Прејди на содржината

Херес де ла Фронтера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Херес
Jerez de la Frontera
Општина
Катедралата во Херес
Катедралата во Херес
Знаме на ХересГрб на Херес
Местоположба на Херес де ла Фронтера во рамките на покраината Кадис
Местоположба на Херес де ла Фронтера во рамките на покраината Кадис
Херес is located in Андалусија
Херес
Херес
Местоположба во Андалусија
Херес is located in Шпанија
Херес
Херес
Местоположба во Шпанија
Координати: 36°42′N 6°7′W / 36.700° СГШ; 6.117° ЗГД / 36.700; -6.117
Држава Шпанија
Автономна заедница Андалусија
ПокраинаКадис
КомаркаКампиња де Херес
Судски округХерес де ла Фронтера
ЗаедницаМунисипиос де ла Баија де Кадис
Управа
 • ГрадоначалникМарија Хосе Гарсија-Пелајо Хурадо (PP)
Површина
 • Вкупна1.188,23 км2 (45,878 ми2)
Надм. вис.&1000000000000005600000056 м
Население (2013)
 • Вкупно215.180
 • Густина1,8/км2 (4,7/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски број11401 – 11409
Службен јазикшпански
Мреж. местоjerez.es

Херес де ла Фронтера или само Херес (шпански: Jerez de la Frontera) — град и општина во покраината Кадис, во автономната заедница Андалусија, во југозападна Шпанија, сместена на средина помеѓу морето и планините. Градот е најголем во покраината со близу 215.000 жители, петти по големина во Андалусија. Станал сообраќаен и комуникациски јазол на покраината, надминувајќи го дури и Кадис, покраинскиот главен град, во економска смисла. Херес де ла Фронтера е исто така, во поглед на површина, најголема општина во покраината и нејзината голема површина содржи голем дел плодна почва за земјоделство. Исто така, постојат и многу фарми и ергелиња, а воедно е развиено и винарството.

Градот се наоѓа 12 километри од Атлантскиот Океан, во комарката Кампиња де Херес, регион погоден за обработка на винова лоза, кој го создава познатиот Херес. Влегува во рамките на Мунисипиос де ла Баија де Кадис со метрополитенска област од над 650.000 жители. Некои познати места во градот се Алказар де Херес (маварска тврдина), црквата Сан Мигел, манастирот Херес и катедралата Сан Салвадор.

Од 1987 година, во градот со својата патека за мотоциклизам е дел од Гран при првенството за наградата на Шпанија на почетокот на мај.

Херес де ла Фронтера како и остатокот на покраината Кадис има суптропскасредоземна клима со океански влијанија, со многу свежи и влажни зими и долги топли до жешки и суви лета. Просечната годишна температура е 24 °C во текот на денот и 12° ноќе. Просечните годишни врнежи изнесуваат 598 mm, најмногу во периодот октомври-ароил. Декември е највлажен месец со 109 mm. Годишно има 54 врнежливи денови, 137 ведри и 2.966 часа сонце.

Клима на Херес де ла Фронтера (Аеродром Херес во близина на градот)
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Просечна максимална (°C) 15,9 17,5 20,2 21,5 24,6 28,8 33,0 33,1 30,2 25,0 20,1 16,8 23,9
Просечна температура (°C) 10,7 12,0 14,0 15,4 18,4 22,0 25,5 25,7 23,5 19,1 14,7 11,9 17,7
Просечна минимална (°C) 5,4 6,6 7,7 9,4 12,1 15,3 18,0 18,4 16,8 13,3 9,2 7,1 11,6
Просечно кол. врнежи (мм) 89 60 42 54 37 13 2 6 22 67 86 109 598
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) 7 7 5 6 4 2 0 0 2 6 7 9 54
Сончеви часови (месечно) 181 181 233 243 297 310 353 337 258 228 187 162 2.966

Меѓународни односи

[уреди | уреди извор]

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Херес де ла Фронтера е збратимен со следниве градови:

  1. „Збратимени градови“. Biarritz.fr. Архивирано од изворникот на 2013-07-29. Посетено на 11 мај 2013.
  2. „Mayor's Newsletter“. www.elpasotexas.gov. Архивирано од изворникот на 2012-02-13. Посетено на 17 февруари 2012.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]