Рен: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#WPWP #WPWPMK
с Додадена категорија
Ред 3: Ред 3:


==Опис==
==Опис==
Ренот има дебел, месест и разгранет [[корен]] и исправено [[Стебло|стебленце]] со висина од 15 до 125 [[Сантиметар|сантиметри]] и со бела или жолто-бела [[боја]]. Во горниот дел, стебленцето е разгрането, аглесто и празно. Приземните [[лист]]ови се со долги дршки, со издолжен [[јајце]]виден облик, а на основата се срцевидни. Тие може да бидат долги и до еден [[метар]]. Листовите на стеблото се со кратки дршки или седечки, делени во резени или длабоко назабени. Цутовите се метличести, сложени од многубројни гроздови. Чашичните ливчиња се со обод со мембрана. Листовите на цветното венче се поставени накрсно, а тие се бели и широко јајцевидни. Плодот е обвиен со топчеста лушпа. Ренот цвета до мај до јули, а расте на влажни места. Во [[Македонија]] се застапени два вида од овој род: ''Armoracia lapathifolia'' е вид кој се одгледува во [[Градинарство|градините]], додека ''Armoracia Macrocarpa'' расте во [[природа]]та.<ref>Радиша Јанчиќ, „Рен - здрав и лут“, ''Betty магазин'', година V, број 54, август 2018, стр. 26.</ref>
Ренот има дебел, месест и разгранет [[корен]] и исправено [[Стебло|стебленце]] со висина од 15 до 125 [[Сантиметар|сантиметри]] и со бела или жолто-бела [[боја]]. Во горниот дел, стебленцето е разгрането, аглесто и празно. Приземните [[лист]]ови се со долги дршки, со издолжен [[јајце]]виден облик, а на основата се срцевидни. Тие може да бидат долги и до еден [[метар]]. Листовите на стеблото се со кратки дршки или седечки, делени во резени или длабоко назабени. Цутовите се метличести, сложени од многубројни гроздови. Чашичните ливчиња се со обод со мембрана. Листовите на цветното венче се поставени накрсно, а тие се бели и широко јајцевидни. Плодот е обвиен со топчеста лушпа. Ренот цвета до мај до јули, а расте на влажни места. Во [[Македонија]] се застапени два вида од овој род: ''Armoracia lapathifolia'' е вид кој се одгледува во [[Градинарство|градините]], додека ''Armoracia Macrocarpa'' расте во [[природа]]та.<ref name="ReferenceA">Радиша Јанчиќ, „Рен - здрав и лут“, ''Betty магазин'', година V, број 54, август 2018, стр. 26.</ref>


==Историја==
==Историја==
Според [[Грчка митологија|грчката митологија]], во светилиштето во [[Делфи]], пророчниците му рекле на [[Аполон]] дека ренот вреди онолку [[злато]] колку што тежи неговиот корен. Ренот го споменува и [[Плиниј]] во делото „Историја на природата“, а во [[Помпеја]], во еден мурал е пронајдена слика на рен. исто така, за корисните својства на ренот пишувале [[Џорџ Вашингтон]] и [[Томас Џеферсон]].<ref>Радиша Јанчиќ, „Рен - здрав и лут“, ''Betty магазин'', година V, број 54, август 2018, стр. 26.</ref>
Според [[Грчка митологија|грчката митологија]], во светилиштето во [[Делфи]], пророчниците му рекле на [[Аполон]] дека ренот вреди онолку [[злато]] колку што тежи неговиот корен. Ренот го споменува и [[Плиниј]] во делото „Историја на природата“, а во [[Помпеја]], во еден мурал е пронајдена слика на рен. исто така, за корисните својства на ренот пишувале [[Џорџ Вашингтон]] и [[Томас Џеферсон]].<ref name="ReferenceA"/>


==Употреба==
==Употреба==
Свежиот корен на ренот се користи како додаток на јадењата, но и како составен дел на некои растителни препарати. Ренот се одгледува поради коренот, кој се вади во [[есен]], а а може да се зачува и во текот на [[зима]]та, ако остане закопан. Доколку коренот не се извади на време, ренот може да стане инвазивно градинарско растение. Притоа, коренот кој не е изваден на време станува дрвенест и не е погоден за употреба во готвењето. Инаку, свежито корен содржи гликозид [[синигрин]], [[витамин Ц]], [[минерали]] итн. Со помош на [[дестилација]], од ренот може да се добие [[етерично масло]]. Разблажениот сок од рен се употребува за миење на [[уста]]та и на [[грло]]то, зашто ги смирува воспаленијата. Исто така, изренданиот корен од рен се користи надворешно како средство за дразнење на кожата, зашто ја подобрува периферната циркулација, кај [[Ревматизам|ревматски]] болки, [[Невралгии|невралгии]] и смрзнатини.<ref>Радиша Јанчиќ, „Рен - здрав и лут“, ''Betty магазин'', година V, број 54, август 2018, стр. 26.</ref>
Свежиот корен на ренот се користи како додаток на јадењата, но и како составен дел на некои растителни препарати. Ренот се одгледува поради коренот, кој се вади во [[есен]], а а може да се зачува и во текот на [[зима]]та, ако остане закопан. Доколку коренот не се извади на време, ренот може да стане инвазивно градинарско растение. Притоа, коренот кој не е изваден на време станува дрвенест и не е погоден за употреба во готвењето. Инаку, свежито корен содржи гликозид [[синигрин]], [[витамин Ц]], [[минерали]] итн. Со помош на [[дестилација]], од ренот може да се добие [[етерично масло]]. Разблажениот сок од рен се употребува за миење на [[уста]]та и на [[грло]]то, зашто ги смирува воспаленијата. Исто така, изренданиот корен од рен се користи надворешно како средство за дразнење на кожата, зашто ја подобрува периферната циркулација, кај [[Ревматизам|ревматски]] болки, [[невралгии]] и смрзнатини.<ref name="ReferenceA"/>


== Наводи ==
== Наводи ==
Ред 15: Ред 15:


[[Категорија:Растенија]]
[[Категорија:Растенија]]
[[Категорија:Таксони опишани од Карл Линеј]]

Преработка од 09:32, 16 декември 2020

Рен

Рен (научно: Armoracia lapathifolia Gilib., Syn. Cohlearia armoracia L.) - повеќегодишно растение од фамилијата крстоцветни (Brassicaceae).

Опис

Ренот има дебел, месест и разгранет корен и исправено стебленце со висина од 15 до 125 сантиметри и со бела или жолто-бела боја. Во горниот дел, стебленцето е разгрането, аглесто и празно. Приземните листови се со долги дршки, со издолжен јајцевиден облик, а на основата се срцевидни. Тие може да бидат долги и до еден метар. Листовите на стеблото се со кратки дршки или седечки, делени во резени или длабоко назабени. Цутовите се метличести, сложени од многубројни гроздови. Чашичните ливчиња се со обод со мембрана. Листовите на цветното венче се поставени накрсно, а тие се бели и широко јајцевидни. Плодот е обвиен со топчеста лушпа. Ренот цвета до мај до јули, а расте на влажни места. Во Македонија се застапени два вида од овој род: Armoracia lapathifolia е вид кој се одгледува во градините, додека Armoracia Macrocarpa расте во природата.[1]

Историја

Според грчката митологија, во светилиштето во Делфи, пророчниците му рекле на Аполон дека ренот вреди онолку злато колку што тежи неговиот корен. Ренот го споменува и Плиниј во делото „Историја на природата“, а во Помпеја, во еден мурал е пронајдена слика на рен. исто така, за корисните својства на ренот пишувале Џорџ Вашингтон и Томас Џеферсон.[1]

Употреба

Свежиот корен на ренот се користи како додаток на јадењата, но и како составен дел на некои растителни препарати. Ренот се одгледува поради коренот, кој се вади во есен, а а може да се зачува и во текот на зимата, ако остане закопан. Доколку коренот не се извади на време, ренот може да стане инвазивно градинарско растение. Притоа, коренот кој не е изваден на време станува дрвенест и не е погоден за употреба во готвењето. Инаку, свежито корен содржи гликозид синигрин, витамин Ц, минерали итн. Со помош на дестилација, од ренот може да се добие етерично масло. Разблажениот сок од рен се употребува за миење на устата и на грлото, зашто ги смирува воспаленијата. Исто така, изренданиот корен од рен се користи надворешно како средство за дразнење на кожата, зашто ја подобрува периферната циркулација, кај ревматски болки, невралгии и смрзнатини.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Радиша Јанчиќ, „Рен - здрав и лут“, Betty магазин, година V, број 54, август 2018, стр. 26.