Страцин (превој)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Страцин
Надм. вис.692 м
Местоположбапомеѓу Кумановска Котлина и Кривопаланечка Котлина

Страцин — планински превој на надморска височина од 692 метри. Тој ги спојува Кумановската со Кривопаланечката Котлина [1]. Преминот се наоѓа на патниот правец Куманово-Крива Паланка, дел од важниот попречен балкански пат во правец запад-исток – Паневропски транспортен коридор 8, и е отворен во текот на целата година.

Историја[уреди | уреди извор]

Оваа патна делница се користела уште од дамнина затоа што претставувал најпогодна врска меѓу Куманово и Крива Паланка. Во близина на овој преслап се наоѓал средновековниот град Славиште [2]

Општи податоци[уреди | уреди извор]

Преминот го носи името по блиското истоимено село Страцин.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF) (македонски). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 23. конс. 11 октомври 2018. 
  2. Каде се наоѓал средновековниот град Славиште