Зоран Поповски (научник)

Од Википедија — слободната енциклопедија

За останати значења, видете Зоран Поповски.

Проф. д-р Зоран Т. Поповски е македонски научник и професор кој работи и истражува во Институтот за анимална биотехнологија при Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје (ФЗНХ). Неговата област на стручност е молекуларната биологија на животните. Професор е по биохемија и генетско инженерство, специјалист за молекуларна биологија, генетски инжинерство и генетски изменети организми (ГМО) на Институтот за анимална биотехнологија. Работи за факултетот од 1992 година при што има издадено голем број на научни и академски трудови и глобално ценети материјали за биохемија, молекуларна биологија и генетското инжинерство. Тој е раководител на Катедрата за биохемија и генетско инженерство, која е составена од две лаборатории за биохемија и молекуларна биологија и ГМО лабораторија. Овие лаборатории служат како центар за обука за примена на молекуларни методи во сточарско производство во земјите од Западен Балкан.

Д-р Поповски предавал општа и клиничка биохемија на Фармацевтскиот факултет - Скопје и ГМО на ПМФ, а од 2006 на Технолошко-металуршкиот факултет предава Генетски модифицирани суровини и Генетика на индустриски микроорганизми. Во периодот од 2002-2006 е државен секретар при Министерство за образование и наука.

Од 1990 до 1999 година работел како истражувач во Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија во рамки на Македонската академија на науките и уметностите.

Во текот на академската кариера, проф. Поповски предавал на Државниот универзитет Охајо, Универзитетот во Лунд, Case Western Reserve универзитетот во Кливленд кои се рангирани во првите 100 унивњрзитети во Скопје, Земјоделскиот универзитет во Новосибирск, Туша универзитетот во Витербо, Универзитетот во Сараево и на други престижни универзитети во светот.

Во 2020 година е избран како прв научник од Македонија за член на Европската академија (Academia Europea) со седиште во Лондон.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Резиме на Зоран Т. Поповски