Балкански смок

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Coluber gemonensis)
Балкански смок
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Влекачи
Ред: Лушпари
Подред: Змии
Семејство: Смокови
Потсемејство: Смокови
Род: Хиерофис
Вид: Балкански смок
Научен назив
Hierophis gemonensis
(Laurenti, 1768)
Синоними

Coluber gemonensis Laurenti, 1768

Балкански смок (науч. Hierophis gemonensis, порано: Coluber gemonensis) — вид змија од семејството на смокови (Colubridae).



Живеалиште[уреди | уреди извор]

Овој смок се среќава во Македонија[1], Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Италија, Кипар, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора.

Природно живее во честак, на пасишта, во насади и селски бавчи.

Дистрибутивниот ареал на видот е ограничен на источниот крајбрежен појас на Јадранско Море. На планината Галичица, видот продрел најисточно и најдлабоко на копното, во рамките на целиот негов дистрибутивен ареал. Балканскиот смок се среќава на суви каменести места, отворени шумски подрачја, подрачја со жбунеста вегетација, покрај патишта. Оваа змија е дневен и терестричен вид, иако понегокаш се качува по грмушки. Жестоко каса кога ќе се фати со рака. На територијата на Национален парк Галичица, балканскиот смок е неодамна регистриран во дабовиот појас во близина на Отешево и Лескоец, од авторот на овој извештај (непублицирани податоци). Во рамките на теренските истражувања, присуството на балканскиот смок е потврдено на истите локалитети. [2]

Заштитен статус[уреди | уреди извор]

Балканскиот смок некогаш бил многу распространет, но денес му се заканува губиток на живеалиштето.

Од Европските документи видот е заштитен согласно Бернска Конвенција (BERN): Конвенција за заштита на европскиот див свет и природните живеалишта. Апендикс II: Строго заштитени фаунистички видови.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Петковски, С; В. Сидоровска и Г. Џукиќ (2000). „Биодиверзитетот на фауната на змиите (Reptilia: Serpentes) во Македонија“ (PDF). Екол. Зашт. Живот. Сред. Скопје. 7 (1–2): 41–54.[мртва врска]
  2. НП Галичица
  3. НП Галичица

Надворешни врски[уреди | уреди извор]