Прејди на содржината

Туризам во Албанија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Туризмот во Албанија се одликува со археолошкото наследство уште од времето на старите Илири, Грци, Римјани и Отоманци, потоа со преубавите плажи на албанското крајбрежје, огромните и прекрасни планини, вкусната албанска кујна, бункерите од светските војни, гостопримството, традицијата, ниските цени и преубавата селска средина. Списанието Lonely Planet ја рангира Албанија на место број 1 кое треба да се посети во 2011 година.[1] The New York Times ја рангира Албанија 4-та помеѓу 52 одредишта кои треба да бидат посетени во 2014.[2] Иако сè уште неоткриена, Албанија полека го зазема заслуженото место во туризмот, после цел еден век од независноста.[3] Huffington Post наведе 10 причини за посета на Албанија во 2013 година.[4] Неодамна, Албанија беше официјално наречена "Go Your Own Way". Претходно, беше условена како "A New Mediterranean Love" и "Europe's Last Secret".[5]

Албанската ривиера гледана од преминот Логора
Еден од градовите на УНЕСКО, Белград
Античкиот амфитеатар во Бутринт
Ѓирокастро, камениот град

Најголемиот дел од туристите во Албанија доаѓаат од соседните земји: Косово, Македонија, Црна Гора, Грција, Италија и албанската дијаспора.[6] Странските туристи најчесто доаѓаат од Средна и Источна Европа, поточно од Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, потоа Германија, Белгија, Холандија, Франција, Британија и Скандинавија, и на крај од САД, Турција и некои азиски земји.[7]

Спротивно од некои шпекулации, Албанија е безбедна земја за патување[8] со топли луѓе кои помагаат придржувајќи се на познатата реченица Buke, Kripe e Zemer (Леб, Сол и Срце). За подобро уживање и покорисни информации, гостите кои доаѓаат за првпат во Албанија се консултираат и охрабруваат преку мрежни места и форуми, или просто резервираат билет преку некој локален тур-оператор. Организираните групи кои доаѓаат ги посетуваат археолошките наоѓалишта, историските градови, или се одмараат во Драч и Шенѓин. Во последно време, голема заинтерсираност има за сплаварењето, набљудувањето на птици, велосипедизам, планинарење, пешачење и тури низ руралните средини. Исто така, популарен е и "дентал" туризмот, поради многу ниските цени за изведување на стоматолошки услуги. Локалната традиционална кујна може да се проба во земојделските подрачја, покрај туристички атракции и убави места секаде низ државата.

Meѓутоа, лошата страна што се заканува на туризмот е слабата патна мрежа и инфраструктура, нерегулирани соодветни места за отпад, нелегална изградба на објекти, нерешена сопственост на земјиште и неквалификуваниот сектор за гостопримство. Сево ова е резултат на долгата изолација на Албанија, но во последните години се докажува спротивното. Поголемиот дел на главни патишта, некои планински се изградени преку европските ИПА фондови. Приватниот сектор и странските дарители инвестираат во сместувачки капацитети и во реновирање на историски наоѓалишта.[9]

  1. „From BalkanTravellers.com http://www.suite101.com/content/lonely-planet-albania---in-from-the-cold-in-2011-a303777“. BalkanTravellers. Архивирано од 400,000 More Tourists Visited Albania in 2008 изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2008-11-21. Посетено на 2016-03-18. Надворешна врска во |title= (help)
  2. „52 Places to Go in 2014“. The New York Times. 10 January 2014.
  3. Richardson, Whit (22 October 2012). „The Place: Albania Steps Into the Spotlight“. National Geographic.
  4. Giray, Leyla (27 December 2012). „10 Reasons 2013 Is The Time To Visit Albania“. The Huffington Post.
  5. „Albanie“. Посетено на 16 June 2015.
  6. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-01-19. Посетено на 2016-03-18.
  7. Turizmi ne Shqiperi: Reklama per Evropen Lindore, Shqiperia.com
  8. Fidler, Stephen (30 May 2008). „Balkans 'safer' than west Europe“. Financial Times.
  9. Satterlee, Saundra (2 Nov 2015). „Albania property: a hidden gem opening up to the world“. The Telegraph.