Барбарас (превој)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Барбарас
Станко Крувче
Порече 19.05 (2).JPG
Поглед на превојот
Надм. вис.864 м
ПатR1303
Местоположбапомеѓу Пелагонија и Порече
Венецпомеѓу Бушева Планина и Даутица
Координати41°30′N 21°16′E / 41.500° СГШ; 21.267° ИГД / 41.500; 21.267Координати: 41°30′N 21°16′E / 41.500° СГШ; 21.267° ИГД / 41.500; 21.267
Барбарас is located in Македонија
Барбарас
Барбарас
Местоположба на превојот Барбарас во Македонија

Барбарас или Станко Крувчепланински превој во западниот дел на Македонија, кој ги поврзува Бушева Планина на запад и планината Даутица на исток, а ги раздвојува областа Порече на северозапад и котлината Пелагонија на југоисток.[1] Во непосредна близина на превојот се наоѓаат остатоци од истоименото историско село. Најблиски градови до превојот се Македонски Брод и Прилеп. Преминот е отворен за сообраќај преку целата година и се смета за фрекфентен, посебно за камиони.

Историја[уреди | уреди извор]

Овој пат се кроистел уште во антиката како најсеверен приод кон античката македонска област Пелагонија која што била најмногу на удар на северните балкански племиња. Самиот премин бил набљудуван од повеќе стратешки високи градови како Колобаиса и Пелагон. Во средниот век неговата важност уште повеќе се зголемила за што сведочи поминувањето на странските војски кон Палестина за време на крстоносните походи. Според една легенда, низ преминот поминал и светиот римски цар Фридрих I Барбароса по кого што и превојот и поранешното село Барбарос го носат името. Кажувањата на локалното население одат дури дотаму што тврдат дека телото на Фридрих I се чувало во пештерата Пешна, кога крстоносците го враќале од Палестина кон Германија.

Во времето на Отоманска Македонија, преминот имал важност на дервен каде што се контролирало движењето на населението и се проверувала стоката што се превезувала.

Пристап[уреди | уреди извор]

До превојот се стигнува од две страни:

  • Од прилепска страна искачувањето започнува веднаш после селото Дебреште,и кривулесто води се до превојот каде се наоѓа и клучката каде што почнува патот за село Крапа. Вкупната должина на искачувањето е 3,8 километри и притоа се искачува висинска разлика од 210 метри. Просечниот агол на искачување изнесува 5,5%. Првата чешма по угорнината се наоќа на 2,1 километар од бензиската пумпа Сашо Петрол, на десната страна од коловозот, наречена Хасанова Чешма.
  • Од поречка страна искачувањето започнува на раскрсницата што го дели патот за езерото Козјак, Македонски Брод и Прилеп, во близина на селото Суводол. Вкупната должина на искачувањето е 5,2 километри и притоа се искачува висинска разлика од 340 метри. Просечниот агол на искачување изнесува 6,5%. Од оваа страна превојот е подолг и пострмен, но сепак нуди повеќе сенка и места за застанување. Мора да се посвети посебно внимание бидејќи од оваа страна патот на места влегува во теснеци и засеци што го прави за нијанса поопасен од пелагониска страна.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)" (PDF) (македонски). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 23. конс. 11 октомври 2018.