Сорока (реон)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сорока
Реон
Знаме на СорокаГрб на Сорока
Местоположба на Сорока
Држава Молдавија
Административно средиште
(Oraş-reşedinţă)

Сорока
Управа
 • Реонски претседателМирча Мартиниук
Површина
 • Вкупна1.043 км2 (403 ми2)
Надм. вис.&10000000000000347000000347 м
Население (2014)[1]
 • Вкупно77,656
 • Густина0,074/км2 (0,19/ми2)
Часовен појасИЕВ (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)ИЕЛВ (UTC+3)
Повик. бр.+373 30
ТабличкиSR
Мреж. местоsoroca.org.md

Сорокареон во североисточна Молдавија. Негов административен центар е градот Сорока. На 1 јануари 2011 година, населението во регионот било 100.400.

Историја[уреди | уреди извор]

Земство во реонот Сорока, 1911 година.

Антички почетоци[уреди | уреди извор]

Археолошки докази за праисториските населувања кои датираат од пред 35,000 до 50,000 години биле пронајдени во регионот на Сороко во близина на селото Руди. Во околу 400 до 300 година п.н.е., биле изградени антички одбранбени ѕидови. Од 9 век до 12 век н.е., биле развиени два града. Тие беа наречени Фарфурија Турчеаска и Германариул. Во 12 и 13 век, џеновска тврдина биа проширена во Алхиона. Во периодот 1439–1457 година биле споменати селата: Висока, Василкау, Руди и Пирлита.

Новиот град Сорока[уреди | уреди извор]

Во втората половина на 16 век, Штефан Велики изградил дрвена тврдина на поранешната планина Алхиона. Тврдината била претворена во сегашниот облик помеѓу 1543 и 1546 година за време на владеењето на Петру IV Рареш. Создавањето на градот овозможи трговија долж Днестар истовремено обезбедувајќи заштита од странска инвазија. Долги години Сорока бил средиште за уметности и земјоделски пазари за Кнежевството Молдавија. Во различни временски периоди, Сорока била под влијание на војни со Татарите, Козаците, Полјаци и Русите. Помеѓу 1684 и 1699 година, под контрола на Полјаците, биле направени промени во Сорока. Бил ископан длабок ров; бил ископан бунар во дворот. Постепено со текот на времето, со постабилно владеење, градот и неговиот регион ја изгубиле воената важност.

Сорока во 19 и 20 век[уреди | уреди извор]

Во 1812 година Сорока била окупирана од Русија. Населението станала поразновидно кога Русите, Украинците и Евреите се преселија во регионот. Од 1849 до 1917 година Сорока била управувана како дел од регионот Бесарабија на Руската Империја. Во 1918 година, по завршувањето на Првата светска војна, Бесарабија била дел од Романија. До 1944 година, Сорока останала административен центар за овој молдавски регион. Во 1944 година, кога Втората светска војна го достигна својот крај, Сорока стана дел од МССР. Молдавија станала независна држава во 1991 година. Оттогаш Сорока го вратила статусот на административен регион на Молдавија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Results of Population and Housing Census in the Republic of Moldova in 2014“. Национално статистичко биро на Република Молдавија. 2017. Посетено на 6 јули 2021.