Дрога
Дрога — природна или синтетичка хемиска супстанција која влијае на физиолошките и психичките (интелектуални, емоционални, мотивациони) функции. Повеќекратна употреба води кон навикнување или (психичка и/или физичка) зависност. Земањето на некои дроги (хероин, крек, кокаин) брзо предизвикува зависност, а наглото прекинување на нивната употреба предизвикува појава на апстиненцијален синдром.
Според Светската здравствена организција, дрога е „секоја супстанција, која е во состојба да, кога ќе се најде во жив организам, модификува една или повеќе негови функции и да по повторната употреба предизвика психичка или физичка зависност“. Дрогите главно делуваат на вегетативниот нервен систем. Зависноста од дрога се нарекува наркоманија.
Многу денешни дроги низ историјата се користеле како лекови (хероин, марихуана, хашиш, кокаин). Сумерите, Кинезите, Ацтеките и други народи користеле опиум, кокаин и халуциногени габи за отстранување на болки, зголемување на физичката издржливост на воините, како и во религиозни и други слични цели.
Во 2016 година бил спроведен обемен истражувачки проект (European School Survey Project on Alcohol and Other Drugs) во кој биле опфатени 96.043 ученици во 35 земји во Европа. Според спроведените анкети, во Чешка, 37 % од учениците изјавиле дека барем еднаш користеле некоја дрога, а тој процент се движел од 30 % до 32 % во Бугарија, [[Франција, Лихтенштајн и Монако. Од друга страна, процентот на учениците кои пробале дрога бил помалку од 10 % во следниве земји: Албанија, Кипар, Фарски Острови, Финска, Македонија, Исланд, Молдавија, Црна Гора, Норвешка, Шведска и Украина. Просечно, во сите земји вклучени во истражувањето, 21 % до момчињата и 15 % од девојките пробале дрога барем еднаш во животот. Во сите земји, најзастапена дрога била марихуаната која, во просек, ја користеле 16 % од испитаниците, а 1 % до 2 % барем еднаш користеле и некоја друга дрога, како: екстази, амфетамини, кокаин и ЛСД. Во Македонија, 5 % од учениците изјавиле дека барем еднаш пробале марихуана, а 4 % одговориле дека користеле и некои други дроги.[4]
Поделба на дрогите
[уреди | уреди извор]Светска здравствена организација ја дава следната подела на психоактивните дроги:
- алкохол (алкохолни пијалаци и коктели)
- амфетамини
- барбитурати, хипнотици, седативи, транквилизанти
- халуциногени (ЛСД, мескалин, псилоцибин и др.)
- коноп (марихуана, ганџа и хашиш)
- кокаин (чиста материја и листови на растението кока)
- опијати (сиров опиум, хероин, морфиум, кодеин, синтетичкиот препарат метадон и петантин)
- испарливи средства и лекови богати со органски растворувачи (ацетон, гасолин, етер, хлороформ...)
- дроги карактеристични за поедини региони или нови дроги (крек, екстаза...)
Според начинот на кој дрогите се третираат во законските одредби, можат да се поделат на легални и илегални. Во легални дроги спаѓаат алкохолот и никотинот, како и многу лекови (пр. лекови за смирување, против болка, за спиење).
Според психоактивните ефекти дрогите можат да се поделат во три групи: психодепресори, психостимулатори и халуциногени.
Според зависноста дрогите се делат на тешки (опиум, морфиум, кодеин, хероин, кокаин, амфетамин...) и лесни (марихуана, хашиш, псилоцибин, мескалин).
Дрогата како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Дрогата како тема во книжевноста
[уреди | уреди извор]- „Роман со кокаин“ (Роман с кокаином) - роман на рускиот писател Михаил Агеев од 1934 година.[5]
- „Леб, хашиш и месечината“ - песна на сирискиот поет Низар Кабани.[6]
- „Исповедите на еден англиски уживател на опиум“ - роман на англискиот писател Томас де Квинси.[7]
- „Диета со чист кокаин (или, како да ослабите и да го промените својот живот само за еден викенд)“ - расказ на американската писателка Лаура Липман.[8]
- „Десет килограми“ - расказ на американската писател Ли Чајлд.[9]
Дрогата како тема во популарната музика
[уреди | уреди извор]- „Победникот губи“ (англиски: The Winner Loses) - песна на американската рок-група Body Count од 1992 година.[10]
- „Хероин“ (англиски: Heroin) - песна на американската рок-група Велвет андерграунд (Velvet Underground) од 1966 година.[11]
- „Бела светлина, бела жештина“ (англиски: White Light White Heat) - песна на американската рок-група Велвет андерграунд од 1968 година.[12]
- „Елесди се враќа дома“ (српски: Elesdi se vraća kući) — песна на српската рок-група Goblini од 1994 година.[13]
- „Студена мисирка“ (англиски: Cold Turkey) — песна на англиската рок-група The Godfathers.[14]
- „Таа е како хероин за мене“ (англиски: She's Like Heroin To Me) - песна на американската рок-група The Gun Club од 1981 година.[15]
- „Кокаинот не може да ми ја уништи болката“ (англиски: Cocaine cannot kill my pain) - песна на американскиот рок-музичар Стив Ерл (Steve Earl) од 1996 година.[16]
- „Кокаин“ (англиски: Cocaine) - песна на англискиот рок-музичар Ерик Клептон (Eric Clapton).[17]
- „Наркотичка свита“ (англиски: The Narcotic Suite) - песна на британската група Продиџи (The Prodigy) од 1994 година.[18]
- „Сега сакам да шмркам лепило“ (англиски: Now I Wanna Sniff Some Glue) - песна на американската панк-рок група Рамоунс (Ramones) од 1976 година.[19]
- „Скини го џоинтов“ (англиски: Rip This Joint) - песна на британската рок-група Ролинг Стоунс од 1972 година.[20]
- „Сакам да се кренам високо“ (англиски: I Wanna Get High) - песна на американската хип-хоп група Cypress Hill од 1993 година.[21]
- „Легализирајте ја“ (англиски: Legalize It) - песна на американската хип-хоп група Cypress Hill од 1993 година.[21]
- „Дроги“ (англиски: Drugs) - песна на американската рок-група Токинг хедс (Talking Heads) од 1979 година.[22]
- „Трговци со среќа“ (хрватски: Trgovci Srećom) — песна на хрватската рок-група Филм од 1981 година.[23]
- „Белиот прав“ (хрватски: Beli prah) — песна на хрватската рок-група Филм од 1982 година.[24]
- „Пурпурна магла“ (англиски: Purple Haze) — песна на американската рок-група The Jimi Hendrix Experience од 1967 година.[25]
Наводи
[уреди | уреди извор]„Дрога“ на Ризницата ? |
- ↑ Deutscher Kaffeeverband (2001-05-04). „Kaffee-Text 1/99“ (PDF) (германски). Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-02-29. Посетено на 2007-12-14.
- ↑ Според статистиките на "Food and Agriculture Organization", производството на кафе во 2006 година било 7,8 милиони тони, а на тутун 6,7 милиони тони.
- ↑ Lingeman, Drugs from A-Z A Dictionary, Penguin ISBN 0-7139-0136-5
- ↑ Игор Шегавиќ, „Синтетичките дроги и кокаинот најдостапни на бугарските средношколци“, Дневник, година XX, број 6172, четврток, 22 септември 2016, стр. 10-11.
- ↑ „Белешка за авторот и делото”, во: Михаил Агеев, Роман со кокаин. Скопје: Темплум, 2007, стр. 218.
- ↑ Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 112-114.
- ↑ Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 18.
- ↑ Лаура Липман, „Диета со чист кокаин (или, како да ослабите и да го промените својот живот само за еден викенд)“, во: Гери Филипс и Џери Tервалон (уредници), Кокаински хроники, Темплум, Скопје, 2010, стр. 22-43.
- ↑ Ли Чајлд, „Десет килограми“, во: Гери Филипс и Џери Tервалон (уредници), Кокаински хроники, Темплум, Скопје, 2010, стр. 7-21.
- ↑ DISCOGS, Body Count (2) – Body Count (пристапено на 14.8.2020)
- ↑ The Velvet Underground-Heroin - YouTube (пристапено на 17.4.2016)
- ↑ YouTube, The Velvet Underground - White Light White Heat - [LIVE 1969] (пристапено на 16.9.2020)
- ↑ Discogs, Goblini – Istinite Priče I Deo (пристапено на 25.10.2022)
- ↑ YouTube, Cold Turkey (пристапено на 1.11.2022)
- ↑ YouTube, She's Like Heroin To Me -The Gun Club (пристапено на 24.6.2017)
- ↑ YouTube, Steve Earle - CCKMP (Cocaine cannot kill my pain) (пристапено на 28.1.2017)
- ↑ YouTube, Eric Clapton- Cocaine (пристапено на 28.1.2017)
- ↑ Discogs, The Prodigy – Music For The Jilted Generation (пристапено на 7 март 2021)
- ↑ Discogs, Ramones – Ramones (пристапено на 26.2.2021)
- ↑ Discogs, Rolling Stones* – Exile On Main St. (пристапено на 9.3.2021)
- ↑ 21,0 21,1 DISCOGS, Cypress Hill – Black Sunday (пристапено на 9.7.2020)
- ↑ YouTube, Talking Heads - Fear of Music (пристапено на 6.3.2018)
- ↑ Discogs, Film – Novo! Novo! Novo! Još Jučer Samo Na Filmu A Sada I U Vašoj Glavi (пристапено на 21.5.2021)
- ↑ Discogs, Film – Zona Sumraka (пристапено на 24.5.2021)
- ↑ YouTube, The Jimi Hendrix Experience - Purple Haze (Audio) (пристапено на 16.9.2020)