Црква „Св. Троица“ - Долно Лисиче
Изглед
Света Троица | |
Поглед на црквата Света Троица во селото Долно Лисиче | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Скопска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Место | Долно Лисиче |
| Општина | Аеродром |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свето Тројство |
| Архитектонски опис | |
Света Троица — македонски православен храм во скопското село Долно Лисиче. Таа се наоѓа во близина на сретселото, од десната страна на патот кој води кон селото Јурумлери и мостот на реката Вардар. Внатрешноста е живописана со нови фрески, кои се дар од семејствата кои живеат во Долно Лисиче. Според натписот на камбанаријата, таа е подигната во 1991 година со благослов на тогашниот поглавар на МПЦ и македонски архиепископ г.г. Гаврил. Во склоп на црквата се и селските гробишта, кои се одделени со ѕидови. Во 2009 година црквата била цел на грабеж.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Кражба во црква во Долно Лисиче“. Утрински Весник. 13 мај 2009. Посетено на 2011-03-28.
| „Црква „Св. Троица“ - Долно Лисиче“ на Ризницата ? |


