Бијело дугме
Bijelo dugme | |
---|---|
Бијело дугме за снимање на албумот во лондонскиот „Air Studios“, 1975 година | |
Животописни податоци | |
Потекло | Сараево, Босна и Херцеговина, СФРЈ |
Жанрови | Прогресивен рок Хард рок Фолк рок |
Период на активност | 1974-1989 Brief reunion: 2005 |
Издавачи | Југотон Дискотон Радио Крушевац |
Соработници | Дивље Јагоде Кодекси Јутро |
Поранешни членови | |
Горан Бреговиќ Жељко Бебек Младен Војичиќ - Тифа Ален Исламовиќ Зоран Реџиќ Јадранко Станковиќ Љубиша Рачиќ Санин Кариќ Ипе Ивандиќ Ѓиѓи Јанкелиќ Милиќ Вукашиновиќ Владо Правдиќ Лазар Ристовски |
Бијело дугме е популарен рок бенд од Сараево, Босна и Херцеговина, од времето кога таа сè уште била дел од Југославија. Бендот постоел меѓу 1974 и 1989 година. За него се смета дека бил најпопуларен бенд кој воопшто постоел во Југославија и еден од највлијателните состави на Југословенската рок сцена.
Историја
[уреди | уреди извор]Бијело дугме е основен од Горан Бреговиќ којшто е роден во Сараево. Тој го минал поголемиот дел од своето детство во музичко училиште, учејќи да свири виолина, но од таму бил избркан заради недостаток на талент[1]. Набрзо потоа, неговата мајка му купила гитара, и подоцна таа инвестиција се исплатила кога е формирано Бијело Дугме. Горан Бреговиќ честопати признал дека негова главна мотивација за формирање на бендот била бидејќи "девојките повеќе ги сакале музичарите". Бреговиќ е композитор на бендот и ги има напишано најголемиот број на текстови, иако некои од најпопуларните текстови на Бијело Дугме се напишани од други автори, на пример: Ima neka tajna veza, Glavni junak jedne knjige, Šta bi dao da si na mom mjestu и Pristao sam biću sve što hoće се напишани од Душко Трифуновиќ, Da sam pekar и Selma од Владо Дијак, Лоше вино од Арсен Дедиќ итн.
По собирањето на првата постава на бендот, Бијело Дугме под име Јутро го потпишува договорот за издавање на сингл со компанијата Радио Крушевац. Првиот сингл е наречен Kad bi' bio bijelo dugme. По издавањето на синглот, менаџерот на бендот го убедува Бреговиќ да го промени името во Бијело Дугме.
Набрзо по промената на името, Горан Бреговиќ и легендарниот музички продуцент и ловец на таленти Никола Борота Радован биле во можност да го снимат и издадат првиот хит сингл под знакот на Југотон. Синглот ги содржел песната "Top" со "Ove cu noći naći blues" на Б страната. Песните се снимани во "Studio one" на државното Радио Сараево и се првите стерео записи направени со mono recording опрема. Одговорен за овие иновации повторно е Никола Борота Радован со помош од тонмајсторот Антун Марковиќ.
Албуми
[уреди | уреди извор]Студиски албуми
[уреди | уреди извор]- Kad bi' bio bijelo dugme - 1974
- Šta bi dao da si na mom mjestu - 1975
- Eto! Baš hoću! - 1976
- Bitanga i princeza - 1979
- Doživjeti stotu - 1980
- Uspavanka za Radmilu M. - 1983
- Bijelo dugme - 1984
- Pljuni i zapjevaj moja Jugoslavijo - 1986
- Ćiribiribela - 1988
Албуми во живо
[уреди | уреди извор]- Koncert kod Hajdučke česme - 1977
- 5. april '81 - 1981
- Mramor, kamen i željezo - 1987
- Turneja 2005 - Sarajevo, Zagreb, Beograd - 2005
Компилации и останато
[уреди | уреди извор]- Iz sve snage - 1975
- Ipe Ivandić i Bijelo Dugme - 1976
- Svi marš na ples! - 1981
- Singl ploče (1974-1975) - 1982
- Singl ploče (1976-1980) - 1982
- A milicija trenira strogocu! (i druge pjesme za djecu) - 1983
- Sanjao sam noćas da te nemam (Velike rock balade) - 1984
- Rock & Roll - 1988
- Nakon svih ovih godina - 1990
- Ima neka tajna veza - 1994
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Janjatović 2007, стр. 31.
|