30 февруари

Од Википедија — слободната енциклопедија

Според грегоријанскиот календар, февруари има 28 дена или 29 кога станува збор за престапна година. Сепак некои од светските календари го имале февруари со 30 дена.

Шведски календар[уреди | уреди извор]

Шведското кралство кое ја вбројувало и Финска во тоа време, планирало да се префрли од јулијанскиот календар на Грегоријанскиот на почетокот на 1700, со тоа што би ги исфрлило престапните денови во следните 40 години. Оттука 1700 не била престапна во Шведска. Спротивно на планот испаднало дека 1704 и 1708 се престапни години, што предизвикало Шведскиот календар да биде 1 ден понапред од Јулијанскиот, а 10 дена позади Грегоријанскиот. Потоа во 1712 повторно се вратиле на јулијанскиот, а конечното свртување кон грегоријанскиот е направено во 1753.

Советски револуционерен календар[уреди | уреди извор]

Шведски календар од февруари 1712

Во 1929 Советскиот Сојуз вовел нов револуционерен календар, со кој секој работен месец имал 30 дена а останатите 5 или 6 биле безмесечни празнични денови. Сепак во 1931 овој календар е напуштен.

Вештачки календари[уреди | уреди извор]

Вештачките календари можат да имаат и по 30 дена во февруари, на пример во климатски модел статистиките можат да бидат поедноставени со создавање 12 месечна година од по 30 дена.

Хедли центарот Архивирано на 22 ноември 2005 г. е еден пример.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]