Прејди на содржината

Структура на Тамерлановата војска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Структура на Тамерлановата војска се состоела од два основни воени рода коњаница и пешадија [1]. Јадрото на коњаницата се состоела од турско-монголски лесни коњички стрелци, најчесто од областа Трансоксијана. Покрај нив, постоеле и тешко вооружени коњаници, кои ја сочинувале воената елита, а од нив биле регрутирани и личните телохранители на Тамерлан. Кон крајот на 14 и почетокот на 15 век, улогата на пешадијата драстично се зголемила. Пешадијата имала особено важна улога при опсадите на градовите и тврдините, меѓутоа пешадијата сепак имала помошна улога во воените дејствија. Но, војската на Тамерлан се состоела од тешко вооружена пешадија.

Тамерлановата коњаница
Тамерлановата пешадија

Во градските центри биле формирани милиции (нерегуларни сили), наречени сардабар. Овие сили требало да го одржуваат редот и мирот во градовите, да ги задушуваат можните немири и бунтови. Градските милиции требало да го бранат градот, доколку бил нападнат од непријателски сили, а учествувале и како помошни сили во походите на Тамерлан. Во воените походи, Тамерлан користел и бојни слонови. Воениот екипаж на слоновите се состоел од 4 до 6 војници кои се наоѓале во кула на задната страна од животното, не сметајќи го и возачот, кој седел оделно.

Во неговата војска имало инженери, фрлачи на течен оган и работници кои биле потребни за време на опсадите. За извршување на борбените операции во планините, била формирана специјална пешадија за да дејствување на ваков терен. Бројноста и силата на неговата војска не може точно да се утврди. Според некои извори, за време на походот против Златната Орда, Тамерлан собрал војска од 200 000 луѓе.

Тамерлан во својата држава формирал специјален систем на воени лена (феуд), сличен на тимаро-спахискиот систем во Османлиското царство. Старешните на џагатајските племиња добиле земја која била во делумна нивна сопственост, а била обработувана од селани, овие земји биле познати како сујургалами. Уживателите на овие земји биле должни да извршуваат воена служба, колку биле поголеми приходите, толку биле големи и обврските. Едно лице во зависност од приходите, било задолжено да обезбеди одреден број на војници или да лично да учествува во походите. Војниците добивале и редовни плати, а на ветераните им биле исплаќани и пензии.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Армия Тамерлана“. Архивирано од изворникот на 2009-09-08. Посетено на 2013-03-18.