Попова Шапка (превој)

Координати: 42°0′5″N 20°53′8″E / 42.00139° СГШ; 20.88556° ИГД / 42.00139; 20.88556
Од Википедија — слободната енциклопедија
Попова Шапка
Попова Шапка is located in Македонија
Попова Шапка
Попова Шапка
Местоположба на превојот Попова Шапка во Македонија
Надм. вис.1.780 м
ПатR120
МестоПопова Шапка
ВенецШар Планина
Координати42°0′5″N 20°53′8″E / 42.00139° СГШ; 20.88556° ИГД / 42.00139; 20.88556

Попова Шапка (1780 мнв) е познат скијачки центар што се наоѓа во западниот дел на Македонија, на планинскиот масив Шар Планина. До местото се стигнува по широк асфалтен пат, што се двои и води до неколку други шарпланински села.

Историја[уреди | уреди извор]

Општи податоци[уреди | уреди извор]

Скијачкиот центар Попова Шапка се наоѓа на Шар Планина на самиот крај на регионалниот пат R120. До него се стигнува по широк двонасочен асфалтен пат што започнува кај градските гробишта во Тетово.

Патот е отворен во текот на целата година, но во зимските месеци не се препорачува користење на велосипеди заради честиот сообраќај, снежните наноси и подмрзнати делови.

Детали за искачувањето[уреди | уреди извор]

До превојот се стигнува само од страна на Полошката Котлина.

Искачувањето започнува кај тетовските градски гробишта и кривулесто води кон селото скијачкиот центар и викенд населбата. Вкупната должина на искачувањето е 18,4 километри и притоа се искачува висинска разлика од 1240 метри. Просечниот агол на искачување изнесува 6,7%. За време на искачувањето се поминуваат дванаесет кривини на места и многу стрмни. По патот има неколку места за освежување, ресторани и населени места. Патото нуди места со сенки за одмор.