Негев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ејн Авдат во долината Зин во Негев.
Изреалскиот Јужен округ, горе-долу се совпаѓа со Негев
Залез во Негев, во близина на Јерухам.

Негев (хебрејски: הַנֶּגֶב, han-Néḡeḇ ) или Негевска Пустинапустина и полупустински регион во јужен Израел. Пустината го зазема јужниот дел на државата и административно се совпаѓа со Јужниот округ. Најголем град во оваа пустина е Бершеба, и истиот се наоѓа во северниот дел на пустината. Јужниот дел на пустината излегува на Акапскиот залив и тука се наоѓа туристичкиот град Ејлат. Покрај овие два града, во Негев се наоѓаат и уште неколку други развиени градови, како што се, поголемите, Димона, Арад и Мицпе Рамон, но и други помали гратчиња и села. Пистината Негев е позната туристичка атракција во Израел и позната дестинација во светски рамки, така што Lonely Planet ја рангирала пустината на второто место од светските 10 топ дестинации за патување за 2013 година.[1][2] Негев е еден од бројните библиски локалитети, односно месности кои се дел од Библијата, значајни за христијанството.

Име[уреди | уреди извор]

Името „Негев“ потекнува од хебрејскиот збор што означува „суво“. Името се споменува и во Библијата и понекогаш се именува како „Негеб“.

Географија[уреди | уреди извор]

Негев зафаќа околу 13.000 километри квадратни што претставува половина од вкупната територија управувана од Израел. Пустината има триаголна форма, па така на запад се граничи со пустината на Синајскиот полуостров (со кој формира верижна пустина), а на исток со долината Арабах. Регионот е познат по уникатните геолошки формации наречени мактеши, односно кратери во форма на кутии или нагли земјени вдлабнатини. Негев е карпеста пустина.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците од 2010 година, Негев е дом на 630.000 Израелци или 8.2% од вкупното население на државата, иако територијално зазема 55% од државата. Од вкупната бројка 75% или 470.000 се Евреи, а другите 25% или 160.000 се Бедуини.[3] Бедуните се традиционално номадски народ и поливина од нив живеат во непризнати бедуински села, а половина во градовите, а најголем бедуински е Рахат.

Клима[уреди | уреди извор]

Пустината е доста сува и има просечни годишни врнежи од 24 мм. Ова е поради влијанието на Сахара од исток, екстремните температури и Арапската Пустина. Сепак, Бершева и останати месни области имаат полу-сушна клима. Врежите од јуни до октомври се речиси 0. Снегот и мразот се реткост во северот, а во југот никогаш не се појавуваат.[4]

Климатски податоци за Бершеба
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 28.4
(83)
31
(88)
35.4
(96)
40.9
(106)
42.2
(108)
46
(115)
41.5
(107)
40.5
(105)
41.2
(106)
39.6
(103)
34
(93)
31.4
(89)
46
(115)
Прос. висока °C (°F) 16.7
(62)
17.5
(64)
20.1
(68)
25.8
(78)
29
(84)
31.3
(88)
32.7
(91)
32.8
(91)
31.3
(88)
28.5
(83)
23.5
(74)
18.8
(66)
25.7
(78)
Прос. ниска °C (°F) 7.5
(46)
7.6
(46)
9.3
(49)
12.7
(55)
15.4
(60)
18.4
(65)
20.5
(69)
20.9
(70)
19.5
(67)
16.7
(62)
12.6
(55)
8.9
(48)
14.2
(58)
Најниска забележана °C (°F) −5
(23)
−0.5
(31)
2.4
(36)
4
(39)
8
(46)
13.6
(56)
15.8
(60)
15.6
(60)
13
(55)
10.2
(50)
3.4
(38)
3
(37)
−5
(23)
Прос. врнежи мм (ин) 49.6
(1.95)
40.4
(1.59)
30.7
(1.21)
12.9
(0.51)
2.7
(0.11)
0
(0)
0
(0)
0
(0)
0.4
(0.02)
5.8
(0.23)
19.7
(0.78)
41.9
(1.65)
204.1
(8.04)
Прос. бр. врнежливи денови 9.2 8 6.4 2.6 0.8 0 0 0 0.1 1.8 4.6 7.5 41
Извор: Israel Meteorological Service[5][6]
Климатски податоци за Ејлат
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 32.2
(90)
35.8
(96)
38.7
(102)
43.4
(110)
45.2
(113)
47.4
(117)
48.3
(119)
48.0
(118)
45.0
(113)
44.3
(112)
38.1
(101)
33.6
(92)
48.3
(119)
Прос. висока °C (°F) 21.3
(70)
23.0
(73)
26.1
(79)
31.0
(88)
35.7
(96)
38.9
(102)
40.4
(105)
40.0
(104)
37.3
(99)
33.1
(92)
27.7
(82)
23.0
(73)
31.5
(88.6)
Прос. ниска °C (°F) 10.4
(51)
11.8
(53)
14.6
(58)
18.4
(65)
22.5
(73)
25.2
(77)
27.3
(81)
27.4
(81)
25.2
(77)
21.8
(71)
16.3
(61)
11.9
(53)
19.4
(66.8)
Најниска забележана °C (°F) 1.2
(34)
0.9
(34)
3.0
(37)
8.4
(47)
12.1
(54)
18.5
(65)
20.0
(68)
19.4
(67)
18.6
(65)
9.2
(49)
5.3
(42)
2.5
(37)
0.9
(34)
Прос. дожд мм (ин) 4
(0.16)
3
(0.12)
3
(0.12)
2
(0.08)
1
(0.04)
0
(0)
0
(0)
0
(0)
0
(0)
4
(0.16)
2
(0.08)
5
(0.2)
24
(0.96)
Прос. бр. дождливи денови (≥ 0.1 mm) 2.1 1.8 1.6 0.9 0.7 0 0 0 0 0.7 0.8 1.9 10.5
Извор: Israel Meteorological Service[7][8][9][10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Gattegno, Ilan (26 октомври 2012). „Negev named among top ten travel destinations for 2013“. Israel Hayom. http://www.israelhayom.com/site/newsletter_article.php?id=6216. посет. 29 октомври 2012 г. 
  2. „Best in Travel 2013 - Top 10 regions“. Lonely Planet. 23 октомври 2012. http://www.lonelyplanet.com/themes/best-in-travel-2013/top-10-regions/. посет. 2 април 2013 г. 
  3. „A Bedouin welcome - Israel Travel, Ynetnews“. Ynetnews.com. 20 јуни 1995. http://www.ynetnews.com/articles/0,7340,L-3420595,00.html. посет. 9 октомври 2011 г. 
  4. „Beersheba, ISR Weather“. MSN. http://weather.msn.com/local.aspx?wealocations=wc:ISXX0030. посет. 25 јануари 2008 г. 
  5. „Averages and Records for Beersheba (Precipitation, Temperature and Records [Excluding January and June written in the page)“]. Israel Meteorological Service. август 2011. архивирано од изворникот на 14 септември 2010 г.. https://web.archive.org/web/20100914010915/http://www.ims.gov.il/IMS/CLIMATE/LongTermInfo. 
  6. „Records Data for Israel (Data used only for January and June)“. Israel Meteorological Service. http://ims.gov.il/IMS/CLIMATE/TopClimetIsrael. 
  7. „Averages and Records for Tel Aviv (Precipitation, Temperature and Records written in the page)“. Israel Meteorological Service. архивирано од изворникот на 14 септември 2010 г.. https://web.archive.org/web/20100914010915/http://www.ims.gov.il/IMS/CLIMATE/LongTermInfo. посет. 1 август 2010 г. (хебрејски)
  8. „Extremes for Tel Aviv [Records of February and May“]. Israel Meteorological Service. http://www.ims.gov.il/IMS/CLIMATE/TopClimetIsrael. посет. 2 август 2015 г. (хебрејски)
  9. „Temperature average“. Israel Meteorological Service. архивирано од изворникот на 18 јуни 2013 г.. https://web.archive.org/web/20130618145923/http://www.ims.gov.il/IMS/CLIMATE/ClimaticAtlas/TempNormals.htm. посет. 8 декември 2011 г. (хебрејски)
  10. „Precipitation average“. архивирано од изворникот на 25 септември 2011 г.. https://web.archive.org/web/20110925080227/http://www.ims.gov.il/IMS/CLIMATE/ClimaticAtlas/RainNormals.htm. посет. 12 јули 2011 г. (хебрејски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]