Масада

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Масада
מצדה
Israel-2013-Aerial 21-Masada.jpg
Поглед кон Масада
Масада се наоѓа во Израел<div style="position: absolute; z-index: 2; top: Грешка во изразот: Недостасува операнд за *%; left: -1296.2%; height: 0; width: 0; margin: 0; padding: 0;">
Наоѓалиштето на карта на Израел
Место Јужен дел на Израел
Област Јудеја
Вид Тврдина
Историја
Градител Александар Јанеј
Изграденo 1 век п.н.е.
Настани Опсада на Масада
Белешки за наоѓалиштето
Ископување 1963–1965
Археолози Игаел Јадин
Портал masada.org.il
Шаблон:Infobox designation list

Масада (מצדה metsada „тврдина“[1]) е древна тврдина во јужниот дел на Израел, што се наоѓа на врвот од изолирана карпа во форма на плато, на источниот дел од Јудејската пустина, крај Мртво Море, 20 километри источно од Арад.

Ирод I Големиот изградил палати за себе на планината, и ја утврдил Масада во годините меѓу 37 и 31 година п.н.е. Според Јосиф Флавиј, опсадата на Масада од страна на трупите на Римското Царство, што се случила кон крајот на првата Еврејско-Римска војна,завршила со масовно самоубиство на 960 луѓе – сикариски бунтовници и нивните семејства кои се криеле таму. Масада денес е едно од најпопуларните туристички места во Израел.[2]

Географска позиција и изглед[уреди | уреди извор]

Карпите на источната страна на Масада се речиси 400 метри високи и се спуштаат кон Мртво Море, додека карпите на западната страна се високи околу 90 метри; што го прави природниот приод кон врвот многу тежок. Врвот на платото е рамен и со ромбоидна форма, со димензии 550 х 270 метри. Околу врвот бил изграден бедем долг 1.300 метри, со дебелина од 4 метри, на кој имало многу кули. Самата тврдина имала бројни простоии користени како магацини, цистерни за собирање дождовница, бараки, палати и оружарница. До капијата на градот воделе три тесни патеки.

Историја[уреди | уреди извор]

Речиси сите историски податоци за Масада, потекнуваат од историчарот Јосиф Флавиј.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. За снимкава pronunciation ; изразот значи "fortress" in Modern Hebrew; in Biblical Hebrew מְצָד mĕtsad "mountain-fortress; stronghold" from a root meaning "to hunt, lie in wait for prey". Gesenius, Hebrew-English Lexicon (H4679).
  2. Most popular during 2008; „Masada tourists' favorite spot in Israel“. Ynetnews. http://www.ynetnews.com/articles/0,7340,L-3698864,00.html. посет. 8 април 2009 г. . During 2005 to 2007 and 2009 to 2012, the second-most popular, behind the Jerusalem Biblical Zoo.
  3. Murphy-O'Connor, Jerome; Cunliffe, Barry. The Holy Land. Oxford Archaeological Guides (5th издание). Oxford University Press. стр. 378–381.