Стефан Симиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стефан Симиќ
Stefan Simič, CZE-NIR 2019-10-14 (2).jpg
Лични податоци
Полно име Стефан Симиќ
Роден на 20 јануари 1995 (1995-01-20) (24 г.)
Роден во Прага, Чешка
Држава Чешка Чешка
Висина &100000000000001890000001,89 м[1]
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Хајдук Сплит Хајдук Сплит
Број 8
Младинска кариера
2001–2012 Славија Прага Славија Прага
2012–2013 Џенова Џенова
2013–2014 Милан Милан
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2014– Милан Милан 0 (0)
2014–2015Варезе Варезе 17 (0)
2016–2017Шаблон:Fb team Mouscron 30 (1)
2017–2018Кротоне Кротоне 9 (0)
2019–Фрозиноне Фрозиноне 0 (0)
2019–Хајдук Сплит Хајдук Сплит 3 (1)
Репрезентација
2011 Чешка Чешка U16 6 (0)
2011–2012 Чешка Чешка U17 16 (1)
2012–2014 Чешка Чешка U19 15 (0)
2014 ЧешкаЧешка U20 3 (0)
2016– Чешка Чешка U21 10 (0)
2017– Чешка Чешка 1 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 1 јули 2018.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 28 јуни 2017

Стефан Симиќ (роден на 20 февруари 1995 во Прага) — чешки професионален фудбалер кој настапува за ФК Фрозиноне на позајмица од ФК Милан на позиција одбрана. Симиќ има босанско потекло[2].

Клубска кариера[уреди | уреди извор]

Симиќ влегол во младинските редови на ФК Славија Прага на возраст од 6 години[3]. Тој станал најмладиот играч кој потпишал професионален договор со клубот, на возраст од 15 години и 11 месеци[4]. Симиќ ги одиграл своите први минути за првиот тим на пријателски натпревар против Хајдук Сплит на на 13 февруари 2011[5], како дел од прославата на 100-годишнината. Но сепак тој го напуштил клубот пред официјално да дебитира, приклучувајќи се во младинските редови во ФК Џенова во Италија во јануари 2012 година[6]. Трансферот го чинел италијанскиот клуб 12 милиони чешки круни[7].

Тој настапувал една и пол година за Џенова Примавера пред да се пресели во ФК Милан[8]. Тој бил дел на младинскиот тим кој го освоил Турнирот Вијареџо во 2014 година[9].

Во летото 2014 година тој се приклучил на екипата од Серија Б, ФК Варесе на позајмица и одиграл 17 натпревари во текот на сезоната. По пропуштањето на првата половина од сезоната 2015/2016 поради повреда[10], Симиќ требало да се приклучи на ФК Хајдук Сплит во 6-месечен договор за наем во јануари 2016 година[11]. Сепак, на денот кога требало да потпише за клубот, додека бил веќе во Сплит, тој бил повикан во Милан поради повредата на неговиот соиграч Мексес[12].

За сезоната 2016-17, тој бил позајмен во белгиската Прва дивизија на ФК Ројал Мускрон[13].

На 31 август 2017 година, тој бил позајмен повторно, овојпат на ФК Кротоне од Серија А каде во сезоната 2017/2018 одиграл 9 натпревари[14]. Во 2018 година бил продаден на ФК Милан, но на полусезоната бил даден на позајмица во ФК Фросиноне.

Меѓународна кариера[уреди | уреди извор]

Симиќ избрал да настапува за Чешка, иако имал можност да игра за Хрватска или Босна и Херцеговина, од каде што неговите родители потекнуваат[15]. Тој имал 40 настапи и 1 гол помеѓу 2011 и 2014 година за чешките младински национални тимови, играјќи на нивоата U16, U17, U19, U20 и U21[16]. Тој го имал своето деби за Националната фудбалска репрезентација на Чешка на 11 ноември 2017 година во победата од 1-0 против Катар[17].

Личен живот[уреди | уреди извор]

Семејството Симиќ потекнува од Приедор од Босна и Херцеговина, но живеело и работело во Загреб, Хрватска, пред да се пресели во Прага, пред неговото раѓање[18].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. https://www.fccrotone.it/player/stefan-simic
  2. Србин из Приједора хоће да плати пут: Желим да спојим Хајрудина и Златана у Паризу glassrpske.com
  3. Stefan Simić míří do Janova at Slavisticke Noviny
  4. Stefan Simić dolazi u Hajduk at NogometPlus
  5. Stefan Simić dolazi u Hajduk at NogometPlus
  6. Stefan Simić míří do Janova at Slavisticke Noviny
  7. Exslávista Simič kope za AC Milán: Od áčka mě dělí jen půl roku! at isport.blesk.cz
  8. A.C. Milan sign Genoa youngster at Forza Italian Football
  9. MILAN B'DAYS: BEST WISHES TO STEFAN SIMIC at AC Milan official site
  10. Stefan Simić za Germanijak: Na Hajduku mogu zahvaliti "onom gore", želim duplu krunu za Torcidu! at Germanijak
  11. Stefan Simić dolazi u Hajduk at NogometPlus
  12. „Milan, dopo Donnarumma tocca a Livieri e Simic: sono 8 gli Under in rosa“. La Gazzetta dello Sport - Tutto il rosa della vita. конс. 2016-02-17. 
  13. Official A.C. Milan communication“, „acmilan.com“, Associazione Calcio Milan, 7 јули 2016 (посет. 7 јули 2016 г).
  14. „Simić è del Crotone. Benvenuto Stefan!“ [Simić is a Crotone player. Welcome Stefan!]. fccrotone.it (Italian). Football Club Crotone. 31 August 2017. конс. 1 September 2017. 
  15. Exslávista Simič kope za AC Milán: Od áčka mě dělí jen půl roku! at isport.blesk.cz
  16. Stefan Simič at nv.fotbal.cz
  17. „Qatar vs. Czech Republic - Football Match Summary - November 11, 2017 - ESPN“. ESPNFC.com. конс. 2017-11-12. 
  18. Stefan Simić za Germanijak: Na Hajduku mogu zahvaliti "onom gore", želim duplu krunu za Torcidu! at Germanijak

Надворешни врски[уреди | уреди извор]