Тамерланово освојување на Сивас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Тамерлановото освојување на Сивас се случило во летото 1400 година и е почеток на судирот помеѓу Тамерлан и османлискиот султан Бајазит I.

Хронологија[уреди | уреди извор]

Тамерлановите непријатели во Иран и Ирак во доцниот 14 век.
Тамерлановите походи во Анадолија и Блискиот Исток

По целосното уништување на Златната Орда на север и опустошувањето на Делхискиот султанат на југ, Тамерлановото царство била безбедна. Тамерлан својата идната капања сакал да биде насочена против династијата Минг во Кина, меѓутоа решил да дејствува во правец на запад, каде што ситуацијата се усложнила. Во октомври 1399 година, четири месеци по неговото враќање од Индија, Тамерлан започнал нов воен поход. Султанот Ахмед, со помош на мамелучкиот владетел Баркук, успеал повторно да ја наметне својата власт во Багдад. Но, кога разбрал за доаѓањето на Тамерлановите сили го напуштил градот и се засолнил кај османлискиот султан Бајазит I. Заштитата на Тамерлановите непријатели била една од главните причини за војната помеѓу Тамерлан и Бајазит. Но веројатно, главна причина за нивниот судир е борбата за превласт на Блискиот Исток. Тамерлан кој ги поразил сите свои непријатели, неможел да дозоволи, на запад од неговата империја [1], да постои моќна држава како онаа на Османлиите која се повеќе се издигала. Судирот помеѓу нив бил неизбежен.

Во летото 1400 година, Тамерлан презел еден брз поход во Анадолија, фокусирајќи се врз градот Сивас. Во август, Тамерлан ја започнал опсадата на градот која траела три недели и во текот на која градските ѕидини биле поткопани. Жителите на градот плашејќи се од суровоста на Тамерлан решиле да се предадат, а претходно добиле ветување дека "нивната крв нема да тече". Сивас имал мешано населени, во него живееле муслимани и христијани (главно Ерменци). По влегувањето на Тамерлановите сили во градот, животите на муслиманите биле поштедени, меѓутоа Еремнците и останатите христијани биле затворени. Градскиот воен гарнизон бил главно составен од Еременци. Тиммур наредил овие ерменските војници, околу 3 000 души, да бидат живи закопани. По овој настан Тамерлан истакнал дека тој го запазил своето ветување, односно дека не била пролеана ниту една капка крв. Сивас бил уништен и сведен на урнатини. Директното соочување со Бајазит морало да почека, во меѓувреме во Египет дошло до немири кои биле предизвикани со смрта на султанот Баркук, кој починал во 1399 година [2], состојбата била погодна за Тамерлан.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Marozzi (2005), p. 280-286
  2. Marozzi (2005), p. 287-289