Централен парк (Њујорк)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Централен Парк
„Central Park“
}}
Вид Градски парк
Местоположба Менхетн во Њујорк, Њујорк, Flag of the United States.svg САД
Координати 40°47′ СГШ 73°58′ ЗГД / 
Површина 341 хектар (3,399 км²)
Создаден 1857
Управуван од „Central Park Conservancy“
Посетители Околу 37,5 милиони годишно[1][2]
Статус Отворен низ целата година

Централниот Парк или Централ Парк (англиски: Central Park) е јавен парк, кој се наоѓа во центарот на Менхетн, Њујорк, САД. На почетокот, во 1857 година, паркот се простирал на површина од 778 акри градско земјиште (денес изнесува 840 акри). Во 1858 година, Фредерик Лоу Олмстед и Калверт Вокс победиле на натпреварот за создавање на план со кој ќе се подобри и прошири паркот. Реконструкцијата започнала истата година, продолжила во текот на Американската граѓанска војна и била завршена во 1873. Паркот е најпосетуван градски парк во САД.

Во 1962 година паркот бил прогласен за национален историски белег. За паркот се грижи Организацијата за заштита на животната средина, која има склучено договор со градските власти. Оваа организација е непрофитна и придонесува со 83,5% од годишниот буџет на Централ Парк, кој изнесува 37,5 милиони долари. Организацијата вработува 80,7% од персоналот кој се грижи за одржувањето на паркот.[3]

Централ Парк денес[уреди]

Централ Парк, кој претставува национален историски белег уште од 1963 година, е осмислен во 1858 година од страна на дизајнерот и писател Фредерик Ло Олмстед и англискиот архитект Калверт Вокс.

Централ Парк граничи со: Западната 110-та улица на север, Западната 59-та улица на југ и Осмата авенија на запад. Долж границите на паркот, овие три улици се познати под имињата Централ Парк Север, Централ Парк Југ и Централ Парк запад. Само Петата авенија, која се наоѓа на источната граница на паркот, го задржува истото име.

Посетители[уреди]

Централ Парк, кого го посетуваат околу 35 милиони гости годишно, е најпосетуваниот градски парк во Соединетите Американски Држави. Паркот е долг 2.5 милји (4 километри) и широк 0.5 милји (0.8 километри).

Тој се простира меѓу 59-тата улица (Централ Парк Југ) и 110-тата улица (Централ Парк Север) во должина, а меѓу Петата авенија и Централ Парк Запад во ширина. Големината на Централ Парк и улогата која тој ја има во равојот на културата, служеле како пример во создавањето на голем број урбани паркови вклучувајќи ги Голден Гејт (англиски: Golden Gate) во Сан Франциско, Уено (парк) (англиски: Ueno Park) во Токио, Стенли Парк (англиски: Stanley Park) во Ванкувер, Мил Крик Парк (Mill Creek Park ) во Јангстаун (англиски: Youngstown) и Англиската градина (германски: Englischer Garten) во Минхен. Сепак, уникатната географска структура на Менхетн, му овозможила на паркот да стане уникатно обележје на идентитетот на својот град.

Одржување[уреди]

Паркот е одржуван од страна на приватна, непрофитна организација, која раководи со паркот во договор со Одделот за паркови и рекреација на Њујорк.

Оваа организација вработува 4 од 5 вработени од персоналот кој го одржува паркот. Таа ефикасно ја надгледува работата на вработените од јавниот и приватниот сектор, која е во надлежност на директорот на Централ Парк, кој потоа му дава извештај на претседателот на организацијата. Од 2007 година, организацијата има инвестирано приближно 450 милиони долари за обновување и управување со паркот. Во моментов, организацијата остварува околу 85% од годишниот буџет на Централ Парк, кој изнесува преку 37 милиони долари.

Системот на управување функционирал толку добро, што во 2006 година организацијата презела иницијатива со која се обезбедила градинарска поддршка и помош при одржувањето во Морнингсајд Парк (англиски: Morningside Park), Џеки Робинсон Парк (англиски:Jackie Robinson Park) и Маркус Гарвеј Парк (англиски: Marcus Garvey Park).

Уредување на земјиштето и инфраструктура[уреди]

Иако голем дел од земјата и растенијата во Централ Парк изгледаат природно, всушност, речиси сите се вештачко добиени. Во паркот се наоѓаат неколку езера и бари, долги патеки за пешачење, патеки по кои поминуваат коњи, две лизгалишта (од кои едното во јули и август работи како базен), зоолошката градина Централ Парк (англиски: Central Park Zoo ), стаклената градина Централ Парк (англиски: The Conservatory Garden ), огромен простор на кој се простира шума, огромен базен околу кој се наоѓа патека за трчање, отворен амфитеатар, театарот Делакорт ( англиски: Delacorte Theater), во кој се одржува летниот фестивал „Шекспир во паркот” (англиски: Shakespeare in the Park). Во паркот се наоѓаат и атрактивни објекти. Такви се замокот Белведере, (англиски: Belvedere Castle), театарот со марионети, како и историската вртелешка. Покрај овие објекти, има и седум огромни ливади, како и помали тревни површини. Некои од нив се места за одмор, а на останатите луѓето можат да спортуваат. Во паркот се наоѓаат и неколку игралишта за деца.

По патиштата долги 6 милји (10 километри), кои се составен дел од паркот, може да се трча, да се возат велосипеди, скејтборзи. Овие патишта се најпосетени за време на викендите и вечерите по 19 часот, кога автомобилскиот сообраќај е забранет.

Цената на недвижниот имот на Централ Парк била проценета во декември 2005 година и таа изнесувала 528,783,552,000 американски долари.

Криминал[уреди]

Со намалувањето на криминалот во паркот, како и во останатиот дел од Њујорк, се намалила и негативнита перцепција за паркот која порано постоела.

Паркот има свој полициски оддел, кој вработува редовна полиција, како и помошни службеници. Во 2005 година сигурносните мерки го одржале бројот на злосторства во паркот на помалку од 100 во текот на целата година.

Панорамски поглед на Централ Парк.

Историја[уреди]

1857-1900[уреди]

Бројот на населениото во Њујорк меѓу 1821-ва и 1855-та година, се зголемил за 4 пати. Градот се развивал и проширувал, па луѓето имале потреба да се одморат од хаотичниот начин на живеење. Мирни места на отворено имало малку, па така луѓето најчесто оделе на гробиштата за да побегнат од градската врева. Потребата за голем јавен парк во Њујорк, прв ја изразил поетот и уредник на весникот Ивнинг Пост (англиски: Evening Post) , сегашен Њујорк Пост (англиски:New York Post), Вилијам Кален Брајант (англиски: William Cullen Bryant), како и првиот американски архитект пејсажист Ендру Џексон Даунинг (англиски: Andrew Jackson Downing), кој почнал јавно да ја искажува потребата на градот за јавен парк во 1844 година. Голем број на влијателни њујорчани почуствувале дека на градот му е потребно модерно место на отворено, слично на Булоњската шума во Париз (француски: Bois de Boulogne) или Хајд Парк (англиски: Hyde Park) во Лондон. Во 1853 година, законодавната власт на Њујорк одлучила паркот да го изгради на простор од 700 акри (280 хектари), меѓу 59-тата и 106-тата улица. Само земјиштето за паркот чинело повеќе од 5 милиони американски долари.


Државата назначила комисија, која го надгледувала процесот на развивање на паркот. Во 1857 година, комисијата одржала конкурс за пејсажно решение на паркот. Фредерик Ло Олмстед и Келверт Вокс го создале идејното решение кое победило на конкурсот.

Според Олмстед, паркот бил од огромно значење, поради тоа што бил првиот вистински парк во оваа земја. Претставувал значаен дел од демократскиот развој. Неговото мислење најверојатно било инспирирано од неговите патувања и престој низ Европа, за време на 1850 година. Олмстед посетил неколку паркови за време на овие патувања и бил особено импресиониран од паркот Биркенхед (англиски: Birkenhead Park) и ботаничката градина Дерби (англиски: Derby Arboretum) во Англија.

Дизајнот на паркот бил под влијание на неколку објекти. Пејсажно уредените гробишта Маунт Обрн (англиски: Mount Auburn Cemetery) во Кембриџ, Масачусетс (англиски: Cambridge , Massachusetts ) и Гринвуд (англиски: Green-Wood Cemetery) во Бруклин, Њујорк (англиски: Brooklyn, New York), поставиле пример за идилични, натуралистични пејсажи.

Највлијателните иновации во дизјнот на Централ Парк биле „засебните системи за обиколка“ наменети за пешаци, рекреативни возила и јавање на коњ.

Изведувањето на планот за Централ Парк било обврска на неколку поединци, вклучувајќи ги Џејкоб Молд (архитект), Игнац Антон Пилат (врвен градинар), Џорџ Воринг (инженер), Ендру Хасвел Грин (политичар) и секако творците на планот, Олмстед и Вокс.


Пред да започне изградбата на паркот, жителите кои живееле во околината морале да го напуштат просторот. Најголем број од нив биле многу сиромашни Афроамериканци или жители со англиско или ирско потекло. Тие живееле во мали села во околината или во училиштето и манастирот на академијата Свети Винсент. Околу 1600 жители од околината биле истерани по пат на експропријација за време на 1857 година. Околните села биле разрушени со цел да се ослободи простор на кој ќе се гради паркот.

За време на изградбата на паркот, Олмстед водел постојани битки со членови на комисија одговорна за паркот , кои биле именувани од страна на градската машинерија. Во 1860 година, Олмстед бил сменет од функцијата надгледувач на Комисијата за изградба на паркот и на негово место дошол поранешниот претседател на советот на Њујорк, Ендру Хасвел Грин (англиски: Andrew Haswell Green). И покрај тоа што Грин немал големо искуство, сепак успеал да го забрза процесот на изградба на паркот, како и да ги заврши преговорите за набавувањето на дополнителни 65 акри ( 260.000 м²) , кои се наоѓале на северниот крај од паркот, меѓу 106-тата и 110-тата улица и биле употребени како „необработен“ дел од паркот. Мочуришниот дел од паркот, како и североисточниот дел биле ископани и реконструирани во Харлем Мер (англиски: Harlem Meer ).

Во периодот меѓу 1860-та и 1873-та година, голем број од пречките за изградбата биле совладани и паркот во огромен дел бил завршен. Изградбата го обединила модерното и безвременското. Се употребувала современа опрема на парна енергија и специјално дизајнирани машини со тркала за помрднување на дрвјата, кои го заменувале огромниот број неквалификувани работници, кои дотогаш ракувале со лопати.


Изградбата била целосно документирана со технички цртежи и фотографии. За време на овој период, повеќе од 18.500 кубни јарди ( 14.000 м³) горен слој на почва, биле донесени од Њу Џерси (англиски: New Jersey ), затоа што почвата во Централ Парк не била доволно плодна и цврста за да ги издржи сите дрвја, грмушки и растенија кои биле предвидени да се засадат во паркот.

Во 1873 година, кога изградбата на паркот била официјално завршена, огромни количества на материјал, вклучувајќи почва и камења биле изнесени надвор од паркот. Во паркот биле засадени над 4 милиони дрвја, грмушки и растенија, од околу 1500 различни видови.

За чистењето на околината биле употребени количества барут, поголеми отколку во битката кај Гетисбург, за време на Американската граѓанска војна (англиски: American Civil War). Овците кои од 1860-та до 1934-та година паселе на ливадите морале да се пренесат надвор од паркот затоа што се стравувало дека осиромашените њујорчани ќе ги употребат како храна.

1900-1960[уреди]

По завршувањето со изградбата, паркот брзо доживеал пад. Една од главните причини за тоа бил недоволниот интерес на една од најголемите политички сили од тоа време во Њујорк, политичката организација Темени Хол (англиски: Tammany Hall).

Кон крајот на 20-иот век, во процесот на изградбата на паркот се појавиле неколку нови предизвици. Автомобилите станувале секојдневна потреба и го загадувале воздухот, луѓето почнувале да го менуваат своето однесување. Парковите повеќе не се користеле само за прошетки и пикници во идилична атмосфера, туку и за спортување и сличен вид на рекреација.

По распаѓањето на комисијата одговорна за изградбата на Централ Парк во 1870 година, заминувањето на Ендру Грин од проектот и смртта на Вокс во 1895 година, значително се намалил трудот кој се вложувал за одржувањето на паркот. Едвај имало обиди да се заменат расипаните дрвја, грмушки и растенија, како и уништените тревници.

Надлежните органи веќе неколку децении ништо не направиле за да го спречат вандализмот и фрлањето на отпадоци во паркот.

Сето ова се сменило во 1934 година, кога за градоначалник на Њујорк бил избран републиканецот Фиорело ла Гуардиа (Fiorello La Guardia), кој ги обединил петте оддели кои биле одговорни за работата на паркот. Роберт Мозес (англиски: Robert Moses), кој бил на прагот да стане еден од најмоќните луѓе во Њујорк, добил задача да го обнови паркот.

За само една година, Мозес успеал да го обнови Централ Парк, како и неколку други паркови во Њујорк. Биле засадени нови тревници и цвеќиња, исушените дрвја и грмушки биле заменети со нови, ѕидовите биле пескарени и мостовите биле поправени. Уште една голема промена која ја направил Мозес било отстранувањето на сиромашната населба Хувр Вајли (англиски: Hoover Valley ). Нејзиното место, со површина од 30 акри (12 хектари), го зазел делот наречен Грејт Лон (англиски: Great Lawn). Се извршило и големо редизајнирање и реконструкција. Резервоарот Кротон бил пополнет, за да може да се создаде тревникот. Целта на планот да се создаде идиличен пејсаж се поврзала со визијата која ја имал Мозес, за парк кој ќе се употребува како место за рекреација.

Како дел од паркот биле направени 19 игралишта, 12 бејзбол терени, како и терени за ракомет. Мозес обезбедил парични средства од економската програма Њу Диал (англиски: New Deal ) , како и донации од јавноста.

1960-1980[уреди]

Шеесетите години од 20-иот век го означиле почетокот на таканаречената Ера на настани( англиски: “Events Era” ), која се одразила на распространетите културни и политички трендови од тој период. Претставата „Шекспир во паркот” која се одржувала секоја година во отворениот театар, почнала да се одржува во театарот Делакорт. Летните настани се одржувале на ливадата Шип Медоу (англиски: Sheep Meadow) како и на Грејт Лон , покрај Њујоршката филхармонија (англиски: New York Philharmonic) и Метрополитен операта (англиски: Metropolitan Opera). Во текот на седумдесетите, паркот станал место на кое се одржувале настани од огромен размер, вклучувајќи политички митинзи и демонстрации, фестивали и масовни концерти.

Летото 1966 година, Џон Линдсеј (англиски: John Lindsay ), градоначалникот на Њујорк кој го служел својот втор мандат, а исто така бил и страстен велосипедист, вовел забрана за движење на автомобили во Централ Парк за време на викендите. Оваа забрана важи и денес и е на огромно задоволство на велосипедистите и оние кои спортуваат во паркот.

Во Њујорк се појавиле економски и социјални немири. Жителите почнале да бегаат од градот и да се селат во предградијата. Моралот се спуштил на ниско ниво, а нивото на криминалот растело. Одделот задолжен за паркот, ( англиски: Parks Department) кој имал намален буџет и кој неумешно управувал со паркот и ја спроведувал својата работна сила навистина неефикасно, го отворил паркот за какви било активности кои би донеле повеќе посетители, без разлика на нивното лошо влијание врз паркот и притоа без никакво соодветно управување, надзор или одржување.

Некои од овие настани претставувале значајна пресвртница за социјалната и културната историја на градот.

До средината на 1970-те финансиската и социјалната слабост на Њујорк, довеле до сериозно занемарување на управувањето со паркот. „Годините поминати во лошо управување со паркот и негово несоодветно одржување, го претвори ремек-делото од пејсажна архитектура во вистинска пустелија преку ден, а опасна зона за време на ноќите,” изјавил одговорниот за одржувањето на паркот. Времето го забрзало уништувањето на инфраструктурата и архитектурата на паркот и започнала ера на вандализам, територијална употреба (кога се играло софтбол или фудбал, се зафаќал отворен простор кој го користеле само учесниците во играта, а останатите посетители на паркот не можеле да го користат тој простор) и нелегални активности.

Се појавиле неколку групи на граѓани кои сакале да ја вратат првобитната состојба на паркот и за таа цел собирале финансиски средства и организирале волонтерски активности. Една од овие групи спровела истражување во врска со управувањето на паркот. Заклучоците од истражувањето покажале дека било потребно да се вработи некој во рамките на одделот на паркот кој ќе биде одговорен за надгледување на планирањето и управувањето со Централ Парк, како и одбор на чувари кои ќе се грижат за безбедноста на граѓаните.

Во 1979 година, застапникот на паркот, Гордон Дејвис (англиски: Gordon Davis), вовел таканаречена Служба на Централ Парк и за нејзин управник назначил извршен директор од друга граѓанска организација – Работното тело на Централ Парк. Управното тело на Централ Парк (англиски: Central Park Conservancy) било основано следната година, со цел да ја поддржи службата и иницијативите на застапникот на паркот, како и да обезбеди цврсто раководство со помош на постојан одбор, основан од граѓани, кој исто така би вклучувал повереници по службена должност, застапник и управник на паркот, како и кандидати именувани од страна на градоначалникот.

Централ Парк во 2004.

1980-2000[уреди]

Под раководство на Управното тело на Централ парк, обновата на паркот започнала со скромни, но исклучително значајни први чекори, преку исполнување на потребите кои не можеле да се задоволат во рамките на постојната структура и извори на службата на паркот. Биле вработени практиканти и мала група на персонал кој бил одговорен за реставрација, со цел да ги реконструира и обнови единствените, рустичните делови од паркот , започнувајќи хортикултурни проекти и отстранување на графити. Во изјавата на претседателот на Управното тело на Централ Парк, Даглас Блонски (англиски: Douglas Blonsky), стоело дека графитите во паркот, не траат ни 24 часа.

До почетокот на 1980-тите, Управното тело било посветено на напредување во дизајнот и долготрајно планирање на реставрација, при што помагал неговиот персонал, како и надворешни советници. Тоа овозможило поттик и водење на неколку рани проекти за реставрација, финансирани од страна на градот, подготвувајќи детален план за обновување на паркот. По завршетокот на фазата за планирање, во 1985 година, Управното тело ја промовирало „главната” кампања, очекувајќи зголемување на одговорноста за финансирање на реставрацијата на паркот, како и целосна одговорност за дизајнирање, предлози и надгледување на сите најважни проекти во паркот.

Реставрацијата била придружена од одлучувачко реорганизирање на управувањето, при што паркот бил поделен на области. За секоја област бил назначен по еден надзорник, одговорен за одржување на обновените делови од паркот.

Намалувањето на буџетот на градот во раните 1990-ти, довело до намалување на персоналот кој бил задолжен за одржување на паркот, па Управниот одбор почнал да вработува нов кадар за да ги замени овие работнци. Раководењето со обновените пејсажи од страна на таканаречените „зонски градинари” на одборот се покажа толку успешно, што во 1996 година, основниот персонал за раководење и работење бил реорганизиран. Низ целиот парк се спровел системот на зонско раководење, кој бил поделен на 49 зони. Секој дел од паркот имал одредено лице кое било одговорно за неговото секојдневно одржување. Секој од зонските градинари надгледувал по еден доброволец и целосно се посветувал на распоредот за работа. Градинарите добивале поддршка од екипи, специјализирани во областа на одржувањето кои имале потреба од специјална стручност или опрема.

Активности[уреди]

  • Птици: Пошумениот дел од паркот наречен „Рембл" (англиски: "The Ramble") е популарен меѓу љубителите на птици. Во овој дел на паркот, за време на пролетта и есента можат да се видат многубројни видови шумски птици, особено птици песнопојки.
  • Возење со чамец: Чамци и кајаци можат да се изнајмат на секој час во заклонот за чамци Лоб (англиски: Loeb Boathouse), во кој исто така се наоѓа и ресторан со поглед на езеро. Уште во 1922 година, популарно било пловењето на макети на моторни чамци, по водите низ паркот.
  • Коњски кочии: Индустријата за кочии повторно оживеала во Њујорк, во 1935-та година. Во голем број на филмови, има сцени во кои се појавуваат овие коњски кочии.Во 1967 година, првата жена која возела кочија, Меги Коган (англиски: Maggie Cogan), учествувала во еден краток документарец. Бројни активисти за правата на животните ја доведувале до знак прашање етиката на оваа традиција, како и влијанието кое таа го имала врз здравјето на коњите и нивната благосостојба.
  • Двоколки: Двоколките се движат најчесто во јужниот дел од паркот, во истиот дел по кој се движат коњските кочии.
  • Спортови: Патеката низ паркот, долга над 6 милји (9.7 километри) е вистински рај за оние кои трчаат, возат велосипед или ролери. Најчесто, за време на викендите, во паркот се одржуваат трки, кои ги организира Групата на тркачи на Њујорк (англиски: New York Road Runners (NYRR)). Њујоршкиот маратон (англиски: The New York City Marathon) завршува пред ресторанот Таверн он д грин (англиски: Tavern on the Green). Голем број професионални трки се одржуваат во паркот, вклучувајчи го и американскиот шампионат од 2008 година. Во паркот има голем број на бејзбол терени, како и терени за одбојка, тенис и куглање на трева.
  • Качување по карпи: Скаменетите карпи во Централ Парк ги привлекуваат планинарите; Карпестото тло на Менхетн, кое е всушност скаменет шкрилец, во некои делови од паркот значително наѕира од земјата. Двете најпознати карпи кои ги искачуваат планинарите се Рет Рок (англиски:Rat Rock ) и Кет Рок (англиски:Cat Rock); постојат и други карпи, Дог Рок (англиски:Dog Rock), Дак Рок (англиски:Duck Rock), Рок ен рол Рок (англиски: Rock N' Roll Rock) и Бивр Рок (англиски: Beaver Rock), кои се наоѓаат во близина на јужниот крај на паркот.
  • Лизгање на мраз: Во Централ Парк се наоѓаат две лизгалишта, Волмен Ринк (англиски:Wollman Rink) и Ласкер Ринк (англиски:Lasker Rink), кое во лето се преобразува во базен на отворено.
  • Вртелешка: Вртелешката во Централ Парк, која е поставена во 1951 година, е една од најголемите во Соединетите Американски Држави. На неа има 58 рачно изработени коњи и две двоколки, кои се изработени во 1908 година, од страна на Соломон Стајн (англиски:Solomon Stein) и Хери Голдстајн (англиски: Harry Goldstein). Вртелешката, најпрво била поставена на Кони Ајленд (англиски:Coney Island ) во Бруклин (англиски: Brooklyn).
  • Игралишта: Во Централ Парк има 21 игралиште за деца , кои се наоѓаат насекаде низ паркот. Најголемото зафаќа површина од 3 акри (12.000 м²) и се нарекува Хекшер Плејграунд (англиски: Heckscher Playground). Името го добило по Август Хекшер (англиски: August Heckscher).
  • Зоолошка градина: Зоолошката градина во Централ Парк е една од четирите зоолошки и еден аквариум со кои раководи Здружението за заштита на животинскиот свет (англиски: Wildlife Conservation Society-WCS). Здружението е признато од страна на Асоцијацијата на зоолошки градини и аквариуми (англиски: Association of Zoos and Aquariums-AZA). Во рамки на зоолошката градина се наоѓаат внатрешна прашума, посебно место за мравки, ладна куќа за пингвини, како и базен за поларни мечки.
  • Забава: Секое лето, во Отворениот театар (англиски: The Public Theater), се одржуваат бесплатни претстави на отворено, во кои често учествуваат познати актери. Во театарот Делакорт (англиски: Delacorte Theater) , секое лето се одржува Њујорк Шекспир Фестивал (англиски: New York Shakespeare Festival ). Најголем број од претставите кои се одржуваат се претставите на Вилијам Шекспир (англиски: William Shakespeare ). Театарот е основан 1962 година, од страна на Џозеф Пап (англиски: Joseph Papp) и уште оттогаш, настапите кои се одржуваат таму важат за исклучително квалитетни.


Њујоршката Опера (англиски: New York Philharmonic ), секое лето одржува концерт на отворено, на тревникот Грејт Лон, а Метрополитен Опера (англиски: Metropolitan Opera ) се претставува со две опери. Голем број светски музички ѕвезди одржале концерти во паркот, вклучувајќи ги Барбра Страјсенд (англиски: Barbra Streisand) во 1967 година, Супримс (англиски: The Supremes) во 1970-та, Керол Кинг (англиски: Carole King) во 1973-та , Боб Марли енд д Вејлерс (англиски: Bob Marley & The Wailers) во 1975-та, Елтон Џон (англиски: Elton John) во 1980-та, Сајмон енд Гарфанкел (англиски: Simon & Garfunkel) во 1981-вата, Дајана Рос (англиски: Diana Ross) во 1983-та, Гарт Брукс (англиски: Garth Brooks) во 1997-та, Дејв Метхуз Бенд (англиски: Dave Matthews Band) во 2003-та, Бон Џови (Bon Jovi ) во 2008-та и Андреа Бочели (италијански: Andrea Bocelli) во 2011-та. Од 1992-та година, кантавторот Дејвид Иполито (англиски: David Ippolito) речиси секој викенд зааа време на летниот период настапувал пред големи групи на поминувачи и редовни посетители и станал њујоршка икона. Често, го нарекувале едноставно „Човекот со гитара од Централ Парк ". Летото, во 1985-та година, Брус Спрингстин (англиски: Bruce Springsteen) сакал да одржи концерт на отворено, на тревникот Грејт Лон. Сепак, идејата била отфрлена затоа што се претпоставило дека кој било бесплатен концерт на Спрингстин би го посетиле околу 1.3 милиони луѓе, со што би се уништил паркот и околните населби.

Секое лето, Сити парк фондација (англиски: City Park's Foundation) организира настан наречен Самерстејџ (англиски: Summer Stage), кој се состои од низа бесплатни настапи, кои вклучуваат музички, танцови, поетски и филмски изведби.Во 2010 година, Самерстејџ ја прослави својата 25 годишнина. Во текот на своето постоење, Самерстејџ поддржал голем број нови, но и искусни и познати артисти, како на пример Селија Круз (англиски: Celia Cruz ), Дејвид Брн (англиски: David Byrne), Куртис Мејфилд (англиски: Curtis Mayfield), Лејдисмит Блек Мамбезо (англиски: Ladysmith Black Mambazo), Џорџ Клинтон (англиски: George Clinton) и Пи-фанк (англиски: P-Funk), како и Нобеловиот лауреат и добитничка на Пулицеровата награда Тони Морисон (англиски: Toni Morrison ), Феми Кути (Femi Kuti), добитникот на Пулицер Жуно Дијаз (Junot Díaz ), Вемпајер Викенд (англиски: Vampire Weekend), Морфозис (англиски: Morphoses) и многу други.

Со оживувањето на градот во новиот век, Централ Парк станал место во кое се родиле голем број уметнички групи кои биле посветени на настапувањето во него, особено квинтетот Централ Парк Брес (англиски: Central Park Brass), кој секоја година одржувал серија концерти, како и Њујорк Класикл Театар (англиски: New York Classical Theatre), кој еднаш годишно одржувал низа претстави.

Во Централ Парк, близу авенијата Централ Парк Вест (англиски: Central Park West) и Западната 67-ма Улица (англиски: West 67th Street) се наоѓал познатиот њујоршки ресторан “Таверн он д Грин” (англиски: Tavern on the Green). Ресторанот за последен пат работел на 31-ви декември, 2009 година.

Во август, 1997 година, големата кантри музичка ѕвезда Гарт Брукс (англиски: Garth Brooks) одржал бесплатен концерт во Централ Парк. На концертот присуствувале приближно 980.000 посетители.

Уметност[уреди]

  • Вајарство: Вкупно 29 скулптури, изработени од вајари како што се Август Сен-Годен (англиски: Augustus Saint-Gaudens), Џон Квинси Адамс Ворд (англиски: John Quincy Adams Ward) и Ема Стебинс (англиски: Emma Stebbins), биле издигнати во паркот низ годините. Најголем дел од нив биле донации од поединци или организации. Голем број од скулптурите, изработени од автори и поети, биле поставени во област која сега е позната како Литерери Вок (англиски: Literary Walk). Некои од спомениците се следниве:

- „Ејнџел оф д Вотерс” (англиски: "Angel of the Waters") , што во превод значи „Ангел на водите“ и е дело на Ема Стебинс, се наоѓа на Бетезда Терес (англиски: Bethesda Terrace). Тоа е првата голема скулптура, чија авторка е жена Американка.

- „Балто“ е скулптура од 1925 година. Претставува фигура на куче што влече санка, кое станало познато во 1925 година .

- „Кинг Јагело“ (англиски: King Jagiello) е бронзен споменик кој се наоѓа на источниот крај на Туртл Понд (англиски: Turtle Pond).

- „Алиса во земјата на чудата“(англиски: "Alice in Wonderland" )

- Скулптурата на Дјук Елингтон (англиски: Duke Ellington), чиј автор е скулпторот Роберт Грејам (англиски: Robert Graham), е поставена 1997 година во близина на Петата авенија и 110-тата улица.

- „Клеопатрас Нидл“ (Обелиск на Клеопатра) (англиски: Cleopatra's Needle), претставува обелиск направен од црвен гранит. Овој обелиск е еден од трите Обелисци на Клеопатра. По еден има и во Париз и Лондон. Секој обелиск е висок околу 21 метар, а тежи околу 180 тони. Тие првобитно биле поставени пред храмот на Ра, во Хелиополис, во Древен Египет, околу 1450-та година пред нашата ера, од страна на фараонот Тутмозис III (англиски: Thutmose III). Хиреоглифите на обелисците ги испишал фараонот Рамзес II (англиски: Ramesses II ), двесте години подоцна, за да ги прослави своите воени успеси. Трите обелисци биле поместени за време на владеењето на римскиот император Октавијан Август (Augustus Caesar), кога Древен Египет бил под власт на Римската империја. Тие биле донесени во Александрија (англиски: Alexandria) и биле поставени пред Цезариумот, во чест на Гај Јулиј Цезар (англиски: Gaius Julius Caesar). Цезариумот, е храм, кој бил првобитно изграден од страна на египетската фараонка Клеопатра VII (Cleopatra VII), во чест на Марко Антониј (англиски: Mark Antony). Постојат две приказни за тоа како обелискот на Клеопатра стигнал до Централ Парк. Според првата, тој е подарок од египетскиот кедив Исмаил Паша. Втората приказна вели дека Вилијам Хенри Вандербилт (англиски: William Henry Vanderbilt ) го украл обелискот со своја интрига, платил за тој да биде испорачан и поставен во Централ Парк. Обелискот пристигнал во Њујорк во јули, 1880-та година. Биле потребни 32 коња да го довлечат обелискот до паркот. Тој бил поставен на официјална церемонија, на 22-ри јануари, 1881 година.

- „Стробери Филдс“ (англиски: Strawberry Fields), што во превод значи полиња од јагоди. На 9-ти октомври, 1985 година, денот кога Џон Ленон (англиски: John Lennon) ќе требаше да наполни 45 години, градот Њујорк посветил простор од 2.5 акри во негов спомен. Земји од целиот свет подариле разновидни дрвја, а Италија донирала иконски мозаик. Оттогаш, овој простор станал место на кое спонатно се одржувале собири во спомен на значајни личности. По терористичките напади на Америка, на 11-ти септември 2001 година, на ова место се одржувало и бдеење со свеќи.

- „Д Гејтс“ (англиски: The Gates ). Во 2005 година, од 15 до 27 февруари, во Централ Парк била поставена инсталацијата на Христо и Жан-Клод, наречена Д Гејтс. Иако околу проектот се појавиле различни реакции, тој претставувал огромна атракција во паркот.

Геологија[уреди]

Постојат четири различни видови на карпесто тло на Менхетн. Два вида се појавуваат во издигнатите места во Централ Парк, менхетнски шкрилец и хартландски шкрилец (двата претставуваат еден вид метаморфни, седиментни карпи) . Другите два вида на карпесто тло се гнајс (англиски: Gneiss), постар, подлабок слој, кој не излегува на површината во паркот, а врз него се наоѓа еден вид на мермер (метаморфен варовник).

Гнајсот, кој е составен од преобразена магматска карпа, е настанат пред милијарда години. Тој е најстарата карпа во облста Кандаски Штит (англиски: Canadian Shield), најстариот дел од северноамериканската тектонска плоча.

Во минатото, земјиштето на Централ Парк го покривале голем број глечери. Последниот бил глечерот Висконсин, кој се повлекол пред околу 12.000 години. Докази за постоењето на поранешни глечери се огромните блокови од карпи, кои се остатоци од повлечените глечери, како и длабнатините кои се видливи на камените издигнатини низ паркот.

Растителен свет[уреди]

Во Централ Парк се наоѓаат над 25.000 дрвја. Од нив, 1.700 се Американски брест (англиски: American Elm), кои се изолирани и заштитени од холандската болест која ги зафаќа дрвјата и ги уништува.

Неколку видови на локални и егзотични дрвја кои се наоѓаат во Централ Парк:

  • Клен (англиски: Hedge maple) - дрво од родот јавори ; (латински: Acer campestre)
  • Јапонски јавор (англиски: Japanese maple) (латински: Acer palmatum)
  • Норвешки јавор (англиски: Norway maple) (латински: Acer platanoides )
  • Горски јавор (англиски: Sycamore maple) (латински: Acer pseudoplatanus)
  • Шеќерен јавор (англиски: Sugar Maple) (латински: Acer saccharum )
  • Див костен (англиски: Horse-chestnut) (латински: Aesculus hippocastanum)
  • Кисело дрво (англиски: Tree of heaven) латински: Ailanthus altissima)
  • Гинко (англиски: Ginkgo) (латински: Ginkgo biloba)
  • Габер (англиски: Hornbeam) (латински: Carpinus betulus)
  • Бел бор (англиски: White pine) (латински: Pinus strobes)
  • Бел даб (англиски: White oak) (латински: Quercus alba)
  • Багрем (англиски: Black Locust) (латински: Robinia pseudoacacia)

Животински свет[уреди]

Првиот список на птици набљудувани во Централ Парк го изработил Август Гибсон Пејн Џуниор (англиски: Augustus Gibson Paine, Jr.). Пејн бил страстен орнитолог и заедно со својот пријател Луис Вудраф (англиски: Lewis Woodruff) изготвиле список кој броел преку 100 видови птици. Овој список се сметал за прв официјален список и бил објавен на 10-ти јуни, 1886 година, во списанието Форест енд Стрим (англиски: Forest and Stream). Во август, 1974 година, во списанието Њујоркер (англиски: The New Yorker) била напишана статија која го свртела вниманието кон овој список на птици. Низ децениите списокот бил ажуриран и менуван. Паркот го посетуваат голем број птици преселници за време на преселбите во пролет и есен. Повеќе од една четвртина од сите видови на птици кои живеат во Соединетите Американски Држави, можат да се најдат во Централ Парк. Еден од овие видови птици е црвеноопашестиот јастреб, кој повторно се појавил во паркот. Централ Парк било местото во Северна Америка, каде што се ослободиле европските сколовранци, кои потекнуваат од Евроазија и претставуваат инвазивни видови. Во април, 1980 година, Јуџин Скифелин ослободил 80 птици, а во март, следната година ослободил и други 80.

- Ракун: Животно кое живее на дрвјата, а ноќе се спушта на земјата за да се прехрани. Од неодамна, станале сè почести во Централ Парк, со што Одделот на паркот бил принуден да објавува предупредувања за беснило во одредени области.

- Сива верверица: (латински: Sciurus carolinensis): Верверица која живее на дрвја и води потекло од источните и средноисточните краеви на Соединетите Американски Држави.

- Американски опосум: Ноќно животно, од родот торбари, кое се одмора на дрвјата во текот на денот, а навечер се симнува на земјата и бара храна.

Во 2002 година, во Централ Парк, бил откриен нов род и вид на стоногалки (латински: Nannarrup hoffmani ). Со големина од околу четири десетини од еден инч (10 милиметри), овој вид стоногалки се едни од најмалите во светот.

Разно[уреди]

Градот многу тешко давал дозвола за одржување разни собири во Централ Парк. Во 2004 година, организацијата Јунајтед фор пис енд џастис (англиски: United for Peace and Justice), што во превод значи Обединети за мир и правда, сакала да одржи митинг на просторот на Грејт Лон, за време на Републиканската национална конвенција. Градот, не го одобрил барањето за дозвола, со образложение дека толку голем собир би бил штетен за тревата, а би било многу тешко да се соберат средства за да се поправи штетата. Судовите ја поддржале одлуката на градот.

Централ Парк е најчестата локација која е дел од филмската индустрија. Над 305 филмови се снимени во рамките на територијата на Централ Парк. Некои од најпознатите филмови се : „Хана и нејзините сестри“ (англиски: Hannah and Her Sisters), „Кога Хари ја сретна Сали“ (англиски: When Harry Met Sally), „Сам дома 2“ (англиски: Home Alone 2) „ Крамер против Крамер“ (англиски: Kramer vs. Kramer), „ Господин Дидс“ (англиски: Mr. Deeds), „Среќна случајност“ (англиски: Serendipity ).

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Најпосетувани туристички атракции во светот“, „Travel + Leisure by various contributors“, октомври 2011 (конс. 13 јануари 2012).
  2. Бр. 2, Централен Парк, Њујорк“, „Travel + Leisure“, октомври 2011 (конс. 13 јануари 2012).
  3. Околу Central Park Conservancy, Central Park Conservancy. 15 јули 2010.
  4. Хенри Хоуп Рид, Роберт М. Мекги и Истер Мипас. The Bridges of Central Park. (Greensward Foundation) 1990.

Надворешни врски[уреди]