Роберт Грин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роберт Грин
Robert Greene B&W.jpg
Роден/а 14 мај 1959
Лос Анџелес, Калифорнија, САД
Занимање Писател
Жанр моќ, заводливост, стратегија

Роберт Грин (роден на 14 мај, 1959) е американски писател, познат по тоа што пишува книги со чија помош луѓето можат да си самопомогнат и да напредуваат во работата. Има напишано четири меѓународни бестселери: Концизни 48 закони на моќта, Концизна уметност на заведувањето, Концизни 33 стратегии за војување, и Педесеттиот закон (заедно со раперот 50 Cent).[1]

Младост и образование[уреди | уреди извор]

Грин пораснал во Лос Анџелес, каде го посетувал универзитетот Беркли во Калифорнија пред да се стекне со бакалаварски степен по класични студии на универзитетот на Висконсин - Медисон.[2] Пред да се реши да стане писател, Грин сменил повеќе од 80 работи, меѓу кои градежник, преведувач, уредник во списанија, како и сценарист.[3] Во 1995 година, Грин работел како писател во „Фабрика,“ училиште за уметности, во Италија, и таму се запознал со книжарот Јуст Елферс.

Книги[уреди | уреди извор]

Концизни 48 закони на моќта[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Концизни 48 закони на моќта.

Првата негова книга, Концизни 48 закони на моќта претставува еден практичен водич за секој кој има желба за моќ, кој ја набљудува моќта, или кој сака да се спротистави на некаква моќ.[4] Книгата претставува еден вид на дестилација на моќта во последните 3.000 години од човечката историја и го опишува животот на стратези и историски личности како Николо Макијавели, Сун Цу, Карл фон Клаузевиц, Елизабета I, Хенри Кисинџер, и Финијас Барнум.[5][6] Секој закон си има свое поглавје, свои „расудувања,“ свои „клучеви“ и своја „слика“.

Концизни 48 закони на моќта е меѓународен бестселер и се има продадено во повеќе од 1.2 милиони примероци само во САД.[6] Многу познати рапери, претприемачи, славни личности и глумци, меѓу кои 50 Cent, Џеј-Зи, Канје Вест, Лудакрис, Крис Бош и Вил Смит ја уважуваат и многу ја ценат книгата.[6][1][7][3][8]

Концизна уметност на заведувањето[уреди | уреди извор]

Втората книга на Грин, Концизна уметност на заведувањето, е издадена во 2004 година и на некој начин претставува како прирачник за најсуптилната и најефикасната форма на моќта - заведувањето.[9] Во книгата се опишани деветте видови на заведувачи и аспекти од привлекувањето, автентичноста, раскажувањето и преговарањето.[10][11] Грин зема примери од историски личности како Клеопатра, Казанова, Дјук Елингтон and Џон Ф. Кенеди и ја објаснува психологијата која се крие позади нивните начини на заведување.[12][13]

Концизна уметност на заведувањето се споменува и во книгата на Нил Строс- Играта, како една од книгите кои Строс ги препорачува за продирање во друштвото на заведувачи.[14] Од Концизна уметност на заведувањето се продале повеќе од 500.000 примероци.[15]

Концизни 33 стратегии за војување[уреди | уреди извор]

Концизни 33 стратегии за војување е третата книга на Грин и е објавена и издадена во 2007 година.[16] Книгата ги опишува секојдневните борби и борбената мудрост која лежи позади историски личности од типот на наполеон Бонапарта, Сун Цу, Афлред Хичкок, Александар Македонски и Магарет Тачер.[17][18][19]

Од книгата се имаат продадено повеќе од 200.000 примероци.[15]

Педесеттиот закон[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Педесеттиот закон.

Педесеттиот закон е четвртата кнгиа на Грин и единствената која ја има напишано заедно со познатиот рапер 50 Cent. Педесеттиот закон е издадена во 2009 година.[20][21][22] Во книгата се опишани некои универзални закони за стратегијата и бестрашноста, дополнети со анегдоти до подемот на 50 Cent како музичар, како и лекции од некои историски личности како Абрахам Линколн, Сократ, Малком Екс, Мајлс Дејвис, Макијавели, Достоевски и Шарл Монтескје.[23][24][25]

Книгата стигна до петтото место на списокот на The New York Times.

Мајсторство[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Мајсторство.

Петтата книга на Грин, Мајсторство, излезе од печат на 13 ноември, 2012 година.[26] Мајсторство ги опишува животите на некои историски, како и современи познати личности и се обидува да му ги долови на читателот оние работи кои им помогнале на патот до мајсторството во нивната професија.[27] Книгата е поделена на шест глави, и секоја се фокусира на суштинските лекции и стратегии кои следат по патот до мајсторството.[27][28][29][30]

Мајсторство стигна до шестото место на листата на најпродавани книги според The New York Times.[26][28][30][31][32][33][34][35][36]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Грин живее во Лос Анџелес со својата девојка Ана Билер, која работи како режисер.[3] Грин течно зборува пет јазици и го изучува Зен Будизмот.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Lee, Chris. „Laws for an Outlaw Culture“, 12 јули 2006.
  2. Chang, Andrea. „American Apparel's in-house guru shows a lighter side“, 30 август 2011.
  3. 3,0 3,1 3,2 Paumgarten, Nick. „FRESH PRINCE; Hip-hop's Machiavelli“, 6 ноември 2006.
  4. Green, Hardy (30 ноември 1998). „Best Selling List“. BusinessWeek. 
  5. Greene, Robert (2000). The 48 Laws of Power. New York, NY. стр. 452. ISBN 0140280197. http://www.amazon.com/48-Laws-Power-Robert-Greene/dp/0140280197/ref=sr_1_1?s=books&ie=UTF8&qid=1346102901&sr=1-1&keywords=48+laws+of+power. 
  6. 6,0 6,1 6,2 Blake, John. How to Master the ‘48 Laws of Power’. CNN. March 15, 2010.
  7. Tice, Carol. All’s Fair?. Entrepreneur. November 1, 2006.
  8. Bosh, Chris. Chris Bosh NBA Blog. NBA.com. April 10, 2007.
  9. „The Art of Seduction“. Amazon. http://www.amazon.com/Art-Seduction-Robert-Greene/dp/1861977697/ref=sr_1_1?s=books&ie=UTF8&qid=1348076753&sr=1-1&keywords=art+of+seduction. 
  10. Bruce, Robert (21 октомври 2001). „The Art of Seductive Writing: A Conversation with Robert Greene“. Copy Blogger. http://www.copyblogger.com/art-of-seductive-writing-transcript/. 
  11. Eddie Lennon. „Seduce them by the book“, 4 септември 2003.
  12. Groth, Aimee. „Robert Greene Tells Us What People Don't Understand About Power“, 4 јуни 2012.
  13. David Colman. „POSSESSED; Seduction's Earthy Scent“, 3 август 2003.
  14. Strauss, Neil (24 мај 2011). „A Seducer’s Library: The Top Game Books“. Neil Strauss. https://www.neilstrauss.com/neil/a-seducers-library-the-top-ten-game-books-plus-two. 
  15. 15,0 15,1 Robert Greene Interview, Part 1. Power Seduction and War. July 7, 2006.
  16. Greene, Robert (2006). The 33 Strategies of War. New York, NY: Viking. стр. 496. ISBN 0143112783. http://www.amazon.com/The-Strategies-Joost-Elffers-Books/dp/0143112783/ref=sr_1_1?ie=UTF8&qid=1346205375&sr=8-1&keywords=33+strategies+of+war. 
  17. Lee, Eloise. „33 War Strategies That Will Help You Win Everything In Life“, 4 мај 2012.
  18. Online Extra: A Best-Seller Smorgasbord“, 30 април 2006.
  19. „33 Strategies of War“. Publishers Weekly. 12 декември 2005. http://www.publishersweekly.com/978-0-670-03457-4. 
  20. „50 Cent is New York Times Certified“. Vibe. 28 септември 2009. http://www.vibe.com/article/50-cent-new-york-times-certified. 
  21. „Bestsellers“. New York Times. 27 септември 2009. http://www.nytimes.com/best-sellers-books/2009-09-27/hardcover-advice/list.html. 
  22. Schuessler, Jennifer (18 септември 2009). „Inside the List“. New York Times. http://www.nytimes.com/2009/09/27/books/review/InsideList-t.html?ref=books. 
  23. Johnson, Lynne (10 септември 2009). „The 50 Cent Bible“. Fast Company. http://www.fastcompany.com/1353390/50-cent-bible. 
  24. Groth, Aimee (10 мај 2012). „10 Tips For Becoming Fearless Like 50 Cent“. http://www.businessinsider.com/robert-greene-and-50-cents-50th-law-2012-5?op=1. 
  25. Goodman, Matthew. „Rapper's latest hit for business scene“, 29 октомври 2009.
  26. 26,0 26,1 Capouya, John (9 ноември 2012). „Zen and the art of global domination“. CNN Money. http://features.blogs.fortune.cnn.com/2012/11/09/mastery-robert-greene/. 
  27. 27,0 27,1 Greene, Robert (2012). Mastery. Viking. ISBN 0670024961. 
  28. 28,0 28,1 Kurutz, Steven. „Renovate Like a Master“, 7 ноември 2012.
  29. How Yoky Matsuoka created the modern robotic hand, and what the rest of us can learn from her GeekWire. November 12, 2012.
  30. 30,0 30,1 Groth, Aimee (2 ноември 1012). „27 Tips For Mastering Anything“. Business Insider. http://www.businessinsider.com/robert-greenes-mastery-2012-11?op=1. 
  31. Bradt, George (8 ноември 2012). „Beyond 10,000 Hours: The Constant Pursuit of Mastery“. Forbes. http://www.forbes.com/sites/georgebradt/2012/11/08/beyond-10000-hours-the-constant-pursuit-of-mastery/. 
  32. Chamorro-Premuzic, Tomas. Book review: Mastery, by Robert Greene. Management Today. November 1, 2012.
  33. Robert Greene. The Aha! Moments That Made Paul Grahms Y Cominator Possible. Fast Company. November 12, 2012.
  34. ‘Mastery’ By Robert Greene: How to Become a Master in Your Chosen Field. Huffington Post. November 15, 2012.
  35. Best Sellers: Advice and Misc..The New York Times. November 26, 2012.
  36. Mastery“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]