Синчи Рока

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сапа Инки
Приказ на Сапа Инките.
Хуринска династија
   Манко Капак
   Синчи Рока
   Локе Јупанки
   Мајта Капак
   Капак Јупанки
Хананска династија
   Инка Рока
   Јавар Вакак
   Виракоча
   Пачакути
   Тупак Инка Јупанки
   Вајна Капак
   Нинан Кујочи
   Уаскар
   Атауалпа
Сапа Инки од Вилкабамба
   Тупак Хуалпа
   Манко Инка Јупанки
   Паулу Инка
   Сајри Тупак
   Титу Куси
   Тупак Амару
Поврзано
   Тавантинсују
   Сапа Инка
   Список


Синчи Рока (кечуански: Sinchi Roq'a Inka - „храбриот љубезен инка“) бил вториот Сапа Инка на Кралството Куско и член на динстијата Хурин. Тој бил син на Манко Капак и татко на Локе Јупанки и функцијата ја презел во 1230 година, додека некои тврдат дека на престолот бил уште од 1105 година.

Кралството Куско подоцна се преобразило во Тавантинсују под водство на Пачакути. Во една од митовите на Инките, Синчи Рока го предводел народот до градот Куско.

Хроничарот Педро Чеза де Леон вели дека Синчи Рока изградил тераси и во терасите донел плодна земја за потребите на земјоделството. Синчи Рока е познат по приказната за Теуотихи. Теуотихи бил дипломат на Инките и бил испратен до соседното кралство да испрати порака. Сепак, тој бил вратен назад кај Синчи Рока, но обезглавен. Ова било почеток на војна, се одвивала битката на Мауедипи која резултирала со победа на Инките.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Претходник
Манко Капак
Сапа Инка
c. 1230 CE
Наследник
Локе Јупанки