Присад (превој)
Присад | |
---|---|
Надм. вис. | 1.098 |
Место | помеѓу Пелагонија и Азот |
Венец | Бабуна |
Координати | 41°26′N 21°36′E / 41.433° СГШ; 21.600° ИГДКоординати: 41°26′N 21°36′E / 41.433° СГШ; 21.600° ИГД |
Присад — планински превој на надморска височина од 1.098 метри. Тој ги спојува градот Велес, селото Извор и областа Клепа, со градот Прилеп и северниот дел на Пелагонија, од североисточна страна. Преминот е отворен во текот на целата година, но понекогаш е тешко прооден заради калта што се создава со топењето на снегот во зимските и пролетните месеци.
Историја[уреди | уреди извор]
Оваа патна делница се користела уште од антички времиња затоа што претставува најбрза и најкратка можност да стигнете до Прилеп од Скопје или Велес. Денеска можат да се приметат камените плочи и потпорните ѕидови изградени во минатото што ја потврдува неговата важност. Патот до денеска останува неасфалтиран и е користен од ловните друштва, дрвните стопанства и рекреатвините велосипедисти.
Општи податоци[уреди | уреди извор]
Преминот Присад го носи името по блиското истоимено село кое се наоѓа од јужната страна. До него се стигнува од две страни. Од Велешка страна патот поминува низ селото Извор и подоцна со краци продолжува до неколку помали или расселени села во областа Клепа. Од прилепска страна преминот е пократот заради повисоката точка на тргнување. Таа тргнува некаде после главниот влез во рудникот за мермер Сивец и поминува покрај манастирот Свети Ѓорѓија. Оваа страна е повеќе изложена на сонце и со помалку шума.
Детали за искачувањето[уреди | уреди извор]
Од страна на Извор искачувањето започнува кај селото Степанци и се движи по неасфалтиран со камен поплочен пат во должина од 13,9 километри, при што се искачува висинска разлика од 670 метри со просек од 4,8%. Од страната на градот Прилеп, искачувањето почнува кај мермерниот комбинат во должина од 5,6 километри, со висинска разлика од 300 метри и просек од 5,2%.
Патот од двете страни е неасфалтиран.