Стратегија и тактика на Тамерлановата војска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Стратегија и тактика на Тамерлановата војска му овозможиле на Тамерлан да не изгуби ниту една војна во текот на своите походи кои тој ги водел во текот на 35 години.

Поради челичната дисциплина и врвната обука, војската прецизно ги извршувла наредбите на својот врховен командант. Оваа состојба му овозможила на Тамерлан (Тимур) да ги порази силите на Туктамиша, владетелот на Златната Орда, кои биле навикнати на традиционалната монголска тактика - да го привлечат непријателот во пуста земја и да му постават заседа.

Тамерлан бил совршено запознаен со состојбите и државното уредување во областите кои сакал да ги освои. Тој се служел со услугите на многу шпиони. Посветувал големо внимание на стратегија и тактиката на своите непријатели. Во текот на една битка, војска на Тамерлан била поделена на три големи формации (линии), секоја формација се состоела од три ешалона. Така, војниците на бојното поле биле распоредени на девет длабински нивоа (линии), со различна големина. Значителни сили биле чувани во позадина како резерва за уфрлање во вистинско време како засилување на центарот или крилата.

Битката започнувала со стрелање од предните позиции, а потоа се приклучувале челните одреди (ударни сили). Левото и западното крило, имале свој челен одред кој стапувал во дејство по потреба, како помош на главниот челен одред. Ако овие сили не биле доволни, Тамерлан ги уфрлал левата половина на десното крило и десната половина на левото крило. Ако и тие не биле доволни, напаѓал со останати сили од крилата. Ако било неопходно, ја внесувал резервата кој била под негова команда.

Тамерлан, воените формации постепено ги внесувал битката, кога непријателот бил многу исцрпен, тогаш во битката ги внесувал резервните сили, кои биле составени од избрани војници. Најслаба била централната линија. Прв во една битка, вовел засилувања од средината на крилото, чување на боковите и резервите со цел да се спречи можноста од опкружување, дури и растурање на центарот на војската за подоцна главниот удар да биде нанесен со свежи резервни сили. Оваа тактика му овозможила на Тамерлан да постигне успех во борбата против своите непријатели [1][2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Военное искусство вооруженной организации монголов и турок
  2. D. Nicolle, A. McBride «The Age of Tamerlane» — «Osprey Publishing», 1990