Македонски претседателски избори, 2014

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
2009 Македонија 2018
Македонски претседателски избори, 2014
13 и 27 април 2014
Ѓорге Иванов.jpg Stevo Pendarovski.jpg Man Silhouette.png
Кандидат Ѓорге Иванов Стево Пендаровски Зоран Поповски
Партија ВМРО-ДПМНЕ СДСМ ГРОМ
Man Silhouette.png
Партија ДПА


Актуелен претседател
Ѓорге Иванов
ВМРО-ДПМНЕ
Новоизбран претседател
Ќе биде одлучено
Ќе биде одлучено


Македонија
Flag of Macedonia.svg

Оваа статија е дел од серијалот:
Политика на Македонија






други земји
 Портал „Политика“

Претседателските избори во Македонија 2014 се редовни претседателски избори кои се одржуваат на 13 април и 27 април 2014 година. Истовремено со вториот круг на претседателските избори се закажани и предвремени парламентарни избори. За избор на претседател на Македонија се борат четворица кандидати.

Кандидати[уреди]

Следуваат кандидатите за претседател на Македонија по азбучен ред:[1]

слика кандидат лични податоци партија начин на кандидатура
1. Ѓорге Иванов.jpg Иванов, Ѓорге 2 мај 1960, Валандово ВМРО-ДПМНЕ потписи од граѓани
2. Stevo Pendarovski.jpg Пендаровски, Стево 3 април 1963, Скопје СДСМ пратенички потписи
3. Man Silhouette.png Поповски, Зоран 8 септември 1962, Скопје ГРОМ потписи од граѓани
4. Man Silhouette.png Халими, Илјаз 1954, Сушиќе, Косово ДПА потписи од граѓани

Кандидирање[уреди]

Актуелниот претседател на Македонија до 2014 година, Ѓорге Иванов успешно собрал 10.000 потписи на 1 март 2014 година. Свои 10.000 потписи поднеле и кандидатите Зоран Поповски од ГРОМ и Илјаз Халими од ДПА. Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски, добил потписи од пратениците на опозицијата. ДУИ одлучи да ги бојкотира претседателските избори, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не го прифати нивниот предлог за избор на „консензуален кандидат“.[2]

Покрај овие кандидати, 10.000 потписи собираа и Стојанче Ангелов од Достоинство, како и професорката Билјана Ванковска. И двајцата не успеаја да ги соберат потребните потписи за поднесување своја кандидатура на изборите.[3]

Прв круг[уреди]

Првиот круг се одржа на 13 април 2014 година. Одлуката е донесена на 1 февруари 2014 година.[4]

Втор круг[уреди]

Вториот круг е закажан за 27 април 2014 година. Во него се пласираа кандидатите Ѓорѓе Иванов и Стево Пендаровски.

Наводи[уреди]

  1. „Четворица кандидати во претседателската трка“
  2. ДПА: Повикот на ДУИ за бојкот пропадна.
  3. Ангелов и Ванковска испаднаа – четворица кандидати во трка за претседател?
  4. Решение за распишување претседателски избори

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]