Единица за брза интервенција „Лавови“: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 31: Ред 31:
{{quote|''Кога почна војната ние ги оставивме нашите семејства, за да се бориме. Во она време во Македонија имаше многу „комити“ и „партизани“ што пееја песни и сечеа вени по кафеани. Беа поголеми од нас кои отидовме и бевме онаму каде што тие не смееја ни да помислат да отидат. Кога гледам како не третираат и шиканираат од политичари до медиуми, срцето ми е некако празно. Се чусвтвувам повредено и изневерено затоа што во оваа наша држава се искривува вистината. Ги гледам луѓето во очи, оние кои нè оговараат и напаѓаат, и забележувам дека ми го избегнуваат погледот. Тие се свесни што ни прават, но не знам дали знаат дека со тоа се омаловажуваат и негираат себеси.''|'''Горан Георгиевски'''|Весник „Фокус“, 27 јуни 2003 година.}}
{{quote|''Кога почна војната ние ги оставивме нашите семејства, за да се бориме. Во она време во Македонија имаше многу „комити“ и „партизани“ што пееја песни и сечеа вени по кафеани. Беа поголеми од нас кои отидовме и бевме онаму каде што тие не смееја ни да помислат да отидат. Кога гледам како не третираат и шиканираат од политичари до медиуми, срцето ми е некако празно. Се чусвтвувам повредено и изневерено затоа што во оваа наша држава се искривува вистината. Ги гледам луѓето во очи, оние кои нè оговараат и напаѓаат, и забележувам дека ми го избегнуваат погледот. Тие се свесни што ни прават, но не знам дали знаат дека со тоа се омаловажуваат и негираат себеси.''|'''Горан Георгиевски'''|Весник „Фокус“, 27 јуни 2003 година.}}
[[Податотека:Горан Мујо.jpg|мини|150п|лево|Георгиевски како командант на единицата.]]
[[Податотека:Горан Мујо.jpg|мини|150п|лево|Георгиевски како командант на единицата.]]
Средина на летото, месец јуни, времето во [[Македонија]] е жешко, но исто така е вжештено и во борбата на безбедносните сили против терористичките групи во северниот дел на државата. По вестите за конфликтот многу доброволци се пријавуваат за мобилизација, еден од нив е и [[Горан Георгиевски]] кој се враќа од [[Јужна Африка]] каде што заминал во 1995 година. Еден месец пред тоа, во [[Кумановско]] навлегуваат околу 4,000 терористи од [[Косово]] и започнуваат битки низ регионот. Во таквата ситуација, [[Љубе Бошкоски]] како министер за внатрешни работи го прифаќа предлогот и во месец јуни ја формира единицата за брза интервенција „Лавови“, составена од доброволци кои се пријавиле за мобилизација, a за нејзин командант е назначен [[Горан Георгиевски]].
Средина на летото, месец јуни, времето во [[Македонија]] е жешко, но исто така е вжештено и во борбата на безбедносните сили против терористичките групи во северниот дел на државата. По вестите за конфликтот многу доброволци се пријавуваат за мобилизација, еден од нив е и [[Горан Георгиевски]] кој се враќа од [[Јужна Африка]] каде што заминал во 1995 година. Еден месец пред тоа, во [[Кумановско]] навлегуваат терористи од [[Косово]] и започнуваат битки низ регионот. Во таквата ситуација, [[Љубе Бошкоски]] како министер за внатрешни работи го прифаќа предлогот и во месец јуни ја формира единицата за брза интервенција „Лавови“, составена од доброволци кои се пријавиле за мобилизација, a за нејзин командант е назначен [[Горан Георгиевски]].


=== Контроверзии ===
=== Контроверзии ===

Преработка од 03:05, 26 декември 2019

Единица за брза интервенција
„Лавови“
Обележје на ЕБИ „Лавови“
Активна2001-2003
ЗемјаМакедонија Македонија
Припадност МВР на РМ
Големина1,300
ШтабСтенковец
ПрекариЛавови
ЗаштитникСвети Димитриј Солунски
Гесло„Подобро еден ден лав, отколку цел живот овца“
МаскотаЛав
Годишнини23 април
БиткиЗаседа Требош (2001)
Команданти
Истакнати
команданти
Горан Георгиевски
Горан Стојков

Единицата за брза интервенција „Лавови“ е поранешна полициска единица во составот на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија која била составена од доброволци. За нејзин командант бил назначен Горан Георгиевски, убиен во престрелка во Куманово, 2005 година. Заштитник на единицата е Свети Димитриј Солунски. Поранешните припадници јубилејот на единицата го слават на 23 април.

Таа била формирана во летото 2001 година од страна на Љубе Бошкоски, тогашен министер за внатрешни работи, со цел да се зголеми бројот на човечката сила на бојните полиња. Еден од позначајните настани на единицата е Заседата кај Требош во која загинуваат тројца нејзини припадници.

По завршувањето на војната, нејзиниот статус бил нејасен, поради што припадници на единицата направиле блокада на патот Скопје - Блаце. Во 2003 година единицата била расформирана. По нејзиното распуштање, се јавуваат големи контроверзии при што многу од нејзините припадници биле нападнати или убиени. Денес, поголем дел од поранешните припадници на единицата се организирани во неколку непрофитни организации, сепак одреден број се прераспоредени во други специјални единици во министерството.

Историја

Кога почна војната ние ги оставивме нашите семејства, за да се бориме. Во она време во Македонија имаше многу „комити“ и „партизани“ што пееја песни и сечеа вени по кафеани. Беа поголеми од нас кои отидовме и бевме онаму каде што тие не смееја ни да помислат да отидат. Кога гледам како не третираат и шиканираат од политичари до медиуми, срцето ми е некако празно. Се чусвтвувам повредено и изневерено затоа што во оваа наша држава се искривува вистината. Ги гледам луѓето во очи, оние кои нè оговараат и напаѓаат, и забележувам дека ми го избегнуваат погледот. Тие се свесни што ни прават, но не знам дали знаат дека со тоа се омаловажуваат и негираат себеси.

— Горан Георгиевски, Весник „Фокус“, 27 јуни 2003 година.
Георгиевски како командант на единицата.

Средина на летото, месец јуни, времето во Македонија е жешко, но исто така е вжештено и во борбата на безбедносните сили против терористичките групи во северниот дел на државата. По вестите за конфликтот многу доброволци се пријавуваат за мобилизација, еден од нив е и Горан Георгиевски кој се враќа од Јужна Африка каде што заминал во 1995 година. Еден месец пред тоа, во Кумановско навлегуваат терористи од Косово и започнуваат битки низ регионот. Во таквата ситуација, Љубе Бошкоски како министер за внатрешни работи го прифаќа предлогот и во месец јуни ја формира единицата за брза интервенција „Лавови“, составена од доброволци кои се пријавиле за мобилизација, a за нејзин командант е назначен Горан Георгиевски.

Контроверзии

Во процесот на формирање на единицата во јавноста се појавиле контроверзии дека тие се всушност паравоена формација на Македонци. Ваквите изјави ги демантирал тогашниот потпарол на Владата, Антонио Милошоски кој рекол дека тоа е нова бригада за брзи интервенции и истата се создава во согласност со програмата за работа на МВР. Претставникот на генералниот секретар на НАТО, Питер Фејт испратил писмо до тогашниот премиер Љубчо Георгиевски во која го известил за „присуство на вооружени цивилни групи познати како Лавови, кои оперираат во близина на селото Ратае, до патот Тетово-Јажинце“ и побарал отстранување на групите кои, според оценките на НАТО, ја попречуваат операцијата „Неопходна жетва“ за собирање на оружјето. Македонската влада на ова реагирала со демант дека не само во реонот на Ратае, туку ни во поширокиот реон на селата Желино, Жилче и Јегуновце нема никакви паравоени групи што го спречуваат собирањето на оружјето. На оценките на НАТО се произнесол и таканарачениот Командант Лека на батаљон на 112-та бригада „Мујадин Алиу“ на ОНА дека во тетовско оперираат и паравоени формации познати како Лавови на министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски. „Располагаме со конкретни податоци дека македонски паравоени формации, освен во Ратае, се појавиле во околината на селото Шемшево, и тоа при исчезнувањето на Беким Беџети на контролниот пункт кај селото Сиричине, во насока на Узурмиште“ - изјавил Командант Лека, кој исто така предупредил дека судирите помеѓу нив и македонската полиција може да се обноват доколку силите на НАТО ја напуштат земјата, бидејќи албанската заедница и припадниците на ОНА немале доверба во македонските безбедносни сили.

Заседата кај Требош

Драган Кимовски (клекнат) и Горан Георгиевски (во средина) со припадници на ЕСЗ „Тигар“.
Баталјон на единицата, сликано во близина на Куманово на пат кон Матејче.

Во ноември 2001 година помеѓу селата Требош и Непроштено во Тетовско е пронајдена масовна гробница во која се претпоставувало дека се закопани 6 етнички Македонци. На 11 ноември околу 60 припадници на единицата биле упатени да ја обезбедат гробницата за нејзиното откопување кое требало да се одржи следниот ден. Конвојот на единицата, предводен од полициско возило „Лада Нива“, вечерта пристигнува во регионот. Во 19 часот конвојот се наоѓа во близина на селото Требош, кога ненадејно од спротивна страна е отворен оган кон предводното возило на конвојот, во кое загинува еден припадник на единицата. Терористите биле засолнати во бункер, од каде што со граната и рачен фрлач го погодуваат и второто возило во конвојот, оклопниот транспортер „БТР“ во кој загинуваат уште двајца припадници на единицата. На таквата акција, единицата веднаш се распоредила и започнала бој со терористите, но по 5-минутна борба истите избегале во правец кон Требош. Одговорноста за овој настан била преземена од страна на Албанската национална армија.[1]

Пост-воен статус

По завршувањето на војната, единицата продолжува да опстојува но нејзиниот статус е нејасен. На 22 јануари 2003 година околу 9 часот изутрина, 800 припадници на единицата излегуваат во знак на протест и го блокираат патот Скопје - Блаце. Два часа потоа, на местото пристигнуваат стотина полицајци во борбена опрема, на што припадниците на единицата реагираат со вадење на своето вооружување. Напнатоста се смирила кога во 13 часот на местото пристигнал полицискиот генерал Зоран Јовановски при што започнале преговори со претставниците на синдикатот на ЕБИ „Лавови“.[2]

Генералот Јовановски ни ги кажа истите работи што досега ги слушавме од раководството на МВР. Не слушнавме ништо ново и затоа го продолжуваме мирниот протест. Од сите барања најважно е веќе еднаш да се реши нашиот статус, односно дали ќе бидеме распуштени или не. Од пред пет дена МВР престана да ни испорачува храна во базата во Стенковец.

— Тони Михајловски, изјава за време на блокадата.

Ваквите протести продолжиле во 2003 година. Во јули се одржал и штрајк со глад, во кој тројца припадници на единицата по седум дена без храна се онесвестиле.[3] Истата година, за поддршка на единицата била покренета и петиција на која се потпишале над 2,000 граѓани. Сепак, единицата и покрај таквите напори била расформирана, официјално било ветено дека сите припадници ќе бидат прераспоредени во останатите специјални единици, но тоа се случило само со одреден број на припадници. По расформирањето на единицата, низ градските улици биле нападнати многумина поранешни припадници, а некои биле и убиени.

Вооружување

Слика Назив Потекло Вид
Глок 17  Австрија Полу-автоматски пиштол
Застава М70  Социјалистичка Федеративна Република Југославија
 Србија
Автоматска пушка
Застава М92  Социјалистичка Федеративна Република Југославија
 Србија
Полу-автоматска пушка
Застава М76  Социјалистичка Федеративна Република Југославија
 Србија
Снајперска пушка
Застава М93  Србија Анти-материјална пушка
Арсенал АР-М1  Бугарија Автоматска пушка
Драгунов  СССР
 Русија
Полу-автоматска снајперска пушка
McMillan TAC-50  САД Анти-материјална пушка,
снајперска пушка
PK MG 7.62 mm  СССР
 Русија
Митралез за општи намени

Наводи

  1. „Загинаа тројца „лавови". А1. 12 ноември 2001. Посетено на 12 декември 2017.
  2. "Лавовите" и полицајците се гледаа преку нишан кај Стенковец“. Дневник. Посетено на 12 декември 2017.
  3. „Тројца "лавови" колабираа“. Дневник. Посетено на 12 декември 2017.

Видете исто така