Прејди на содржината

Трајан Бавтировски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Трајан Бавтировски
Роден 16 јули 1932
Слатино, Охридско,  Кралство Југославија
Починал 18 јануари 2012
Скопје ,  Македонија
Занимање публицист, дипломат, книжевен преведувач и учебникар

Трајан Бавтировски (Слатино, Охридско, 16 јули 1932 - Скопје, 18 јануари 2012) — македонски публицист, дипломат, книжевен преведувач и учебникар.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Бавтировски е роден е на 16 јули 1932 година во охридското село Слатино. Средно образование завршил во Битола, а потоа дипломирал на Филозофски факултет во Скопје, на групата за македонски јазик и јужнословенски книжевности во 1959 година. Работел како учител во Волино, охридско во периодот 1953/54), интернатски воспитувач во Скопје (1955/59), советник за издавачка дејност, музеи и архиви во Републичкиот совет за култура на Македонија (1959/71), секретар на Матицата на иселениците од Македонија (1971/90), поставен бил за генерален конзул во Мелбурн, Австралија – за Викторија, Јужна Австралија и Тасманија (1990/92), а од 1992 до пензионирањето 1995 бил потпретседател на Матицата на иселениците од Македонија. Во доменот на литературата, Бавтироски има богата дејност од над 3.000 страници превод на светските класици.

За своите преводи, Трајан Бавтироски е наградуван повеќепати, а во 2004 година станува лауреат на кој му беше доделено највисокото признание во Македонија – наградата „Кирил Пејчиновиќ“ за преведувачки опус од македонските книжевни преведувачи. Починал на 18 јануари 2012 во Скопје.

Позначајни книжевни преводи извршени од руски, англиски, хрватски и српски на македонски јазик се романите:

како и дела од Танасковиќ, Милован Глишиќ, Радоје Домановиќ, Марко Поло и други.

  1. Литературен збор. Друштво за македонски јазик и литература (46). 1999. Отсутно или празно |title= (help)