Пирошка Арпад
| Ирена Унгарска | |
|---|---|
| Византиска царица | |
| Мандат | 1104 – 15 август 1118 (заедно со Ана Комнина) |
| На престол | 15 август 1118 – 13 август 1134 |
| Роден(а) | 1088 Esztergom |
| Починал(а) | 13 август 1134 (aged 46) |
| Сопружник | Јован II Комнин |
| Деца | Алексиј Комнин Марија Комнина |
| Династија | Арпади |
| Татко | Ласло I |
| Мајка | Аделаида Швабска |
Пирошка, позната и како 'Ирина' (1088 - 13 август 1134), била унгарска принцеза од родот на Арпадите и византиска царица, сопруга на царот Јован II Комнин.
Пирошка е родена во 1088 година во унгарскиот град Естергом. Таа била ќерка на унгарскиот крал Ласло I и Аделаида Швабска, а по мајчина линија била внука на германскиот антикрал Рудолф Рајнфилд и Аделхајд Савојска. Мајката на Пирошка починала во 1090 година, а кралот Ласло I на 2 јули 1095, по што унгарската круна била наследена од внукот на Пирошка, кралот Калман.
Обидувајќи се да ги подобри односите со византискиот цар Алексиј I Комнин, Калман започнал преговори за склучување на брак меѓу Пирошка и Јован II Комнин, најстариот син на царот Алексиј I Комнин, кој веќе бил и негов соцар . Преговорите меѓу Византија и Унгарија завршиле успешно и во 1104 година Пирошка пристигнала во Цариград, каде го прифатила православието и името Ирина, по кое била венчана за Јован II Комнин.
Пирошка на Јован II му родила осум деца:
- Алексиј Комнин (февруари 1106; † летото 1142), соцар од 1122 до 1142
- Марија Комнина (февруари 1106; † 1143/55; близначка на Алексиј), се омажила за Јован Рогериј Даласин, во 1143 претендент за престолот, во 1152 дук на Струмица
- Андроник Комнин († 1142)
- Ана Комнина (* 1100), се омажила за Јован Контостефан († 1139)
- Исак (* 1115; † 1154/74), "Севастократор"
- Теодора Комнина (* 1116; † како вдовица и калуѓерка 12 мај 1157), се омажила за Мануел Анемас († 1146/47)
- Евдокија Комнина (* 1119), се омажила за Теодор Ватациј, генерал и дук на Киликија
- Мануил I Комнин (15 август 1118; † 24 септември 1180), византиски цар (1143 - 1180)
Пирошка ималамала улога во политичкиот живот на Византија. Царицата целосно била посветена на своите деца. Умира на 13 август 1134 година.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Пирошка Арпад“ на Ризницата ? |
Пирошка Арпад Роден(а): 1088 Починал(а): 1134 | ||
| Претходник Ирина Дукина |
Византиски царици 1118–1134 |
Наследник Берта Зулцбашка |
| Царица-мајка 1122 – 13 август 1133 |
Наследник МАрија Антиохиска | |