подготвува статистички податоци, активна е во меѓународните организации и е одговорна за надзорот на платните системи.[1]


Слоганот “Безбедност, стабилност и доверба” ги обединува водечките принципи на кои АНБ е посветена со цел успешно остварување на нејзините цели, како во Австрија, така и во Европа. Мисијата на АНБ ги опишува основните задачи на централната банка на Република Австрија, објаснувајќи ја улогата на АНБ во европскиот систем на централни банки и опишувајќи ги принципите кои ги регулираат односите што АНБ ги оддржува со пошироката јавност, со своите клиенти, партнери и подружници како и нејзините корпоративни цели. Таа, исто така, воспоставува вредности и принципи што го водат персоналот при извршувањето на задачите на АНБ. Мисијата на АНБ и мисијата на Евросистемот која е исто така достапна на интернет се потврдуваат и се надополнуваат една со друга, со потенцирање на соработката, додека даваат и соодветно внимание на принципот на децентрализација – што го одразува духот на европската интеграција.[2]

Организација на Народната банка на Австрија[уреди]

Главни тела за донесување на одлуки на АНБ се:[3]

  • Генералното собрание,
  • Генералниот совет, и
  • Управниот одбор.

Главните одговорности на Собранието се да ги одобри финансиските извештаи, да одлучува за присвојување на профитот (буџетските кредити), и да ја дистрибуира дивидендата на акционерите. Освен тоа, Собранието ги избира шесте членови на Генералниот совет и именува ревизор на АНБ. Генералниот совет е надлежен за надзор за целото работење што не спаѓа во рамките на надлежностите на Европскиот систем на централни банки и тој треба да го советува Управниот одбор за водењето на работата на АНБ и во врска со монетарната политика. Управниот одбор е одговорен за целокупното функционирање на АНБ и за извршувањето на целата дејност.

Политика на централната банка[уреди]

  1. Департман за комуникации-планирање и човечки ресурси[4]
  • Канцеларија за агенда (Управен одбор, Генерален совет и собрание)
  • Канцеларија за печат
  • Комуникации и оддел за публикации
  • Планирање и оддел за контрола
  • Оддел за персонал
  • Музеј на пари
  1. Департман за економска анализа и истражување

Сметководство, ИТ и платни системи[уреди]

  1. Департман за организација и ИТ[5]
  • Оддел за организација и ИТ управување
  • Оддел за ИТ развој
  • Оддел за ИТ работење
  1. Благајна и департман за платни системи
  1. Департман за сметководство
  1. Оддел за финансиски извештаи и оддел за следење на финансиски ризик

Финансиска стабилност, банкарска супервизија и статистика[уреди]

  1. Департман за финансиска стабилност[6]
  • Оддел за финансиски пазари и анализа за надзор
  • Оддел за off-site банкарска анализа и оддел за стратегија
  • Оддел за off-site банкарска анализа
  • Оддел за теренска (оn-site) банкарска инспекција - големи банки
  • Оддел за теренска (on-site) банкарска инспекција
  1. Департман за статистика
  • Оддел за статистички информациони системи и управување со податоци
  • Оддел за екстерна статистика, финансиски сметки и монетарна и финансиска статистика
  • Оддел за надзорна статистика, модели и оценка на квалитетот

Финансиско пазарно работење, сопственички интереси и внатрешни услуги[уреди]

  1. Департман за финансии[7]
  • Департман за финансии - оддел за стратегии
  • Департман за финансии - front office
  • Департман за финансии - back office
  • Оддел за управување со капитал (инвестициски фондови)
  • Претставништво на Њујорк
  1. Департман за внатрешни услуги
  • Оддел за јавни набавки
  • Оддел за безбедност
  • Документација за управување и комуникациски услуги

Монетарна политка[уреди]

Монетарната политика е клучна одговорност на независниот европски систем на централни банки во Евросистемот. Основната цел на монетарната политика во согласност со договорот за функционирање на Европската унија (ДФЕУ) е да се задржи стабилноста на цените во Еврозоната. Во својата стратегија за монетарна политика, Евросистемот објави квантитативна дефиниција за ценовната стабилност и ја дефинира аналитичката рамка (економски анализи меѓу кои и проекции, монетарни анализи) врз кои се потпира Управниот совет на централната европска банка (ЕЦБ) во процесот на донесување одлуки во врска со монетарната политика. Одлуките се имплементират од страна на народните централни банки во Еврозоната врз основа на оперативната рамка од инструменти и процедури дизајнирани за таа цел.

Како член на Управниот совет на Европската централна банка, гувернерот на АНБ е тесно вклучен во одлуките на монетарната политика на Евросистемот. Преку обезбедување на голем број на економски анализи, АНБ, поточно нејзиниот економски и политички оддел, го подржуваат гувернерот во одлуките за монетарната политика. Главно овие одлуки се фокусираат на проценување на цената и развој на економската активност и факторите кои го предизвикуваат тој развој. Уште еден клучен фокус на аналитичкото работење на АНБ е ефикасноста на Австриската економија (со АНБ како експерт за австриски прашања во рамките на европскиот систем на централни банки). Покрај тоа, АНБ издава редовни предвидувања за Австрија, имено, економска перспектива (во интервал од 6 месеци) и прогноза на краткорочен индикатор (во интервал од 3 месеци). Покрај тоа, АНБ постојано прави анализи во врска со инфлацијата, финансиската стабилност, фискалната политика, структурната политика и прашања во врска со пазарот на трудот како и меѓународни компарации.

Со тоа што им е дадена примарна важност на Централна и Источна Европа, на австриската економија како и на стабилноста на австрискиот финансиски пазар, АНБ будно го следи и го анализира процесот на интеграција во оваа област. На ова поле, АНБ е во можност да подготви експертиза содржана во извештаите за земјата како и во широкиот спектар на изработени академски тудови и нивното објавување во публикацијата Фокус на Европската економска интеграција.

Последно, но не и помалку важно, АНБ ја поддржува областа на Централна и Источна Европа преку проекти за техничка соработка а и како спонзор на здружениот Виенски институт.[8]

Фискална политика[уреди]

Фискалната политика влијае врз севкупната побарувачка, економскиот раст и стапката на инфлација. Затоа е важно за монетарните власти да ги следат случувањата во фискалната политика. Постојат многу канали преку кои фискалната политика влијае врз економијата и цените. Нивото и составот на владините расходи и приходи, како и буџетскиот дефицит и јавниот долг се клучните варијабли во овој процес. Буџетските политики треба да се во надлежност на земјите-членки, но сепак голем број на институционални аранжмани се направени на ниво на ЕУ со цел да се обезбедат стабилни јавни финансии. Правниот код за прекумерен дефицит кој понатаму се развива и објаснува во Пактот за стабилност и раст, има за цел да ги ограничи ризците за стабилност на цените кои инаку би можеле да произлезат од нестабилни јавни финансии. На пример, преголемиот пораст на трошоците на владата во време кога економијата работи со полн капацитет би можел преку стимулирање на агрегатната побарувачка да доведе до тесни грла во производството и да предизвика инфлациски притисоци.

Фискалните нерамнотежи, со голем буџетски дефицит и зголемување на јавниот долг ги карактеризираат многу инфлациски случувања во историјата. Затоа фискалната дисциплина е основна компонента на макроекономската стабилност. Исто како и неурамнотежените буџети, високите нивоа на државниот долг можат да бидат штетни за стабилноста. Доколку владата треба да ги задоволи трошоците секоја година, фискалната ситуација може да стане неодржлива и да ја загрози стабилноста на цените.

Високото ниво на долг, исто така може да има негативни ефекти врз реалната економија и финансиската средина. Особено, прекумерното прибегнување кон пазарите на капитал од страна на владите има тенденција да ја зголеми цената на капиталот а ова може да го редуцира приватното инвестирање. Со оглед на потенцијалните проблеми поврзани со фискалните нееднаквости (со фискалната нерамнотежа), избегнувањето на прекумерните дефицити претставува важна обврска за одржување на фискалната стабилност.

Меѓународна соработка[уреди]

Во функција на член на Управниот совет на Европската централна банка, гувернерот на АНБ активно учествува во монетарната политика и во процесот на донесување на одлуки во Евросистемот. Застапувајќи ја АНБ во комитетите на Евросистемот и во бројни работни групи, персоналот на АНБ е вклучен во подготовките за одлуки на Управниот совет, а освен тоа експертите на АНБ обезбедуаат документи за анализата на макроекономските, меѓународните и институционалните прашања.

Заедно со гувернерите на другите централни банки од европската унија, гувернерот на АНБ учествува на неформални средби со министрите за финансии на ЕУ за да разговараат за стратешки важни финансиски и економски прашања. Следејќи ја реформата на работните методи на економско-финансискиот комитет (ЕФК) кој има за цел одржување на функционалноста на ЕФК во проширената ЕУ, АНБ сега учествува годишно на шест состаноци. Освен тоа АНБ е вклучена во работата на работната група на ЕФК за ММФ и во комитетот за економски прашања. Овие тела на ЕУ се особено одговорни за подготовките на состаноците на министрите за економија и финансии на Советот на ЕУ.

Претставништвото на АНБ во Брисел значително ја олеснува и забрзува размената на информации помеѓу АНБ и ЕУ како и координацјата на позициите на прашања од економската политика. Во рамките на структурата на новиот комитет според моделот на Lamfalussy, АНБ сега е присутна и во новоформираниот комитет на европски банкарски супервизори (КЕБС). Овој комитет е најважното советодавно тело на Европската комисија во банкарската супервизија.[9]

Во периодот до проширувањето на ЕУ, претставниците на АНБ учествуваа во макроекономскиот дијалог со новите земји-членки кој пред се однесува на прашања од економската и фискалната политика.

Гувернерот на АНБ, исто така, учествува на состаноците на Банката за меѓународни порамнувања која служи како форум за размена на информации и мислења за монетарната политика, девизниот курс и финансиски прашања.

Персоналот на АНБ активно учествува и во работата на разни комитети на Организацијата за економска соработка и развој, вклучувајќи го и комитетот за економска политика, комитетот за финансиски пазари и комитетите за ревизија. Во овој контекст, претставништвото на АНБ во Париз има посебно важна улога. Oд 2002 година, АНБ претседава со комитетот за движењето на капиталот и невидливите трансакции. Покрај тоа, АНБ учествува на состаноците на комитетите за ревизија на земјата и на тој начин ја поддржува ОЕЦД во својата важна функција на давање на совети во врска со економската политика на своите земји членки.[10]

Гувернерот на АНБ ја претставува Австрија и во Одборот на гувернери на ММФ, во ова својство, тој учествува во пролетното и годишното собрание на ММФ кои се посветени, пред сè на преиспитување на глобалните економски случувања, како и на мерките и инструментите за превенција и справување со меѓународни финансиски кризи.[11]

АНБ, исто така, делува како платформа за размена на меѓународни мислења и инфомации во врска со економски, монетарни и финансиски прашања помеѓу банкарите од централните банки, финансискиот пазар и универзитетските истражувачи со посебен акцент на проширувањето на ЕУ.


Финансиски пазар и стабилност[уреди]

Ефикасните финансиски пазари се од клучно значење за економијата. Тие ги обезбедуваат банките, компаниите и домаќинствата со голем опсег на финансиски услуги исто како и со финансиски средства, и тоа на брз и безбеден начин. Транспарентноста го стабилизира пазарот и очекувањата на учесниците, гради доверба и со тоа ја подобрува стабилноста на финансиските пазари. Зачувувањето на финансиската стабилност е една од клучните задачи на централната банка.

Фокусот и заедничкиот именител на следењето на целата финансиска стабилност претставуваат тековна анализа на финансиските и банкарските пазари, без разлика дали преку вршење на банкарска супервизија или преку серија на други активности кои директно или индиректно придонесуваат за финансиската стабилност.

За АНБ, финансиската стабилност значи дека финансискиот систем, финансиските посредници, финансиските пазари и финансиските инфраструктури се во состојба ефикасно да ги распределат финансиските средства и да ги исполнат нејзините клучни макроекономски функции дури и ако се случат финансиски нерамнотежа и потреси. Во услови на финансиска стабилност, економските субјекти имаат доверба во банкарскиот систем и имаат пристап до финансиските услуги како што се платниот промет, заемите, депозитите и осигурувањето.[12]

Статутарен мандат на АНБ[уреди]

Во јавен интерес, АНБ ги надгледува сите услови кои можат да имаат влијание врз заштитата на финансиската стабилност во Австрија (член 44 став 1 од федералниот закон на АНБ).[13]

Официјално мрежно место[уреди]

Народна банка на Австрија

Наводи[уреди]

  1. Централна банка на Aвстрија
  2. Централна банка на Aвстрија
  3. Централна банка на Aвстрија
  4. Централна банка на Aвстрија
  5. Централна банка на Aвстрија
  6. Централна банка на Aвстрија
  7. Централна банка на Aвстрија
  8. Централна банка на Aвстрија
  9. Централна банка на Aвстрија
  10. Централна банка на Aвстрија
  11. Mеѓународен монетарен фонд
  12. Централна банка на Aвстрија
  13. Централна банка на Aвстрија