Прејди на содржината

Мајкл Олисе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мајкл Олисе
Лични податоци
Полно име Мајкл Акпови Олисе[1]
Роден на 12 декември 2001(2001-12-12)(22 г.)[2]
Роден во Лондон, Англија
Држава Франција Франција
Висина &100000000000001840000001,84 м[2]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Бајерн Минхен Бајерн Минхен
Број 14
Младинска кариера
Арсенал Арсенал
Челси Челси
Манчестер Сити Манчестер Сити
Рединг Рединг
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2019-2021 Рединг Рединг 67 (7)
2021-2024 Кристал Палас Кристал Палас 82 (14)
2024- Бајерн Минхен Бајерн Минхен 0 (0)
Репрезентација
2021-2023 Франција Франција 18 2 (0)
2021-2023 Франција Франција 21 7 (1)
2024- Франција Франција (олимп.) 7 (4)
* Ажурирано на: 22 април 2017
** Ажурирано на: 12 ноември 2016

Мајкл Акпови Олисе (роден на 12 декемри 2001, во Лондон) — француски фудбалер, играч од средниот ред на Бајерн Минхен.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Олисе е роден и израснат во Лондон,[3] од татко нигеријец и француско-алжирска мајка.[4] Неговиот брат Ричард е исто така фудбалер, и игра за Челси на младинско ниво.[5]

Технички карактеристики

[уреди | уреди извор]

Левоног фудбалер, многу разноврсен напаѓачки играч за врска, кој својата идеална позиција ја нашол на позицијата како десен крилен играч.[6][7][8] Во текот на неговата кариера, играл во повеќе различни улоги, од офанзивен играч во средниот ред до крилен играч, што го прави флексибилен и вреден за тимот. Има добар дриблинг и може да се пофали со одлична брзина со топката во нозете.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Почетоци

[уреди | уреди извор]

Роден во Хамерсмит, Западен Лондон, Олисе ја започнал својата фудбалска кариера на 6-годишна возраст во екипата на Хејес и Јидинг. Потоа, тој ја поминал својата младост играјќи за поголемите екипи како Арсенал, Челси и Манчестер Сити, пред да се добие стипендија од академијата на Рединг, на која и се приклучил во 2018 година.[9]

Своето деби за првиот тим на Рединг го направил на 12 март 2019 година, играјќи во поразот на домашен терен со 3-0 од Лидс Јунајтед.[10] На 15 јули, тој потпишал тригодишен професионален договор со клубот.[11] Тој го постигнал својот прв гол за Рединг на 19 септември 2020 година, со волеј-удар во 76-тата минута за да го постави конечниот резултат во победата со 2–0 над Барнсли на Мадејски.[12] На 29 април 2021 година, тој бил прогласен за ЕФЛ Млад играч на сезоната.[13]

Кристал Палас

[уреди | уреди извор]

На 8 јули 2021 година, Олисе бил купен од Кристал Палас за 9,3 милиони евра, потпишувајќи пет годишен договор со клубот.[14]

Бајерн Минхен

[уреди | уреди извор]

На 7 јули 2024 година, Олисе потпишал петгодишен договор со германскиот Бајерн Минхен,[15] кој за него му платил на Кристал Палас обесштетување од 50 милиони евра.[16]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Репрезентативно, Олисе имал право да игра за Англија, Франција, Алжир и Нигерија, избирајќи да ја претставува втората земја, од која бил повикан во составот под 18 години во 2019 година за турнирот во Тулон.[17]

Во март 2022 година, тој бил повикан за првпат во репрезентацијата под 21 година,[18] за која дебитирал на 24-ти истиот месец во успехот со 2-0 против Фарски Острови.[19] Следната година, тој бил во составот на репрезентацијата за Европското првенство под 21 година 2023 во Грузија и Романија, на кое Франција стигнала до четвртфиналето, а тој постигнал еден гол на патот до таму - во победата со 1-0 над Норвешка во групната фаза.

На 8 јули 2024 година, Олисе бил повикан од селекторот Тјери Анри во Олимписката репрезентација на Франција за Летните олимписките игри 2024 во Париз.[20]

Статистика

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 8 јули 2024.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2018-2019 Англија Рединг ФЛЧ 4 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 4 0
2019-2020 ФЛЧ 19 0 ФАКуп+ЛК 3+1 0 - - - - - - 23 0
2020-2021 ФЛЧ 44 7 ФАКуп+ЛК 1+1 0 - - - - - - 46 7
Вкупно Рединг 67 7 6 0 - - - - 73 7
2021-2022 Англија Кристал Палас ПЛ 26 2 ФАКуп+ЛК 5+0 2 - - - - - - 31 4
2022-2023 ПЛ 37 2 ФАКуп+ЛК 1+2 0 - - - - - - 40 2
2023-2024 ПЛ 19 10 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - - - - 19 10
Вкупно Кристал Палас 82 14 8 2 - - - - 90 16
2024-2025 Германија Бајерн Минхен БЛ 0 0 КГ 0 0 ЛШ 0 0 - - - 0 0
Вкупно во кариерата 148 21 14 2 - - - - 163 23
  1. „2021/22 Premier League squads confirmed“. Premier League. 10 September 2021. Посетено на 12 September 2021.
  2. 2,0 2,1 „Michael Olise Profile & Stats“. Premier League.
  3. „Linked-up: How Palace's generation of local talent grew up connected - News“. Crystal Palace F.C. (англиски). 9 October 2021. Посетено на 23 June 2024.
  4. „Michael Olise - Midfielder | First-Team“. Crystal Palace F.C. (англиски). 13 June 2024. Архивирано од изворникот на 2021-09-11. Посетено на 23 June 2024.
  5. „Michael Olise To Represent France At Toulon Tournament“. thetilehurstend.sbnation.com/. The Tilehurst End. 27 May 2019. Посетено на 27 May 2019.
  6. „Michael Olise: talento francese classe 2001“. 6 јануари 2020.
  7. „Leeds United can sign the next France wonderkid by beating Celtic to summer transfer“ (англиски). 4 август 2020.
  8. „Michael Olise: Who is Bayern Munich's coveted new attacker?“ (англиски). Посетено на 2024-07-08.
  9. . 3 luglio 2018 https://www.readingfc.co.uk/news/2018/july/12-youngsters-inducted-onto-academy-scholarships/. Занемарен непознатиот параметар |titolo= (се препорачува |title=) (help); Занемарен непознатиот параметар |lingua= (се препорачува |language=) (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  10. „East and Olise presented with framed debut shirts“. Reading F.C. 23 March 2019. Посетено на 27 May 2019.
  11. „Olise signs three-year professional deal with the Royals“. Reading F.C. 15 July 2019. Посетено на 15 July 2019.
  12. „Reading 2-0 Barnsley“. BBC. 19 September 2020. Посетено на 19 September 2020.
  13. „Norwich's Buendia wins top EFL award“. BBC Sport (англиски). Посетено на 25 January 2022.
  14. „Michael Olise: Crystal Palace close to signing Reading forward“. BBC Sport. 7 July 2021. Посетено на 8 July 2021.
  15. „FC Bayern sign Michael Olise“. FC Bayern Munich. 7 July 2024. Посетено на 7 July 2024.
  16. „Bayern, OFFICIAL Olise: 50 million deal“. Посетено на 7 јули 2024. Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  17. „Olise to represent France at Toulon tournament“ (англиски). 28 мај 2019. Посетено на 2024-07-08.
  18. „Michael Olise named in France Under-21s squad“ (англиски). 2022-03-17. Посетено на 2024-07-08.
  19. „Palace's international achievements - debuts, World Cup qualification and more...“ (англиски). 30 март 2022. Посетено на 2024-07-08.
  20. „Thierry Henry dévoile la liste officielle pour les JO 2024 avec quatre réservistes“. L’Equipe. Посетено на 11 June 2024.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]