Свети Августин
Свети Августин | |
---|---|
Портрет од Филип де Шампањ, XVII век | |
Епископ, филозоф, теолог | |
Роден(а) | 13 ноември, 354 г., Тагаста, Нумидија (денешен Алжир) |
Починал(а) | 28 август, 430 г. (75), Хипон, Нумидија (денешен Алжир) |
Почитуван(а) во | Римокатоличка црква Асирска црква Православна црква ориентално православие Англиканска црква лутеранство |
Главно светилиште | Сан Пјетро, Павија, Италија |
Слава | 28 август (Католицизам) 15 јуни (Православие) 4 ноември (Асирска црква) |
Обележја | дете, гулаб, пенкало, школка, прободено срце, држејќи книга со мал крст, службеник на епископот, митра |
Заштитништво | пивари; печатари; теолози Конектикат; Филипини; |
Свети Августин (латински: Aurelius Augustinus; роден на 13 ноември 354 во Тагасте, Алжир - починал на 28 август 430[1]) — една од најзначајните личности во развојот на западното христијанство. Во Римокатоличката црква, Августин се смета за светец и Отец на Црквата, како и покровител на Августинскиот ред. Голем број филозофи и теолози се под влијание на неговите учења[2], а неговите дела (вклучувајќи ги и „Исповеди“ - кои често се сметаат за првата западна автобиографија) сè уште се изучуваат и читаат.
Според неговиот современик Јероним: „Августин повторно ја создава древната вера". Во раните години тој бил под силно влијание на манихејството, а потоа и на Неоплатонизмот на Плотин. По примањето на христијанството и неговото крштевање во 387 година, Августин го развил својот пристап кон филозофијата и теологијата, различни методи и различни гледишта[3]. Верувајќи дека благодатта на Христос е неопходна за човековата слобода, тој помогнал да се формулира доктрината за првородниот грев и прави првите чекори во развојот на теоријата на фер војна.
Кога Западното Римско Царство започнало да се распаѓа, Августин развил концепт на Католичката црква како духовен Град Божји (во книгата „За државата Божја“), кој се разликува од материјалниот земен град. Неговите мисли се длабоко под влијание на средновековниот светоглед. За државата Божја и Августин се тесно поврзани со доктрината на Светото Тројство[4], како што е формулирано од Никејскиот и Цариградскиот вселенски собор[5].
Во Католичката црква и Англиканската заедница тој е светец, црковен учител и покровител на Августинците. Неговиот празник се слави на 28 август на денот на неговата смрт. Тој е покровител на пиварите, печатарите, теолозите и голем број на градови и епархии[6]. Многу протестанти, особено калвинистите, го сметаат за еден од духовните отци на протестантската реформација[7][8][9] поради неговите учења за спасение и Божјата благодат.
Во Православната Црква многу од неговите учења не се прифатени. Други доктрини, понекогаш неприфатливи за Православната Црква, се неговото мислење за оригиналниот грев, доктрината за благодат и предодреденост. Сè уште се смета за светец, а неговиот празник се слави на 15 јуни. Тој е исто така познат како „Блажен Августин“ или „Св. Августин Блажен“.
Негово најпознато дело е „За државата Божја“.
Св. Августин како мотив во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Сонував дека го видов св. Августин“ (I Dreamed I Saw St. Augustine) - песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан од 1967 година.[10]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Wells, J. (2000). Longman Pronunciation Dictionary (2. изд.). New York: Longman. ISBN 0-582-36467-1.
- ↑ Mendelson, Michael. Saint Augustine. The Stanford Encyclopedia of Philosophy. Посетено на 21 December 2012.
- ↑ TeSelle, Eugene (1970). Augustine the Theologian. London. стр. 347–349. ISBN 0-223-97728-4. March 2002 edition: ISBN 1-57910-918-7.
- ↑ Durant, Will (1992). Caesar and Christ: a History of Roman Civilization and of Christianity from Their Beginnings to A.D. 325. New York: MJF Books. ISBN 1-56731-014-1.
- ↑ Wilken, Robert L. (2003). The Spirit of Early Christian Thought. New Haven: Yale University Press. стр. 291. ISBN 0-300-10598-3.
- ↑ Know Your Patron Saint. catholicapologetics.info
- ↑ Hägglund, Bengt (2007) [1968]. History of Theology (германски). Translated by Gene J. Lund (4 rev.. изд.). St. Louis, Missouri: Concordia Publishing House. стр. 139–140. ISBN 978-0758613486.
- ↑ Gonzalez, Justo L. (1970–1975). A History of Christian Thought: Volume 2 (From Augustine to the eve of the Reformation). Abingdon Press. ISBN 0687171830.
- ↑ St. Augustine of Hippo. „On Rebuke and Grace“. Во Philip Schaff (уред.). Nicene and Post-Nicene Fathers, First Series, Vol. 5. Translated by Peter Holmes and Robert Ernest Wallis, and revised by Benjamin B. Warfield (revised and edited for New Advent by Kevin Knight) (1887. изд.). Buffalo, New York: Christian Literature Publishing Co.
- ↑ DISCOGS, Bob Dylan – John Wesley Harding (пристапено на 21.2.2020)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Свети Августин на Ризницата ?
- Блажениот Аврелиј Августин, епископ Ипонски — житие на македонскиот православен портал „Денови“
- Архива на Свети Августин
- Родени во 354 година
- Починати во 430 година
- Христијански светци
- Црковни отци
- Христијански теолози
- Христијански филозофи
- Римјани од 4 век
- Римјани од 5 век
- Христијански светци од 5 век
- Римокатолички светци од Алжир
- Православни светци
- Англикански светци
- Алжирски светци
- Христијански мистици
- Патристика
- Црковни учители
- Писатели на латински јазик
- Христијански апологети
- Христијански светци од 4 век
- Антигностицизам