Прејди на содржината

Јудејска Пустина

Координати: 31°42′N 35°18′E / 31.700° СГШ; 35.300° ИГД / 31.700; 35.300
Од Википедија — слободната енциклопедија
Манастирот „Св. Сава Осветен“ во долината Кидрон
Ридови на Јудејската Пустина

Јудејска Пустина (хебрејски: מִדְבַּר יְהוּדָה Мидбар Јехуда, арапски: صحراء يهودا Сахара Јахудан) — пустина во Израел и Западниот Брег која го зафаќа просторот источно од Ерусалим и се спушта до Мртвото Море. Се протега од североисточниот дел на пустината Негев до подрачјето источно од Бејт Ел, и се одликува со бројни тераси со косини. Завршува со стрмна косина која запира во Мртвото Море и Јорданската Долина. Пустината ја сечат разни вади (долови со повремени водотеци) од североисток и југоисток и многу кланци, со длабочина од 36 м на запад до 18 м на исток.[1] Пустината е подрачје со посебен морфолошки состав долж источната страна на Јудејските Планини.

Пустината понекогаш се нарекува יְשִׁימוֹן Јешимон, што значи пустина или дивина,[2] Дивина на Јуда или Дивина на Јудеја.[3]

Местоположба и клима

[уреди | уреди извор]

Јудејската Пустина е сместена источно од градот Ерусалим и се спушта кон Мртвото Море. Поважни градски центри на ова подрачје се Ерусалим, Витлеем, Гуш Ецион, Ерихон и Хеврон.

Врнежите на подрачјето на Јудеја се движат од 400 до 500 мм на западните ридови, 600 мм околу западен Ерусалим (во централна Јудеја) и 400 мм во источен Ерусалим. Источните делови добиваат само 100 мм поради ефектот на дождовна сенка. Климата се движи од средоземна на запад и пустинска на исток, со појас на степска клима во средината.

Во своето истражување, Еврејскиот универзитет во Ерусалим утврдил присуство на подземно наоѓалиште на слатка вода (издан) под Јудеската Пустина, наречен Издан на Јудејската група, кој почнува од Јудејските Планини и оди во североисточен правец кон Мртвото Море, а излегува на површина од изворите во Цуким, Каме, Самар и Ејн Геди. Изаднот се полни од дождовница и има просечна годишна зафатнина од 100 милиони кубици вода.[4]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Geography and Politics in Israel Since 1967“.
  2. „Strong's Hebrew: 3452. יְשִׁימוֹן (yeshimon) -- waste, wilderness“.
  3. „Judean Wilderness“. Архивирано од изворникот на 2015-09-23. Посетено на 2017-06-13.
  4. „There's Water Under the Desert -- But It's Hardly Being Used“.

31°42′N 35°18′E / 31.700° СГШ; 35.300° ИГД / 31.700; 35.300