Атахуалпа (20 март1497Куско – Кахамарка, 25 јули1533) — последниот Сапа Инка или последен независен цар на Царството на Инките. Тој станал Сапа Инка по поразот на неговиот брат Хуаскар за време на граѓанската војна на Инките. За време на шпанското освојување на Инките, тие го заробиле Атахуалпа и го користеле него за да го контролираат царството. Набрзо тие го убиле Атахуалпа и со тоа официјално се распаднала царствптп на Инките. По смртта на Атахуалпа имало уште неколку обиди за воздигнување на царството и отпор кон Шпанците. Тие се познати како Сапа Инки од Вилкабамба.