Улугбек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Улугбек (22 Март 1394 - 27 Октомври 1449) бил тимуридски владетел, меѓутоа тој е познат како голем астроном и математичар. Неговото вистинско име беше Мирза Мохамед Тарагај Бин Шахрух. Улугбек иако бил владетел, сепак тој е најмногу познат по неговата работа во астрономијата поврзани со математиката, како што е тригонометрија и сферични геометрија. Во периодот помеѓу 1424 и 1429 година, тој во Самарканд ја изградил познатата т.н Улугбегова опсерваторија. Таа, од страна на научниците се сметала за една од најдобрите во исламскиот свет, а во тоа време била најголемата во Централна Азија. Тој исто така бил математички гениј на 15 век [1]. Улугбек владеел Узбекистан, Таџикистан, Туркменистан, Киргистан и јужна Казахстан, а во краток период ја освоил провинцијата Херат во Авганистан.

Наводи[уреди | уреди извор]