Прејди на содржината

Олимписка фудбалска репрезентација на Франција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Франција олимписка
Грб на фудбалскиот сојуз
СојузФудбалски федерација на Франција
КонфедерацијаУЕФА УЕФА (Европа)
СелекторФранција Тјери Анри
КапитенАлександар Лаказет
ФИФА кодFRA
Домашни бои
Гостински бои
Прв меѓународен натпревар
Полска Полска 2–1 Франција Франција
(Лахти, Финска; 15 јули 1952)
Најголема победа
Франција Франција 7–0 Доминиканска Р. Доминиканска Република
(Тулон, Франција; 11 јули 2024)
Најлош пораз
Унгарија Унгарија 7–0 Франција Франција
(Рим, Италија; 1 септември 1960)
Летни олимписки игри
Учества13
Најдобар резултат1 Златен медал (1984)

Олимписката фудбалска репрезентација на Франција, уште позната како Фудбалска репрезентација на Франција под 23 години ја претставува Франција во фудбал на Олимписките игри.

Активна е од 1900 година, а првпат се натпреварувала на Летните олимписки игри 1900 во Париз. Фудбалот на олимписките игри првично бил аматерски спорт, а бидејќи и репрезентацијата на Франција пред Втората светска војна била исто така аматерска, имала право да испрати тим на игрите. Правилата за аматеризмот биле ублажени во 1980-тите, што и овозможило на Франција одреден успех, особено со освојувањето на нивниот досега единствен златен медал во 1984 година.

Од 1992 турнирот е натпреварување на кое учествуваат репрезентации составени од играчи до 23 години, што ги прави олимписките квалификации на Франција зависни од резултатите на репрезентацијата под 21 година. Така, французите останале долго без учество на една Олимпијада, а чекањето било прекинато во 2020, кога тие се вратиле на олимписката сцена по 24-годишно отсуство.

Историја

[уреди | уреди извор]

Францускиот олимписки тим го направил своето деби на Игри во Лондон во 1908 година, заземајќи го местото на нивниот претходник Клуб Франсе, кој освоил сребро на Олимпијадата во Париз 1900. За волја на вистината, на Олимписките игри во 1908 година учествувале со две екипи: покрај олимписката, била пријавена и националната репрезентација. И двете биле поразени и елиминирани од Данска.

За време на 1948 Франција ја победила Индија со 2-1, но била елиминирана потоа во четвртфиналето од Велика Британија со 1-0. На Олимпијадата 1952 година во Хелсинки тие биле елиминирани после нивниот прв натпревар, откако загубиле со 2-1 од Полска, иако први постигнале гол. На Игри во Рим тие се соочиле со Перу (победа со 2-1), Индија (1-1) и Унгарија во нивната група. Последните го заземале првото место во групата, кое водело во полуфиналето, со еден бод предност во однос на Франција, која морала да победи за да го продолжи своето учество на натпреварувањето. Наместо тоа, натпреварот завршил со најкатастрофалниот пораз за Франција во историјата на нивната олимписка репрезентација, откако Унгарија победила со 7-0.

На Игрите во Мексико Сити тие биле на врвот на својата група како првопласирани, победувајќи ги Гвинеја со 3-1 и Мексико со 4-1. Единствениот пораз бил од Колумбија со 2-1. Откако стигнале до четвртфиналето, Франција била елиминирана после поразот со 3-1 од Јапонија. На Игрите во 1976 ја минале својата група без пораз, ремизирајќи 1-1 против Израел и победувајќи ги Мексико и Гватемала со 4-1. Патувањето завршило со пораз од 4-0 во четвртфиналето од Источна Германија.

Во 1984 година на Игрите во Лос Анџелес тие биле повторно на врвот во групата ремизирајќи 2-2 против Катар и 1-1 против Чиле и победувајќи со 2-1 против Норвешка. Во четвртфиналето го победиле Египет со 2-0, а потоа по продолженија биле подобри од Југославија со 4-2. Конечно, Франција за првпат го освоила олимпиското злато победувајќи го Бразил со 2-0 во финалето.

На Олимпијадата во Атланта 1996 веќе стапило на сила новото правило за играчи во националните тимови, кое дозволувало максимум тројца играчи над 23 години. За време на тие Олимписки игри, Франција не ја искористила оваа можност: во групата ремизирала 1-1 против Шпанија, ја победила Саудиска Арабија со 2-1 и Австралија со 2-0. Откако ја минале првата фаза, тие се соочиле со Португалија во четвртфиналето, ремизирајќи 1-1 во регуларното време, но биле елиминирани по продолженија по златниот гол од Жозе Каладо пред крајот на првото продолжение.

По дваесет и пет години отсуство од Олимпијадата, француската репрезентација повторно учествувала на турнирот во 2021 година на Игрите во Токио: исклучително максималната возраст на играчите била зголемена на 24 години, како резултат на одложувањето на Олимпијадата за една година поради пандемијата на КОВИД-19. Франција се одлучила за главно експериментална формација, која на крајот се покажала дека не е дорасната за конкуренцијата. Се разговарало за отсуството на Килијан Мбапе, откако тој станал светски шампион три години порано на Светското првенство во Русија 2018 и спаѓал во возрасната група до 24 години: и покрај желбата на играчот да учествува, неговиот матичен клуб во тоа време, Париз Сен Жермен му ја ускратил можноста.[1] Како француски играчи надвор од пропишаната возраст кој учествувале на овој турнир биле Андре-Пјер Жињак и Тежи Савание. И двајцата успеале да постигнат голови: Жињак постигнал гол во поразот од 4-1 против Мексико и хет-трик против Јужна Африка. Во истиот натпревар Савание го постигнал својот погодок за конечните 4-3 за Франција, која сепак била елиминирана по поразот од Јапонија со 4-0.

Учества и резултати на Олимписките игри

[уреди | уреди извор]
Летни олимписки игри Квалификации
Година Рунда Место ОН П Н И ДГ ПГ Состав ОН П Н И ДГ ПГ
Франција 1900 Вицешампион 2-ро 2 1 0 1 6 6 Состав Се квалификувале како домаќини
САД 1904 Не учествувале Не учествувале
Обединето Кралство 1908 Полуфинале 5-то 2 0 0 2 1 26 Состав Поканети
Шведска 1912 Се повлекле Поканети
Белгија 1920 Полуфинале 4-то 2 1 0 1 4 5 Состав Поканети
Франција 1924 Четвртфинале 5-то 2 1 0 1 8 5 Состав Се квалификувале како домаќини
Холандија 1928 Прва фаза 9-то 1 0 0 1 3 4 Состав Поканети
Германија 1936 Не учествувале Не учествувале
Обединето Кралство 1948 Четвртфинале 5-то 2 1 0 1 2 2 Состав Поканети
Финска 1952 Прелиминарна фаза 17-то 1 0 0 1 1 2 Состав Поканети
Австралија 1956 Не учествувале Не учествувале
Италија 1960 Прва фаза 5-то 3 1 1 1 3 9 Состав 4 3 0 1 7 6 1960
Јапонија 1964 Не се квалификувале 2 0 0 2 2 8 1964
Мексико 1968 Четвртфинале 5-то 4 2 0 2 9 7 Состав 4 2 2 0 8 2 1968
Западна Германија 1972 Не се квалификувале 6 3 1 2 11 9 1972
Канада 1976 Четвртфинале 5-то 4 2 1 1 9 7 Состав 4 3 0 1 11 5 1976
СССР 1980 Не се квалификувале Не се квалификувале 1980
САД 1984 Златен медал 1-во 6 4 2 0 13 6 Состав 6 4 2 0 9 3 1984
Јужна Кореја 1988 Не се квалификувале 8 1 3 4 9 16 1988
Шпанија 1992 Европско првенство за играчи под 21 година 1992
САД 1996 Четвртфинале 5-то 4 2 1 1 6 4 Squad 1996
Австралија 2000 Не се квалификувале 2000
Грција 2004 2004
Кина 2008 2008
Обединето Кралство 2012 2012
Бразил 2016 2016
Јапонија 2020 Групна фаза 13-то 3 1 0 2 5 11 Состав 2020
Франција 2024 TBD TBD 3 3 0 0 7 0 Состав Се квалификувале како домаќини 2024
САД 2028 to be determined to be determined
Вкупно 2 медали 13/27 36 16 5* 15 61 94 34 16 8 10 57 49 Вкупно

Моментален состав

[уреди | уреди извор]

Летни олимписки игри 2024

Бр. Поз. Играч Год. Настапи Голови Клуб
1 ГМ Обед Нкамбадио 7 февруари 2003(2003-02-07)(21 г.) 2 0 Франција Париз ФК Париз
2 ОД Кастело Лукеба 17 декември 2002(2002-12-17)(22 г.) 7 0 Германија РБ Лајпциг РБ Лајпциг
3 ОД Адријан Труфер 20 ноември 2001(2001-11-20)(23 г.) 7 0 Франција Рен Рен
4 ОД Лоик Баде 11 април 2000(2000-04-11)(24 г.) 5 1 Шпанија Севиља Севиља
5 ОД Килијан Силдилија 16 мај 2002(2002-05-16)(22 г.) 7 1 Германија Фрајбург Фрајбург
6 СР Ману Коне 17 мај 2001(2001-05-17)(23 г.) 7 0 Германија Борусија Менхенгладбах Б. Менхенгладбах
7 НП Мајкл Олисе 12 декември 2001(2001-12-12)(23 г.) 6 4 Германија Бајерн Минхен Бајерн Минхен
8 СР Магнес Аклиуш 25 февруари 2002(2002-02-25)(22 г.) 7 1 Франција Монако Монако
9 НП Арно Калимуендо 20 јануари 2002(2002-01-20)(23 г.) 7 3 Франција Рен Рен
10 НП Александар Лаказет 28 мај 1991(1991-05-28)(33 г.) 5 3 Франција Олимпик Лион Олимпик Лион
11 СР Дезире Дуе 3 јуни 2005(2005-06-03)(19 г.) 8 3 Франција Рен Рен
12 СР Енцо Мило 17 јули 2002(2002-07-17)(22 г.) 6 1 Германија Штутгарт Штутгарт
13 СР Жорис Шотар 24 септември 2001(2001-09-24)(23 г.) 6 0 Франција Монпелје Монпелје
14 НП Жан-Филип Матета 28 јуни 1997(1997-06-28)(27 г.) 5 3 Англија Кристал Палас Кристал Палас
15 ОД Бредли Локо 6 мај 2002(2002-05-06)(22 г.) 4 0 Франција Брест Брест
16 ГМ Гијом Рест 11 март 2005(2005-03-11)(19 г.) 6 0 Франција Тулуза Тулуза
17 ОД Сунгуту Магаса 8 октомври 2003(2003-10-08)(21 г.) 4 0 Франција Монако Монако
18 НП Рајан Шерки 17 август 2003(2003-08-17)(21 г.) 6 2 Франција Олимпик Лион Олимпик Лион
19 ОД Крислен Матсима (2002-05-19)19 мај 2002 (воз. 22) 3 0 Франција Клермон Клермон
20 СР Анди Диуф (2003-05-17)17 мај 2003 (воз. 21) 4 1 Франција Ланс Ланс
21 СР Јохан Лепенан (2002-10-22)22 октомври 2002 (воз. 21) 1 0 Франција Олимпик Лион Олимпик Лион
22 ГМ Тео Де Персен (2001-02-02)2 февруари 2001 (воз. 23) 0 0 Франција Осер Осер
  1. „Paris Saint-Germain don't want Mbappe to compete at the Tokyo Olympics“. Marca.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]