Разговор со корисник:Kekev/Архива 1

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Добре дојдовте!

Здраво, Kekev, и добре дојдовте на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, погледајте ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата разговорна страница, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојдовте! --Brest-bot (разговор) 06:24, 1 септември 2010 (CEST)[одговори]

Copyvio[уреди извор]

Сликата Податотека:Црвена лента - заштитен знак во борбата против сида.jpg е назначено дека е подигната од www.zazdravje.com.mk каде што јасно е назначено (на дното на страницата): Copyright © 2010 vBulletin Solutions, Inc. Сите права се задржани. Copyright © 2010 За Здравје. Сите права се задржани. Википедија не подржува ваков тип на слики и содржини. Подигнатата слика ќе биде избришана. --brest (разговор) 20:13, 1 септември 2010 (CEST)[одговори]

Секако на Википедија, поточно на Заедничката ризница има слободна слика за Црвената лента е симбол за солидарност со ХИВ-позитивните луѓе и тие кои живеат со АИДС, која може да ја искористите во статијата СИДА која ја уредувате. Поздрав.--brest (разговор) 20:38, 1 септември 2010 (CEST)[одговори]

Здраво[уреди извор]

Благодарам за подршката. Ова е моја прва статија и сеуште ги учам правилата на Википедија. Доколку имам проблеми со разрепшувањето на некои од нив со задоволство ке ја побарам вашата помош. Сликите за кои не приметив дека имаат авторски права ке ги избришам и ке ги заменам со нови. Со почит, Kekev (разговор) 20:23, 1 септември 2010 (CEST)[одговори]

Награда за извонредните статии[уреди извор]

Rotating earth (Very small).gif
За одличната статија за „сината планета“.
од Kiril Simeonovski (разговор)

Ова не сеоднесува само за нашата планета, туку и за статијата СИДА. Продолжете само така.Face-smile.svg--Kiril Simeonovski (разговор) 22:06, 10 септември 2010 (CEST)[одговори]

Лидери по година[уреди извор]

Здраво. Со создавањето на ВикиПроектот Години, започна иницијативата за пополнување на статиите за години на Википедија на македнски јазик. Првата активност е пополнување на списоците за лидери на држави по години. Доколку сте заинтересирани да помогнете во извршувањето на оваа задача, може да се пријавите на страницата наменета за оваа активност, на која и може да дадете свој коментар. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:21, 12 октомври 2010 (CEST)[одговори]

Би Би Кинг[уреди извор]

Здраво. Статијата за Би Би Кинг е навистина одлична. Единствено недостасуваа категории и врски кон статиите на другите јазични изданија на Википедија, па ги додадов. Поздрав и успешно уредување.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:56, 6 февруари 2011 (CET)[одговори]

Благодарам за подршката. Тоа незнам да го правам па затоа и го изоставувам во моите статии. Доколку си во можност провери ја и статијата за Ерик Клептон која прикачив кратко пред статијата за Би Би Кинг. Kekev (разговор) 17:01, 6 февруари 2011 (CET)[одговори]

Ја категоризирав статијата за Ерик Клептон и ги додадов врските (промената може да се забележи овде). Исто така, добро би било кога статијата би започнувала со задебелен текст, кој најчесто е и насловот на статијата. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:27, 6 февруари 2011 (CET)[одговори]

Награда за вложениот труд[уреди извор]

Tireless Contributor Barnstar.gif
За вложениот труд во збогатувањето на содржините на Википедија на македонски јазик.
од Kiril Simeonovski (разговор)

Ова е мал знак на внимание и благодарност за одличната работа околу уредувањето на новите статии. Се надевам дека ќе продолжите со ист ритам и понатаму. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:46, 6 февруари 2011 (CET)[одговори]

Државни птици во САД[уреди извор]

Здраво. Сакам да Ве известам дека статијата „Asd“, којашто неодамна ја создадовте ја преместив како „Список на државни птици во САД“, додека скорешната „Листа на државни птици во САД“ која беше со иста содржина, исто така ја преместив кон претходно создадената страница. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:44, 6 март 2011 (CET)[одговори]

Алабама[уреди извор]

Cscr-featured.svg Статијата Алабама, која Вие ја проширивте и предложивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикувам да напишете некоја друга статија, а доколку веќе знаете некоја постоечка која ги задоволува критериумите, слободно предложете ја.

Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 01:57, 13 март 2011 (CET)[одговори]

Преместување[уреди извор]

Здраво. Статијата за градот Њујорк беше преместена во Њујорк (град). Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:41, 14 март 2011 (CET)[одговори]

Шаблони[уреди извор]

Здраво и најпрво благодарност за прашањето. Постојат повеќе видови на шаблои, па според тоа и различно се уредуваат (содржински шаблони, страничници, инфокутии и др.). Кажи ми каков шаблон ти треба, па ќе ти посочам веќе постоечки од кој многу лесно ќе научиш. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:01, 1 април 2011 (CEST)[одговори]

Здраво. Шаблоните за средните училишта всушност претставуваат „инфокутии“, односно содржат збир на главните податоци поврзани со темата. Наједоноставен начин за да научиш како да ги уредуваш е да видиш како еден е уреден (на пр. Шаблон:Инфокутија - средни училишта). Што се однесува до инфокутиите за песни, го имаме шаблонот Инфокутија Сингл. Најважен дел при уредувањето на инфокутиите ти е прилагодувањето на следниов запис:
{{#if: {{{опис на податок|<noinclude>-</noinclude>}}} |
{{!}} [[Статија за податокот|Опис на податок]]:
{{!}} {{{опис на податок}}}
{{!}}-
}}
Во првиот ред се внесува описот на податокот кој треба да биде внесен (на пр. население, повшина, град и сл.). Во вториот се потврдува истиот со посочување на некоја статија доколку постои, додека третиот служи за потврдување во самата инфокутија (овде може да дадеш подетален опис). Би ти препорачал да запчнеш, па доколку има било каков проблем ќе се вклучам да ти помогнам. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:56, 2 април 2011 (CEST)[одговори]

Статија[уреди извор]

Здраво. На располагање сум. Не мораш да ми ја испратиш статијата. Чисто ископирај ја во целост овде, а јас ќе ја исправам и ќе тука ќе ти соопштам во што бил проблемот. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 22:58, 6 април 2011 (CEST)[одговори]

  • Да, проблемот е полесен ако немаш шаблонче „наводи“. Честопати се среќава горе во самите наводи, особено кога има именуван навод што се повторува (се наведува еднаш, а потоа со код за повикување во другите примери). Драго ми е што се реши проблемот. А драго ми е и што сега имаме солидна статија за една така важна личност во историјата. Поздрав--Б. Јанкулоски (разговор) 23:08, 6 април 2011 (CEST)[одговори]

Гај Јулиј Цезар[уреди извор]

Cscr-featured.svg Статијата Гај Јулиј Цезар, која Вие ја проширивте и предложивте, го доби статусот „избрана статија“. Доколку знаете некоја друга статија која ги задоволува критериумите, слободно предложете ја.

Одлична работа.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:12, 23 април 2011 (CEST)[одговори]

Награда за неуморен уредувач[уреди извор]

Tireless Contributor Barnstar.gif Награда за неуморниот уредувач
Ти доделувам награда за неуморност во уредувањето и за подобрувањето на квалитетот на Википедија. Само напред! --Никола Стоіаноски 00:31, 26 април 2011 (CEST)[одговори]

Категории[уреди извор]

Здраво. Категориите се специфични, бидејќи нивната содржина всушност се создава со нивното додавање по статиите, па така не е можно истите да се преименуваат. Досега ова било решавано со промена на имињата на категориите во статиите, па откако погрешните категории биле испразнети, истите биле избришани. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:08, 27 април 2011 (CEST)[одговори]

Напиши ти[уреди извор]

Па напиши ти, зошто јас повеќе сакам да пишувам за музичари, албуми и песни. Бла, бла, бла (разговор) 18:11, 29 април 2011 (CEST)[одговори]

Белешки[уреди извор]

Здраво. Претпоставувам дека мислиш на белешките, како на пример во статиите „Полско-литванска унија“ или „Средишница“. Нивната примена е доколку има потреба од дообјаснување на некои делови со текст, наместо само со наведување на изворот. Се разликуваат од наводите и по тоа што се запишуваат во долниот дел од статиите и по тоа што се подредени по азбучен редослед. Обележувањето на местото каде што треба да стои белешката се врши со запишување {{ref label|А|а|а}}, при што буквата „А“, која се појавува на три места е ознака дека белешката е прва во статијата. Во долниот дел од статијата, каде што всушност треба да биде запишан текстот, пред него се додава записот * {{note label|А|а|а}}. Се надевам дека не е премногу сложено и погоре посочените примери ќе ти послужат. Поздрав и успешна употреба.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:55, 18 мај 2011 (CEST)[одговори]

Покана за Вики средба[уреди извор]

      Здраво, Kekev/Архива 1!
Сакам да Ве известам дека на 7 јуни 2011, во Скопје ќе се одржи Вики средба, па по тој повод Ве поканувам доколку сте во можност да присуствувате. Целта како и на секоја Вики средба е дружење и запознавање на корисниците кои постојано соработуваат уредувајќи на Википедија, како и дискутирање на теми поврзани и неповрзани со Википедија. Повеќе информации за средбата може да добиете на соодветната страница.

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 03:12, 4 јуни 2011 (CEST)[одговори]

Че Гевара[уреди извор]

Cscr-featured.svg Статијата Че Гевара, која Вие ја проширивте и предложивте, го доби статусот „избрана статија“. Доколку знаете некоја друга статија која ги задоволува критериумите, слободно предложете ја.

Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 15:58, 8 јуни 2011 (CEST)[одговори]

Јубилејна статија[уреди извор]

Здраво. Откако веќе го ндминавме бројот од 50.000 статии, мислам дека би било добро да воведеме јубилејна статија, која ќе го означи трудот вложен кон надминување на одреден број на статии. Вашето учество е добредојдено во дискусијата на страницата за идеи, каде што е изнесен предлогот. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:36, 2 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Солидарност со пријателите од Италија[уреди извор]

Здраво. Иако сме мали, мислам дека и нашата поддршка ќе им значи многу. Затоа доколку си поддржувач на штрајкот на корисниците на Википедија на италијански, во тек е собирање на потписи од корисниците на нашата Вики-заедница. Повеќе може да прочиташ овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:17, 5 октомври 2011 (CEST)[одговори]

П'пли[уреди извор]

Здраво. Мило ми е што повторно одвојувате време за уредување на Википедија на македонски јазик. Забележав дека статијата „П’пли“ одлично напредува и по мали досредувања, би можела да биде предложена за избрана статија. Поздрав. --Kiril Simeonovski (разговор) 18:47, 18 ноември 2011 (CET)[одговори]

ДСЗ факт[уреди извор]

ДСЗ Еден факт од статијата Заминување на децата од селото П’пли, која Вие ја создадовте и проширивте, се најде во секцијата „Дали сте знаеле?“ на главната страница на 26 ноември 2011. Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 21:40, 26 ноември 2011 (CET)[одговори]

Гласање за јубилејна статија[уреди извор]

Здраво. Мало потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и овој пат ќе избереме статија со занимлива содржина. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:31, 11 декември 2011 (CET)[одговори]

Јубилејна статија[уреди извор]

Здраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и овој пат ќе избереме статија со занимлива содржина. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:07, 31 јануари 2012 (CET)[одговори]

Стивен Хокинг[уреди извор]

Cscr-featured.svg Статијата Стивен Хокинг, која Вие ја создадовте и проширивте, го доби статусот „избрана статија“. Доколку знаете некоја друга статија која ги задоволува критериумите, слободно предложете ја.

Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 23:07, 15 февруари 2012 (CET)[одговори]

Јубилејна статија (55.000)[уреди извор]

Здраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и за овој јубилеен број ќе избереме статија со занимлива содржина.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:23, 20 март 2012 (CET)[одговори]

Уредник[уреди извор]

Здраво. Забележав дека и покрај одличните придонеси немате уреднички права, па решив да Ви ги доделам. Се надевам дека ќе рпдолжите со корисните уредувања и во иднина. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:14, 2 мај 2012 (CEST)[одговори]

56.000 статии[уреди извор]

Здраво. Потсетување дека по обичај повторно избираме јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:11, 5 јуни 2012 (CEST)[одговори]

Пенсилванија[уреди извор]

Здраво. Статијата ја додадов во списокот и во соопштението за сите корисници во горниот дел од екранот. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:38, 28 јуни 2012 (CEST)[одговори]

Го средив и овојпат. Потребно е да се додаде рачно новата номинација во списокот. Можеби и може да се направи автоматски да се додава, но треба да се провери. Инаку, статијата за востанието е одлична. Ми се допаѓа што со малку уредувања создаваш одлични статии.:) Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:36, 4 јули 2012 (CEST)[одговори]

Наведување на извори[уреди извор]

Здраво. По ова прашање нема некој јасен стандард, но стилистички е правилно да се наведува и страницата од каде потекнува фактот. Целото дело треба да се наведе како извор во делот насловен „Користена литература“, кој обично се додава на крајот од секоја страница. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:04, 7 јули 2012 (CEST)[одговори]

P.S. Статијата Сетина изгледа дека е во добра состојба и го почитувам трудот за нејзино подобрување. Можеби е напорно да додаваш страница по странциа за секој факт, па мислам дека најдобро би било ако цитираното дело е поделено во повеќе поглавја да се наведе на крајот од секој пасус интервалот на страници кои се користени (на пр. еден навод со стр. 120-125 наместо повеќе наводи на повеќе места со одделни страници).--Kiril Simeonovski (разговор) 23:09, 7 јули 2012 (CEST)[одговори]

Солидарност кон Википедија на руски јазик[уреди извор]

Здраво. Википедија на руски јазик денес нее достапна, како знак на штрајк од страна на нејзините корисници кон сослушувањето во врска со предлог-измените во „Законот за информации на Русија“. По тој повод се собираат потписи во знак на подршка и солидарност со ставот на колегите од Википедија на руски јазик. Вашата солидарност може да ја искажете овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:06, 10 јули 2012 (CEST)[одговори]

Куратица[уреди извор]

Поздрав Кекев :) Сајтот не е во изработка туку е малце по прост :) Нека стои таа со трипод. (M4r51n (разговор) 23:47, 12 јули 2012 (CEST))[одговори]

Ohridnews[уреди извор]

Непромислено ја напишав се извинувам слободно избриши ја :) поздрав M4r51n (разговор) 18:34, 13 јули 2012 (CEST)[одговори]

Пак јас :)[уреди извор]

Извини што сметам пак каде можам да се кандидирам за уредувач? оценување и прифаќање/отфрлање нови статии.... M4r51n (разговор) 18:48, 13 јули 2012 (CEST)[одговори]

Преводи[уреди извор]

Здраво. Те молам внимавај кога преведуваш од англиски, особено со буквални преводи и со зборови кои звучат како да значат едно (затоа што има сличен збор и на македонски), а значат нешто сосем друго (т.н. лажни пријатели (faux amis)), како на пример public (јавност)/публика, character (со значење лик или знак)/карактер, populous (населен)/популарен (како што имаш напишано на статијата за Пенсилванија, итн. Ако ти треба некогаш нешто, слободно обрати се кај мене. ;) Поздрав. —iNkubusse A? 17:47, 14 јули 2012 (CEST)[одговори]

Пенсилванија[уреди извор]

Cscr-featured.svg Статијата Пенсилванија, која Вие ја проширивте и предложивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикувам да напишете некоја друга статија, а доколку веќе знаете некоја постоечка која ги задоволува критериумите, слободно предложете ја.

Со мало задоцнување, бидејќи веќе е на главната страница. Во секој случај, одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 18:00, 14 јули 2012 (CEST)[одговори]

SZR[уреди извор]

Здраво, нормално дека можеш. Поздрав. Прашај ако има друго нешто. --Тиверополник (разговор) 00:31, 15 јули 2012 (CEST)[одговори]

Категорија[уреди извор]

Здраво. Се извинувам поради префрлањето на текстот од огласната табла за администратори на селската чешма, што мислам дека е посоодветно место на кое може било кој да даде одговор на ова прашање. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 02:43, 16 јули 2012 (CEST)[одговори]

Јубилејна статија[уреди извор]

Здраво. Известување дека во тек е гласањето за избор на јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:09, 20 јули 2012 (CEST)[одговори]

Наградени сте![уреди извор]

Barnstar of Diligence Hires.png Награда за трудољубивост
(: M4r51n (разговор) 12:58, 23 јули 2012 (CEST)[одговори]

Благодарам. Kekev (разговор) 16:16, 23 јули 2012 (CEST)[одговори]

Филмска награда[уреди извор]

Infobox-realisateur2.png Филмска награда
Секоја чест за филмовите. Продолжи и понатаму со одличните уредувања.:) Kiril Simeonovski (разговор) 15:33, 2 август 2012 (CEST)[одговори]

Одлична работа браво и од мене :) M4r51n (разговор) 16:49, 2 август 2012 (CEST)[одговори]

Ви благодарам :) Kekev (разговор) 16:53, 2 август 2012 (CEST)[одговори]

За филмските плакати[уреди извор]

Здраво, Филип! Прво, човече, браво за трудот околу филмските статии! Стварно е супер :) Ти пишувам во врска со последното барање што го пиша на СЧ (за сликите). Ти дефинитивно можеш да подигаш слики, а со филмските плакати за во инфокутиите, тоа ќе биде многу прост процес. Ќе ти дадам пример: ќе ја подигнам сликата за Бродвејска мелодија.

Прво, одам на англиската верзија на статијата: The Broadway Melody. Кликам на сликата (File:BroadwayMelodyy1929.jpg). Десен клик на сликата > Save image as > ја зачувувам на компјутерот.

Понатаму, одам на Специјална:Подигање. Во долниот дел имаш Изворно име на податотеката: и копче Browse.... Кликаш на Browse и ја селектираш сликата на твојот компјутер. Под ова поле, во поширокот поле Опис го додавам следниов код:
{{subst:ф_плакат|Името на статијата}}
што во овој конкретен случај би било:
{{subst:ф_плакат|Бродвејска мелодија}}
На дното од страницата кликам на Подигни и готова работа. Ја добивам сликата: Податотека:BroadwayMelodyy1929.jpg.

Најпоследно, останува да го додадам насловот на сликата (BroadwayMelodyy1929.jpg, без Податотека:) кај параметарот image= во инфокутијата на статијата (ете, вака: [1]).

Целата процедура е помалку од една минута, па ако сакаш, вака можеш да ги средиш сликите на сите статии. Поздрав, Brainmachine (разговор) 21:31, 2 август 2012 (CEST)[одговори]

Придавка од дожд[уреди извор]

Интересно, но немам сретнато придавка „дожден“. Знам за „дождовен“, како на пр. дождовна глиста. Мислам дека теоретски „дожден“ е допустливо, но дождовен е неспоредливо почесто. Кажи што мислиш Б. Јанкулоски (разговор) 05:24, 3 август 2012 (CEST)[одговори]

Слики[уреди извор]

Во текот на 2010 година на OTRS тикетинг системот создаден беше ред (queue) за Викимедија Македонија со адреса wm-mk@wikimedia.org

Тоа значи дека било кој може да испрати свое барање на поштенската адреса wm-mk@wikimedia.org (официјална листа за барања кои ги разгледува Викимедија Македонија) во формат како што е опишано на commons:Commons:OTRS/mk. Бидејќи најверојатно вашата порака ќе содржи сензитивни податоци за барателот и имателот (имиња, поштенски адреси, специфични места и сл.) во никој случај податоците не ги објавувајте на вики, IRC канали, или било каде на јавно место. Доколку од оправдани причини потребно е да дадете лични информации, потребно е тоа да го направите во приватен IRC прозорец до лицето за кое сметате дека може да се погрижи за вашето барање. Се разбира вашето барање може да го испратите и до други редови на OTRS системот, тоа е ваш избор.

Понекогаш е поедноставно имателот на правата над сликите, откако ќе му објасните за што се работи, самиот да ги подигне истите на Commons и при подигањето да ги предаде под соодветна лиценца. Доколку тоа може да го издејствувате, тој начин би бил најдобар.

Друг начин е да побарате дозвола од имателот на правата над сликите по е-пошта, конверзацијата да ја деперсонализирате и да ја ископирате на Википедија (за пример види Википедија:ВикиПроект МПЦ#Авторски права#Повардарска епархија на МПЦ, оригиналните е-пораки чувајте ги кај вас во случај некогаш да ви затреба да докажете дека навистина сте добиле дозвола од вистинскиот имател на правата над сликите (или друг материјал), во спортивно вие сте одговорни за прекршување на copyright правата.

Поздрав, --brest (разговор) 10:02, 12 август 2012 (CEST)[одговори]

ВикиПроект: Филм[уреди извор]

Со задоволство ве известуваме дека ВикиПроектот:Филм е реактивиран и поради покажан интерес ве покануваме да се придружите. Оставете го вашиот коментар на почетната дискусија на страницата за разговор и запознајте се со сите новости читајќи ја новата проектна страница. Огромен поздрав и очекуваме ваше учество. --Макс(разговор) 17:45, 12 август 2012 (CEST)[одговори]

Избор на јубилејна статија[уреди извор]

Здраво. Само потсетување дека е во тек гласањето за избор за јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:03, 29 август 2012 (CEST)[одговори]

Наградени сте![уреди извор]

Original Barnstar Hires.png Општа награда
Браво за активноста... and keep it up! ;) Brainmachine (разговор) 15:48, 30 август 2012 (CEST)[одговори]

Њујорк (сојузна држава)[уреди извор]

Cscr-featured.svg Статијата Њујорк (сојузна држава), којашто Вие ја проширивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикувам да напишете некоја друга статија, а доколку знаете веќе некоја постоечка која ги задоволува критериумите, слободно предложете ја.

Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 13:52, 6 септември 2012 (CEST)[одговори]