Горан Стојков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Горан Стојков
род. 1970 година
Горан Стојков.jpg
Роден во:Струмица, Македонија Македонија
Служба во:Македонија Македонија
Период на служба:2000 г. — 2002 г.
Чин:Генерал Мајор, а потоа Командант на Лавовите
Единици:Лавови.png Лавови
Битки/војни:Војна во Македонија 2001


Горан Стојков (род. 1970 во Струмица) — македонски бранител и поранешен командант на расформираната Единица за брза интервенција „Лавови“. Стојков е роден 1970 година во Струмица. По доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во 1998 година му почнува метеорската кариера во МВР. Во МВР засновал работен однос во февруари 2000 година, а во април 2001 година се здобил со чин мајор и бил унапреден во чин потполковник, за по кратко време, вонредно да биде унапреден во чин генерал мајор. Брзото напредување се должеше пред сè на тоа што Стојков за време на конфликтот и по тоа беше Командант на единицата за брзи интервенции „Лавови“. Во текот на војната 2001 година беше на терен во сите воени жаришта во тетовско, кумановско и на Скопска Црна Гора. Од функцијата си поднесе оставка кон крајот на 2002 година, поради како што рече тогаш, усно добиената наредба за намалување на бројот на Лавовите. Тој тогаш изјавил:

„Планот со кој е замислена операцијата за растурање на единицата и методите со кои тоа се изведува ги сметам за непристојни и недостојни. За мене како командант на единицата е прашање на чест да не учествувам во еден неетички чин кој некои луѓе заради свои лични интереси или заради свои лични кариери сакаат да го спореведат“[1]

— Горан Стојков

По промената на власта, тој веќе беше во немилост. Пред да започнат судските процеси, за кои беше ослободен по неколку години судења во сите инстанци, тој прво беше деградиран во службата, со тешки обвиненија од МВР. По доаѓањето на Хари Костов на чело во МВР, на Стојков му се одземени сите чинови. Потоа следеше неговото апсење за Раштански Лозја. Во притвор со уште неколкумина беше една година, за во 2005 та Основниот суд Скопје 2 им изрече ослободителни пресуди, кои подоцна беа потврдени и од Апелација. Тогаш Стојков изјавил дека „пукав оти тие пукаа. Да ме осудат на милион години јас пак ќе пукам за да ја одбранам државата“.

Генералот кратко беше во притвор и за обвинение за злоупотреби во набавките за Лавовите, а откако пред неколку години конечно се чинеше дека судниците и затворите се зад него, се повлече од јавниот живот и се посвети на бизнис. Формираше професионална спасувачка служба.

Во политичкиот живот повторно кратко се појави пред изборите во 2011 година, кога ги повика бранителите да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. - Апелирам на лојалноста на безбедносните сили кон тие што можат и тие што сакаат да им помогнат. Мојот авторитет го заложувам за опцијата на ВМРО-ДПМНЕ, да можеме утре сите заедно гордо да бидеме исправени пред нашите деца и нашите внуци. Ги повикувам затоа сите бранители со трезвена глава да размислат што понатаму, истакна генерал Стојков во една изјава пред изборите. По нив, се шпекулираше дека е можен министер за внатрешни работи, но најавите не се исполнија.

Во 2014 година Стојков е осуден на десет години затвор поради аферата „Шпион“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ДОСИЕ „ШПИОН": Кој е кој во аферата што ја потресе македонската јавност?“. Фактор.мк. 2013-09-13. Посетено на 2016-10-06.
  2. „Горан Стојков: Не можеа физички да ме ликвидираат, па ми монтираа судски процес“. Фокус. 2016-09-02. Посетено на 2016-10-06.