2Cellos

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
2Cellos
Биографски податоци
Жанровирок, поп, класична музика
Инструментивиолончело
Период на активност2011 -
ИздавачиСони Мастерворкс
Мреж. место[1]

2Cellos (изговор: ту челос) е хрватско инструментално дуо составено од виолончелистите Лука Шулиќ и Стјепан Хаузер.

Почетоци[уреди | уреди извор]

Лука Шулиќ и Стјепан Хаузер се запознале во своите тинејџерски години како ученици на Загребската музичка академија. Шулиќ подоцна ги продолжува своите студии на лондонската Кралска музичка академија (англиски: Royal Music Academy), а Хаузер студира музика на Кралскиот универзитет во Манчестер (англиски: Royal Northern College of Music).[1] По долгогодишно искуство во класичната музика, тие се решаваат да направат преработка на хитотSmooth Criminal“ од Мајкл Џексон. Во јануари 2011 година снимката станува огромен хит на ЈуТјуб[2] со повеќе од три милиони прегледи во првите две седмици. Понатаму се одлучуваат да снимаат преработки на поп-рок песни, после долго размислување и желба за да направат нешто ново и оригинално во музиката, што инаку не би го постигнале само со свирење на класична музика.[3]

Кариера[уреди | уреди извор]

Како членови на продукциската куќа Сони Мастерворкс (англиски: Sony Masterworks[4] го снимаат својот прв албум во јуни 2011 година. Истиот вклучува обработки на песни од ѕвезди како ЈуТу, Ганс`ен`Роузис, Најн Инч Неилс, Стинг, Колдплеј, Нирвана и други. Први синглови кои беа издадени од овој албум се „Smooth Criminal“ и „Welcome to the Jungle“.[5][6]

Почнувајќи од летото 2011 година, учествуваат на повеќе турнеи со англискиот пејач Елтон Џон, по негова лична покана, откако тој ја слушнал нивната снимка и им предложил соработка. Досега имаат учествувано на повеќе од сто концерти низ целиот свет заедно со Елтон Џон.[7]

Имаат гостувано во бројни разговорни емисии, меѓу кои и на „Елен Диџенерес Шоу“ (англиски: The Ellen DeGeneres Show) и „Перез ТВ.“[8] Настапувале и на iTunes фестивалот во Лондон во јули 2011 година.[9]

Дискографија[уреди | уреди извор]

Студиски албуми
Концертни албуми

Библиографија[уреди | уреди извор]