Концизни 48 закони на моќта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Концизни 48 закони на моќта  
Концизни 48 закони на моќта
АвторРоберт Грин
ЗемјаСАД
Предмет(и)историја & теорија, социјална психологија
ИздавачИкона ИК
Издадена1998 (тврд повез); 2009 (превод на македонски)
Страници212
OCLC39733201

Концизни 48 закони на моќта (1998) е првата книга на американскиот писател Роберт Грин. Станува збор за меѓународен бестселер и водич низ современото општество. Се има продадено во повеќе од 1.2 милиони примероци само во САД. Многу познати рапери, претприемачи, славни личности и глумци, меѓу кои 50 Cent, Џеј-Зи, Канје Вест, Лудакрис, Крис Бош и Вил Смит многу ја ценат и ја уважуваат книгата.[1][2]

Позадина[уреди | уреди извор]

Грин за прв пат формулирал некои од идеи за Концизни 48 закони на моќта додека работел како писател и сценарист во Холивуд. Забележал дека оние кои имале некаква моќ или власт во свои раце имаат одредени сличности со некои познати и моќни ликови од човековата историја.[3] Во 1995 година работел како писател во „Фабрика“, училиште за уметности во Италија, и таму се запознал со книжарот Јуст Елферс. Грин му ставил дознаење на Елферс дека сака да напише книга за моќта и по шест месеци, Елферс побарал од него да почне да работи на предлог за книгата.

Иако Грин не бил многу среќен со својата работа, сепак чувствувал некаква удобност и сигурност со неа. Сметал дека ќе му треба повеќе слободно време за истражување и за да напише еден добар предлог за книга, или со други зборови дека ќе мора да даде отказ за да би можел целосно да се посвети на својот нов кариерен пат.[4] Но, од друга страна, во тој период од својот живот, Грин, ја читал својата омилена биографија - онаа за Цезар и добил инспирација од одлуката на Цезар да ја премине реката Рубикон и да се бори против Помпеј, т.е. да ја предизвика Римската граѓанска војна.[4]

Резиме[уреди | уреди извор]

Концизните 48 закони на моќта претставуваат еден вид на дестилација на моќта во последните 3.000 години од човечката историја и ги опишува животите на стратези и историски личности како на пример Николо Макијавели, Сун Цу, Карл фон Клаузевиц, Елизабета I, Хенри Кисинџер и Финијас Барнум.[5] Книгата има за цел да претстави како луѓето стекнуваат моќ, како ја задржуваат и како самите се бранат од моќните манипулатори. Секој глава содржи по еден закон, кој е опишано преку „Расудување на законот“, „Клучеви на моќта“ и „Слика“. Законите се:

  1. Никогаш не засенувајте го господарот.
  2. Никогаш не верувајте им премногу на пријателите, научете како да ги користите непријателите.
  3. Скривајте си ги намерите.
  4. Секогаш кажувајте помалку од потребното.
  5. Многу нешта зависат од угледот - бранете го со животот.
  6. Внимание од дворот, по секоја цена.
  7. Натерајте ги другите да ви ја завршат работата, но секогаш препишете си ја заслугата.
  8. Натерајте ги луѓето да дојдат кај вас - користете мамка ако е неопходно.
  9. Победувајте со вашите акции, никогаш со расправија.
  10. Инфекција: избегнувајте ги тажните и оние без среќа.
  11. Научете да ги држите луѓето зависни од вас.
  12. Користете селективна искреност и дарежливост, за да ја разоружате вашата жртва.
  13. При барањето помош целете кон личниот интерес на луѓето, никогаш кон нивната милост или благодарност.
  14. Прикажувајте се како пријател, работете како шпион.
  15. Скршете ги сосема своите непријатели.
  16. Користете го отсуството, за да ги увеличате угледот и честа.
  17. Држете ги другите во неизвесност: негувајте клима на непредвидливост.
  18. Не градете тврдина за да се заштитите - изолацијата е опасна.
  19. Дозјанте со кој си имате работа - не навредувајте ја погрешната личност.
  20. Не врзувајте се за никого.
  21. Изигрувај глупак за да фатиш глупак - изгледај погуп отколку што си.
  22. Искористете ја тактиката на предавство: трансформирајте ја слабоста во моќ.
  23. Збијте ги реводите.
  24. Изигрувај перфектен дворјанин.

  1. Одново создадете се.
  2. Рацете нека ви се чисти.
  3. Играјте на картата дека луѓето имаат потреба да веруваат, за да создадете движење налик на култ.
  4. Храбро впуштете се во акција.
  5. Планирајте сѐ до крај.
  6. Нека изгледа дека вашите достигнувања се направени без напор.
  7. Контролирајте ги опциите: другите нека играат со картите кои им ги делите.
  8. Играјте си со фантазиите на луѓето.
  9. Откријте што е она што го мачи секого.
  10. Бидете величествен на свој начин: однесувајте се како крал, за кралски и да ве третираат.
  11. Усовршете ја вештината - чувство за време.
  12. Презирајте ги нештата кои не можете да ги имате: игнорирајќи ги, најдобро им се одмаздувате.
  13. Создадете фасцинантни спектакли.
  14. Размислувајте како што сакате, но однесувајте се како другите.
  15. За да фатите риби, разбранувајте ја водата.
  16. Презирајте го бесплатниот ручек.
  17. Избегнувајте да одите со чевлите на големите луѓе.
  18. Мавнете по овчарот и стадото ќе се растури.
  19. Работете на туѓите чувства и мисли.
  20. Разоружајте и разбеснете со ефектот огледало.
  21. Проповедајте ја потребата од промени, но никогаш не поправајте премногу одеднаш.
  22. Никогаш не изгледајте премногу совршено.
  23. Не одминувајте ја целта во која сте нишанеле; во победата, научете кога да запрете.
  24. Присвојте безличност.[6]

Влијание врз културата[уреди | уреди извор]

Концизни 48 закони на моќта има продадено 1.2 милиони примероци само во САД и е преведена на 24 јазици. Fast Company ја нарече „култна класика од огромни размери“, додека The Los Angeles Times упати на тоа дека со Концизни 48 закони на моќта, Роберт Грин станал „херој на цел еден култ, со обожаватели ширум хип-хоп културата, ширум елитата на Холивуд, па дури и во затворите во САД."[7][8][9]

Концизни 48 закони на моќта е книга која школите по бизнис и менаџмент задолжително ја имаат на своите списоци на книги за читање, а воедно е и најбараната книга по затворските библиотеки на САД.[3][10][11][12] Книгата ја имаат прочитано многу познати претприемачи, музичари, атлети и филмски ѕвезди. Дов Чарни, основачот на American Apparel, раздал стотици копии од книгата на своите пријатели и своите работници и често цитира некои од законите на своите бизнис состаноци (подоцна го вработил Грин во својот управен одбор).

50 Cent изјавил дека веднаш успеал да се поистоветува со книгата и му пришол на Грин со идеја за нивна потенцијална соработка, од што подоцна ќе произлезе книгата со имеПедесеттиот закон - уште еден бестселер.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Tice, Carol. All’s Fair?. Entrepreneur. November 1, 2006.
  2. Bosh, Chris. Chris Bosh NBA Blog. NBA.com. April 10, 2007.
  3. 3,0 3,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име CNN.
  4. 4,0 4,1 Perlroth, Nicole. Robert Greene on Power Ambition Glory. Forbes. June 16, 2009.
  5. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име 48lawsofpower.
  6. The 48 Laws of Power abridged online version
  7. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име LATimes.
  8. Rastogi, Lavanya (2004), THE 48 LAWS OF POWER (PDF), Delhi Business Review, конс. 4 August 2012 
  9. Bartley Kives (07/8/2012). „Wyatt the wild card“. Winnipeg Free Press. конс. 4 July 2012. 
  10. „48 Laws of Power Syllabus“ (PDF). Millsaps College. 
  11. „The 48 Laws of Power Syllabus“ (PDF). Ramapo College. 
  12. Garner, Dwight. The Readers Behind Bars Put Books to Many Uses. The New York Times. October 19, 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]