Знамиња на Тамерлановата војска
Знамињата на Тамерлановата војска не се доволно познати. Во текот на своите воени походи, Тамерлан користел знаме на кое биле претставени три прстена. Ова знаме се сретнува во две варијанти. Во едната варијанта трите прстени се во црвена боја со црна позадина [1], додоека во втората варијанта, прстените се во бела боја и сина позадина [2]. Според некои историчари, трите прстени ги симболизираат земјата, водата и небото. Според други извори, овој симбол, Тамерлан го позајмил од Тибеќаните кај кои трите прстени ги симболизираат минатото, сегашноста и иднината.
Во некои од минијатурите, Тамерлановите војници се претставени со црвени знамиња. Во текот на индискиот поход, Тамерлановата војска користела знамиња на кои бил претставен среберен змеј со црна позадина. Пред започнувањето на кинескиот поход, Тамерлан на своите војници им наредил да земат со себе знамиња со претстава на златен змеј.
Според една легенда, пред почетокот на Битката кај Ангора Тамерлан се сретнал со османлискиот султан Бајазит I. Османлискиот султан наспроти Тамерлановото знаме изјавил: „Каква дрскост, да мислиш дека му припаѓаш на целиот свет“. Како одговор, Тамерлан, укажувајќи на османлиското знаме, истакнал: Уште поголема дрскост е да се мисли дека месечината ти припаѓа на тебе.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Flag of the Timurid Empire according to the Catalan Atlas c.1375 created by James Dahl The three bezants arranged in a triangle is the "Symbol of Peace". I have seen a variant shown of this flag which has the bezants pointing upwards, and they are white on a light blue background, but I have found no evidence to support this, and it is doubtless a reconstruction based on coinage (which also features the Symbol of Peace) with the colours a matter of congecture. However, in historical accounts of the flag of Tamerlane, he is always described as bearing a flag of black, red and white, which Europeans incorrectly interpret as a tricolour for lack of a description of the flag's devices. (the white is probably a fringe). Since I have never found reason to doubt the accuracy of the Catalan Atlas in terms of flags (it has proven in fact to be the most trustworthy document of the time period) I have concluded that this in fact was Timur's flag. WARNING: This image is highly speculative. The main source pointing to this design is the Catalan Atlas, which as a historical primary source cannot be considered a reliable reference, especially if it is the only source used. This image should not be added to articles without clearly indicating its speculative nature. Note that FOTW (where most of those images on Commons are taken from) is based on user contributions like Wikipedia, and hence not authoritative either.
- ↑ Alleged flag of the Great Timur Empire - Image by Ivan Sache, 4 July 2004
|