Дестилација

Дестилација е метод на одделување на течните смеси на хемиски соединенија со физичкиот процес на испарување, а потоа кондензирање на состојките на смесата. Се користи за да прочисти едно или повеќе соединенија кои се во смесата. Од техничка страна на гледање, постојат два типа на дестилација: едноставна дестилација (мешавината се состои од само два елементи што сакате да ги одделите) и фракциона дестилација (кога мешавина се состои од неколку фракции, кои треба да се одделат). Производот на дестилацијата се нарекува дестилат.[1]
За дестилацијата да биде успешна, составот на пареата мора да се разликува од составот на течностте. Основниот услов е разликата (што повисока, толку подобро) точката на вриење на хемиските соединенија кои биле разделени. Сепак, постојат мешавини чии состојки не може да ги одделите. Дури и кога постои разлика во точката на вриење, составот на пареа станува еднаков на составот на смесата. Таквите мешавини ги нарекуваме азеотропски мешавини, еден од попознатите примери е мешавината од 96% алкохол и 4% вода.
Дестилација има широка примена во индустријата, особено во рафинериите за нафта и други хемиски индустрии.
Спротивниот процес од дестилација, кој може да го има истиот ефект (разделување на мешавини) е замрзнување на мешавина.