Палазлија и Преведена (превој)

Координати: 41°33′N 22°46′E / 41.550° СГШ; 22.767° ИГД / 41.550; 22.767
Од Википедија — слободната енциклопедија
Палазлија/Преведена
Велосипед на патоказот за превојот Преведена
Надм. вис.1.145/1200
ПатР1302
Местопомеѓу Малешевија и Струмичко Поле
ВенецОгражден
Координати41°33′N 22°46′E / 41.550° СГШ; 22.767° ИГД / 41.550; 22.76741.5543409, 22.7789068
Палазлија/Преведена is located in Македонија
Палазлија/Преведена
Палазлија/Преведена
Местоположба на превојот Палазлија/Преведена во Македонија

Палазлија/Преведена — два планински превои (Палазлија 1.145 м. и Преведена 1.200 м.) на јужните падини на планината Огражден, што ги спојуваат Струмичкото Поле со областа Малешевија, односно градовите Струмица со Берово и Делчево.

Преминот е отворен за сообраќај преку целата година.

Општи податоци[уреди | уреди извор]

Планинскиот премин Палазлија се наоѓа на планината Огражден на регионалниот пат Р1302. До него се стигнува по широк двонасочен асфалтен пат што започнува кај село Хамзали на северниот раб на Струмичко Поле, или од викенд населбата Суви Лаки (Суви Лачи според малешевскиот говор) од северната страна.

Превојот Преведена се наоѓа длабоко во планината Огражден и претставува природна граница на големата Беровска Котлина на јужната страна. Двата превоја се вбројуваат меѓу најживописните во Македонија заради движењето низ густа шума и изобилството од водни текови и чешми во вториот дел од искачувањето.

Детали за искачувањето[уреди | уреди извор]

Палазлија[уреди | уреди извор]

До превојот се стигнува од две страни. Од југ искачувањето започнува кај село Хамзали и е долго 10,8 километри. При тоа се искачува вкупна висина од 840 метри со просек од 7,7%, со што се вбројува како еден од најстрмните долги превои во Македонија. На оваа страна планината е релативно сува и не се наоѓаат чешми. Од северна страна искачувањето започнува кај викенд населбата Суви Лаки и е во должина од 2,8 километри. Од тука се искачува вкупна висинска разлика од 180 метри со просек од 6,4%.

Преведена[уреди | уреди извор]

Вториот превој од венецот на планината Огражден е релативно полесен за искачување заради помалата должина од јужната страна и благата стрмнина од северната страна која што има многу мала просечна косина за да ја вброиме во превој. Превојот започнува кај местото Суви Лаки во должина од 3,9 километри, при што се искачува вкупна висинска разлика од 190 метри, со просек од 4,8%. На овој дел од патот изобилува со чешми и водени текови, вклучувајќи ја и Безгаштевска Река која што поминува точно во долината на Суви Лаки.

Места за одмор и рекреација[уреди | уреди извор]

Помеѓу двата превоја се наоѓа можеби најатрактивната викенд населба во Источна Македонија, Суви Лаки, каде што многу жители на Струмица, Радовиш, Берово и Делчево имаат свои викенд-куќи. Пред Суви Лаки, на патот за Безгаштево лево, се наоѓа рибен ресторан што исто така нуди многу можности за освежување. Веднаш после превојот Преведена се наоѓа и туристичкиот комплекс Бела Вода. До него се стигнува исклучувајќи се десно, на еден километар од главниот пат. Токму на превојот Преведена се наоѓа чешма со силна издашност преку целата година, и клупи маса за одмор.