Разговор со корисник:Ema Trajcevska

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Добре дојде!

Здраво, Ema Trajcevska, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде! - Виолетова (разговор) 18:55, 16 ноември 2016 (CET)


Нови статии[уреди извор]

Здраво, го ценам тоа што се обидувате да пишувате на Википедија. Сепак, препорачувам најпрво убаво да научите како се уредува, прочитувајќи ги врските оставени погоре на страницата, страниците за помош, уредувајќи една статија. Упатувам предупредување дека создадените кратки, а целосно несредени статии, кои ќе бидат означени со шаблоните за внимание и викификација, ќе бидам приморан да бидат избришани, бидејќи Википедија не е место само не текстови, туку на енциклопедиски статии. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 20:29, 2 декември 2016 (CET)

Почитуван Ehrlich91, ве замолувам да имате малку трпение со новите корисници. Сите ние сме почнале од 0 и сме биле толерирани. Ставете шаблон „Во изработка“ (или некој друг шаблон). Бришење статии и ригорозност кон новите корисници не е во прилог на никој во оваа заедница. Почитувана Ема, ќе ве замолам да ја довршите статијата и ако треба било која помош прашајте не. Се најдобро.--Никола Стоіаноски 19:31, 5 декември 2016 (CET)
@MacedonianBoy: Јас имам трпение кон новите корисници и мојата порака е недвосмислено јасна. На корисникот препорачувам да научи да уреди една статија, која била во согласност со правилата на Википедија, а не отпочнување на десетина статии, кои се екстремно кратки и не се никако уредени. Шаблоните „внимание“ и „викификација“ се доволни од моја страна, шаблонот „во изработка“ се користи од страна на самите корисници. Македонската Википедија се соочува со низа статии, кои се несредени, па не мора тој проблем да го продлабочуваме, имајќи го в предвид фактот дека никој не води грижа за нив. Мое е да си предупредам со време. --Ehrlich91 (разговор) 20:09, 5 декември 2016 (CET)
Ehrlich91 се работи за член на Вики Клуб. Има Википедијанец кој работи со учениците еднаш во неделата (еднаш во седум дена), а ти зборуваш за статии создадени во текот на тие седум дена. Малку трпение, новите Википедијанци учат како се работи и добиваат насоки дека статиите треба да се довршат. Поздрав - Виолетова (разговор) 23:35, 5 декември 2016 (CET)
@Виолетова: @MacedonianBoy: Добро, јас би ве замолил, да водите список, како после сите вакви настани, обележувајте ги страниците на разговор ако не со посебен шаблон, со што би се имало увид. Не сакам да ме сфатите погрешно, убаво е да нови корисници, но да не дозволиме наплив на неуредени статии, какви што имаме премногу. Да имав време, ќе ви помогнев во средувањето. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 18:10, 6 декември 2016 (CET)

Ehrlich91, без грижа, список постои и нема да останат несредени, дури и да се откаже некој ученик од натамошното уредување, ние ќе ги довршиме. Јас им укажувам да го постават шаблонот - во изработка, но не го ставаат сите. Сепак добра идеја е да направиме шаблон - Статија создадена во Вики Клуб, па така и другите ќе имаат увид. Поздрав -- Виолетова (разговор) 19:24, 6 декември 2016 (CET)