Организација на Тамерлановата војска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Организација на Тамерлановата војска била според децимален сиситем, сличен на оној на војската на Џингис Хан. Силите биле подделени на десетици, стотици, илјадници и десетици илјади (тумен). Старите монголски војнички имиња биле заменети со турски. Иако Тамерлановата војска како основа ја имала монголската воена организација, таа поминала низ некои промени. Силите биле подделени во единици во јачина од 50 - 1000 души, нарчени кошунами, бројноста на поголемите единци варирала.

Тамерлан како го опседнува Кенеургенч
Кинески коњаници вооружени со копја, кои се состоеле од двострани сечила. Некои научници, претпоставуваат дека војниците на Тамерлан користеле вакво копје

Сојузничките војски (војски испратени од вазалите на Тамерлан) служеле како помошни сили и биле познати како хашари. Целата војска била подделена на неколку дела (фауџ). Во Битката кај Кондурча, војската на Тамерлан се состоела од седум фауџа, од кои два биле во позадина и во постојана подготвеност, спремни да ја извршат наредбата на Тамерлан, односно да им помогнат на крилата или центарот [1]. Секое воено одделение имало оделно оружје, седла, ремени и други обележја, обоени во посебна боја.

Некои високи заповедници биле познати како сардарс (сердари). Останатите заповедници биле именувани како емири, титула од 12-ти степен. Единиците во јачина од 100 души биле под команда на минг-башите, единиците во јачина од сто души под команда на јоз-башите, а единиците од десет души под команда на он башите. Секој командант имал помошник-началник, подготвен да го замени, ако било потребно. Воените командни позиции биле пополнувани од страна на синовите на емирите или благородништвото. За највисоки воени заповедници биле поставувани роднините или блиските соработници на Тамерлан.

Наводи[уреди | уреди извор]