Исак Комнин (син на Јован II Комнин)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Исак Комнин
Роден(а)1113
Цариград
Починал(а)по 1154
Благородно семејствоКомнини
Сопружник(ци)Теодора
Ирена
ТаткоЈован II Комнин
МајкаПирошка Арпад

Исак Комнин (грчки: Ισαάκιος Κομνηνός) бил син на византискиот император Јован II Комнин и поголем брат на император Мануил I Комнин.

Исак Комнин бил роден во околу 1113 година во Цариград. Тој бил трет син на императорот Јован II Комнин и царицата Ирина Унгарска, ќерка на унгарскиот крал Ласло I.

На крајот на 1142 година најстариот син на Јован II Комнин и негов соимператор Алексиј Комнин починал во градот Аталај (денешна Анталија). Јован II го испратил својот втор син, Андроник Комнин, да го придружува телото на Алексиј до Цариград, но по патот Андроник се разболел и починал. Така Исак се јавил во позиција на престолонаследник на својот татко. Јован II го испратил Исак да го зема телото на Алексиј од Антиохија. Додека Исак отсуствувал од главниот град, малку пред да умре Јован II Комнин го прогласил четвртиот син, Мануел за свој наследник на престолот, лишувајќи го на тој начин Исак од заслужената позиција на наследник на престолот.

Плашејќи се од реакцијата на неговиот брат, Мануил I Комнин решил да воспостави целосна контрола над Цариград пред да му соопшти на Исак за смртта на нивниот татко. Исак бил принуден да се одрече официјално од престолот, иако поголемиот дел од свештенството, народот и армијата сметале дека токму тој ја заслужува повеќе круната. Односите меѓу двајцата браќа по овој пресврт не биле најдобри, но двајцата никогаш не влегле во отворен конфликт еден против друг. Мануил I Комнин дури му ја подарил на својот брат титулата севастократор и во текот на 1145-1146 го ставил на чело на армијата во походот против Селџуците Турци. Освен тоа Мануил вешто ги искористил ќерките на својот брат, за да ги регулира надворешните односи на земјата, мажени многу од нив за странски владетели.

Исак Комнин имал два брака. Првиот од нив бил со Теодора, која му родила на Исак пет деца:

Втората сопруга на Исак Комнин била Ирина Синадина, од која тој имал две ќерки:

Литература[уреди | уреди извор]

  • K. Varzos, Ē genealogia tōn Komnēnōn (Thessalonica, 1984) vol. 1 pp. 391–398.
  • P. Magdalino, The Empire of Manuel I Komnenos 1143–1180, Cambridge University Press, 1993.