Прејди на содржината

Александар Лаказет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар Лаказет
Лаказет играјќи за Лион во 2015
Лични податоци
Полно име Александар Лаказет[1]
Роден на 28 мај 1991(1991-05-28)(33 г.)
Роден во Лион, Франција
Држава Франција Франција
Висина &100000000000001750000001,75 м[2]
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Олимпик Лион Олимпик Лион
Број 10
Младинска кариера
1998–2003 ЕЛКС Лион
2003–2011 Лион Б
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008-2011 Лион Б 53 (23)
2010-2017 Олимпик Лион Олимпик Лион 203 (100)
2017-2022 Арсенал Арсенал 158 (54)
2022- Олимпик Лион Олимпик Лион 64 (46)
Репрезентација
2006–2007 Франција Франција 16 4 (0)
2007–2008 Франција Франција 17 11 (1)
2008–2009 Франција Франција 18 10 (1)
2009–2010 Франција Франција 19 10 (4)
2010–2011 Франција Франција 20 12 (9)
2011–2012 Франција Франција 21 11 (5)
2013–2017 Франција Франција 16 (3)
2024– Франција Франција (олимп.) 5 (3)

Александар Лаказет (француски изговор: [alɛksɑ̃dʁ lakazɛt]; роден на 28 мај 1991 година) — француски фудбалер, напаѓач на Олимпик Лион.

Лаказет го привлекол вниманието како член на академијата на Лион, каде што тој го направил своето професионално деби на возраст од 19 години. Тој му помогнал на клубот да го освои Купот на Франција и Суперкупот на Франција во 2012 година, и исто така бил избран за Играч на годината во Лига 1 за сезоната 2014-2015.[3] Во текот на своето играње во Франција, Лаказет стекнал репутација на плоден голгетер, постигнувајќи повеќе од дваесет голови во сезона, со кој заработил трансфер во Арсенал за клупски-рекорд од £46,5 милиони фунти (€53 милиони евра) во 2017.[4]

Лаказет ја претставувал Франција во сите младински нивоа. Тој бил клучен играч на Франција во освојувањето на Европското првенство за играчи под 19 години, каде што го постигнал победничкиот гол во финалето против Шпанија.[5] Потоа, тој го направил своето деби за сениорите во јуни 2013 година, забележувајќи вкупно 16 настапи и 3 гола за триколорите. Во јули 2024 година, тој бил повикан во олимписката репрезентација за Летните олимписки игри во Париз, на кој ја претставувал својата земја како капитен.

Технички одлики

[уреди | уреди извор]

Лаказет е играч со одличен дриблинг, темпо, и способност подееднакво добро да игра со двете нозе. Тој исто таке е познат по неговата упорност вршејќи константен притисок врз противничките дефанзивци. Од страна на Жерар Улие тој бил спореден со поранешниот напаѓач на Арсенал Ијан Рајт.[6]

  1. „Squads for 2017/18 Premier League confirmed“. Premier League. 1 September 2017. Посетено на 8 September 2017.
  2. „Alexandre Lacazette LyonProfile“. Архивирано од изворникот на 2016-10-17. Посетено на 17 May 2015.
  3. Crossan, D. (5 October 2014). „LACAZETTE NETS HAT-TRICK AS OL WALLOP LILLE“. Ligue 1. Архивирано од изворникот на 2019-09-23. Посетено на 22 December 2014.
  4. Arsenal F.C. (5 јули 2017). "Alexandre Lacazette agrees to join Arsenal". Соопштение за печат.
  5. „France calls on Alexandre Lacazette“. ESPN FC. 23 May 2013. Посетено на 11 August 2014.
  6. „Alexandre Lacazette is like Ian Wright, says Gerard Houllier“. Metro.co.uk.