Четириесет и деветта дивизија на НОВЈ
Четириесет и деветта дивизија на НОВЈ | |
---|---|
Југословенското партизанско знаме | |
Активна | од 1944 до 1945 година |
Земја | Македонија, село Црноец |
Припадност | Народноослободителна војска на Југославија |
Големина | 4.200 борци и офицери |
Штаб | Петта македонска ударна бригада Седма македонска ударна бригада Битолско-преспански одред |
Битки | Борби против Армиската група Е |
Команданти | |
Тековен командант | Васко Карангелески |
Четирисет и деветтата дивизија на НОВЈ (дејствувала од 1944 до 1945) била воена единица формирана во селото Црноец, Битолско, на 10 септември 1944 година.[1] Во нејзиниот формациски состав влегле 5-та и 7-та македонска ударна бригада и Битолско-преспанскиот партизански одред.
Команден состав
[уреди | уреди извор]Командниот состав на дивизијата го сочинувале:[1]
- Васко Карангелески, командант од 25 септември 1944 година
- Чеде Филиповски - Даме, командант од 6 декември 1944 година
Политички комесари биле:
- Иљо Јовчевски, политички комесар од 25 септември 1944
- Ѓорѓи Симоновски, политички комесар
- Ѓоре Велковски, политички комесар од 6 декември 1944 година
Борбен состав
[уреди | уреди извор]Во почетокот на октомври 1944 г. дивизијата била реорганизирана, па во нејзиниот состав влегле и Втората македонска ударна бригада и Костурско-леринскиот баталјон „Гоче“ (од Македонци од тој дел) и потоа влегла во составот на Петнаесетти македонски корпус (со бројна состојба од 4.200 борци и старешини).
По ослободувањето на Прилеп (2 септемрви 1944 г.) на местото на 2-та во составот на дивизијата влегла 9-та македонска бригада. Новиот состав го формирале 5-та, 7-та и 9-та македонска и Првата егејска бригада. Во декември 1944 г. во нејзиниот состав влегле 6-та, 9-та и 11-та македонска, како и Првата артилериска бригада.[2]
Борбени дејства
[уреди | уреди извор]Борбените дејства на дивизијата главно се довивале на просторот околу Пелагонија и Преспа, против германските единици од армиската група Е.[1] Дивизијата водела борби на комуникациите: Лерин – Битола и Охрид – Ресен – Битола – Прилеп против ГАЕ кои се повлекувале од Грција. Единици од составот на оваа дивизија учествувале во борбите за конечно ослободување на Прилеп, Битола, Ресен, Охрид, Струга, а потоа и против балистичките формации кај Кичево, Зајас и Гостивар.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]Литература
[уреди | уреди извор]- Марјан Димитријевски: „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г.
- Зборник докумената и података о Народноослободилачком рату југословенских народа, VII, књ. 4;
- Борбе у Македонији, Београд, 1954;
- Михаило Апостолски, Завршне операције за ослободжење Македоније, Београд, 1953.