Балкански смок
Балкански смок | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Влекачи |
Ред: | Лушпари |
Подред: | Змии |
Семејство: | Смокови |
Потсемејство: | Смокови |
Род: | Хиерофис |
Вид: | Балкански смок |
Научен назив | |
Hierophis gemonensis (Laurenti, 1768) | |
Синоними | |
Coluber gemonensis Laurenti, 1768 |
Балкански смок (науч. Hierophis gemonensis, порано: Coluber gemonensis) — вид змија од семејството на смокови (Colubridae).
Живеалиште
[уреди | уреди извор]Овој смок се среќава во Македонија[1], Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Италија, Кипар, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора.
Природно живее во честак, на пасишта, во насади и селски бавчи.
Дистрибутивниот ареал на видот е ограничен на источниот крајбрежен појас на Јадранско Море. На планината Галичица, видот продрел најисточно и најдлабоко на копното, во рамките на целиот негов дистрибутивен ареал. Балканскиот смок се среќава на суви каменести места, отворени шумски подрачја, подрачја со жбунеста вегетација, покрај патишта. Оваа змија е дневен и терестричен вид, иако понегокаш се качува по грмушки. Жестоко каса кога ќе се фати со рака. На територијата на Национален парк Галичица, балканскиот смок е неодамна регистриран во дабовиот појас во близина на Отешево и Лескоец, од авторот на овој извештај (непублицирани податоци). Во рамките на теренските истражувања, присуството на балканскиот смок е потврдено на истите локалитети. [2]
Заштитен статус
[уреди | уреди извор]Балканскиот смок некогаш бил многу распространет, но денес му се заканува губиток на живеалиштето.
Од Европските документи видот е заштитен согласно Бернска Конвенција (BERN): Конвенција за заштита на европскиот див свет и природните живеалишта. Апендикс II: Строго заштитени фаунистички видови.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Петковски, С; В. Сидоровска и Г. Џукиќ (2000). „Биодиверзитетот на фауната на змиите (Reptilia: Serpentes) во Македонија“ (PDF). Екол. Зашт. Живот. Сред. Скопје. 7 (1–2): 41–54.[мртва врска]
- ↑ НП Галичица
- ↑ НП Галичица
- Лимберакис, П. и Ајтиќ, Р. 2005. Балкански смок (Hierophis gemonensis)[мртва врска]. Список на видови под закана во 2006 г. — Меѓународен сојуз за заштита на природата (англиски) посет. 28 јули 2007 г
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|