Разлика помеѓу преработките на „Зошто ние Македонците сме одделна нација“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
с
с (→‎Делови од статијата „Зошто ние Македонците сме посебна нација“: Јазична исправка, replaced: Турската империја → Османлиск using AWB)
с (→‎Делови од статијата „Зошто ние Македонците сме посебна нација“: Правописна исправка, replaced: пред се → пред сè)
== Делови од статијата „Зошто ние Македонците сме посебна нација“ ==
 
''Одговорот на тоа прашање е пред сесè од големо политичко значење. Познато е дека, како бугарскиот, така и српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. Според првиот „Македонците се најдобриот дел од бугарската нација“. Според вториот „Македонците се чисти Срби“, а според третиот „Македонците се словеногласни Елини“. Така, секој од тие наши поробувачи го „оправдува“ задржувањето под свое ропство на соодветниот поробен дел од нашата татковина и истовремено ги оправдува претензиите за завладување на цела [[Македонија]]<ref name="ReferenceA"/>.''
 
''За да ги разобличиме тие маневри на поробувачите и да покажеме дека тие немаат никакво право над Македонија, да ја попречиме нивната асимилаторска политика и да водиме доследна борба за извојување на правото на самоопределување на македонскиот народ до неговото издвојување од бугарската, српската и грчката империјалистичка држава и неговото обединување во самостојна независна република на работниот македонски народ, ние Македонците треба високо да изјавиме '''дека не сме ниту Срби, ниту Грци, ниту Бугари, туку сме одделна македонска нација која се бори за своето национално ослободување и одделување на своја македонска држава'''. Се разбира тоа не треба да го правиме само од политички причини. Доколку македонската нација не би постоела, не би можеле да говориме за таква. Меѓутоа таа е на лице, и нејзиното постоење треба да им се предочи на сите. На таков начин до голем степен тоа ќе ја олесни нашата националноослободителна борба.<ref name="ReferenceA"/>''

Прегледник